Свето Писмо на македонски јазик

 
 
 
„Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.“ (Откровение 1,3)
 
 
 
 

Прва книга Паралипоменон

1. Список на прародителите од Адама до Исака. Исавовите синови и Едомските цареви.

1. Адам, Сит, Енос,
2. Каинан, Малелеил, Јаред,
3. Енох, Матусал, Ламех,
4. Ное, Сим, Хам и Јафет.
5. Синови Јафетови: Гамер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Товел, Мосох и Тирас.
6. Синови Гомерови: Асханаз, Рифат и Тогарма.
7. Синови Јаванови: Елиса, Тарсис, Хетим и Доданаим.
8. Синови Хамови: Хус, Месраим, Фут и Ханан.
9. Синови Хусови: Сава, Евила, Савата, Регма и Севетаха. Синови Регманови: Сева и Дадан.
10. Хус го роди и Неврода: тој почна да станува силен на земјата.
11. Месраим ги роди: Лодима, Анамима, Лавима, Фатероима и Нефтосеима,
12. Патросонима, Хаслоима, од кого произлегоа Филистејците, и Кафторимите.
13. Ханан го роди Сидона, својот првенец, и Хетеа,
14. Јевусеја, Амореја, Гаргесеја,
15. Евеја, Арукеја, Асенија,
16. Арадија, Самареја и Аматија.
17. Синови Симови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам. Синови Арамови: Уз, Ул, Гетер и Масох.
18. Арфаксад го роди Каинана, и Каинан го роди Сала, Сала, пак, го роди Евера.
19. На Евера му се родија двајца синови: едниот се викаше Фалек, зашто во неговите дни се раздели земјата; брат му се викаше Јектан.
20. Јектан го роди Едмодада, Салефа, Асермота, Јадера,
21. Адорама, Узала, Декла,
22. Гамала, Авимеила, Сава,
23. Уфира, Евилата и Јоава. Сите тие беа Јектанови синови.
24. А синови Симови се: Арфаксад, Каинан, Сала,
25. Евер, Фалек, Рагав,
26. Серух, Нахор, Тара,
27. Аврам, тој е и Авраам.
28. Синови Авраамови: Исак и Исмаил.
29. Еве го нивниот одослов: Навајот, првенец Исмаилов, по него Кидар, Навдеил, Мавсан,
30. Маома, Идума, Масиј, Ходад, Теман,
31. Јетур, Нафдес, и Кедма. Тоа се Исмаиловите синови.
32. Синовите на Хетура, Авраамова наложница: таа го роди Зомврана, Језана, Мадала, Мадијама, Јесвока и Суеја. Синови Језанови: Сава и Дедан. Синови Деданови: Рагуил, Навдеил, Асурим, Латусим и Асомин.
33. Синови Мадијамови: Гефар, Офер, Енох, Авида и Елдад. Сите тие се Хетурини синови.
34. И го роди Авраам Исака. Синови Исакови: Исав и Израил.
35. Синови Исавови: Елифаз, Рагуил, Јевул, Јеглом и Кореј.
36. Синови Елифазови: Теман, Омар, Софор, Готам, Кенез, а Тамна, Елифазова наложница, му го роди Амалика.
37. Синови Рагуилови: Махет, Заре, Соме и Мозе.
38. Синови Сирови: Лотан, Совал, Севегон, Ана, Дисон, Асер и Дисан.
39. Синови Лотанови: Хори и Еман, а сестрата Лотанова: Тамна.
40. Синови Совалови: Адуар, Манат, Увал, Сапфи и Онам. Синови Севегонови: Аија и Онам.
41. Деца Ананови: Дисон и Еливама, Анонова ќерка. Синови Дисонови: Амада, Есеван, Етран и Харан.
42. Синови Асорови: Валам, Занан и Илакан. Синови Дисонови: Ос и Аран.
43. Еве ги и царевите, што царуваа во земјата Едомова, пред да се зацари цар над синовите Израилеви: Валак, син Веоров, а градот негов се викаше Денава.
44. Умре Валак, а по него стана цар Јовав, синот Зарин од Восора.
45. Умре Јовав, а по него царуваше Асом, од земјата на Теманците.
46. Умре Асом, и по него цар стана Адад, син Варадов, кој ги порази Мадијамците во Моавското поле. Неговиот град се викаше Гетем.
47. Умре Адад, а по него цар стана Самла, од Масекас.
48. Умре Самла, и по него цар стана Саул, од Роовот, што е при реката.
49. Умре Саул, а по него цар стана Валаенон, син Аховоров.
50. Умре Валаенон, и по него цар стана Адад, син Варадов; градот му се викаше Фагор; името на жена му беше Метевеил, ќерка на Матраида.
51. Потоа умре и Адад. Кнезови едомски беа: кнезот Теман, кнезот Алуа, кнезот Јетаф,
52. кнезот Еливама, кнезот Ила, кнезот Финон,
53. кнезот Кенез, кнезот Теман, кнезот Вамаил,
54. кнезот Гамаесил, кнезот Арераман. Тоа беа кнезовите идумејски.

2. Синовите на Јакова и на Јуда.

1. Еве ги синовите на Израилот: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Завулон,
2. Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир.
3. Синови Јудини: Ир, Авнан и Силом, – тројцата му се родија од ќерката Сава, Хананејка. Ир, првенецот Јудин, беше лукав пред очите на Господа, и Он го уби.
4. Тамара, негова снаа, му го роди Фареса и Зара. Сите синови на Јуда беа пет.
5. Синовите Фаресови се: Есром и Јемуил.
6. Синовите Зарови: Замври, Итам, Емуан, Калхад и Даралеј – сè на сè пет.
7. Синови на Харми: Ахар, кој навлече беда врз Израилот, нарушувајќи ја заклетвата.
8. Син Итамов: Азарија.
9. Синови Есромови, што му се родија: Јерамеил, Арам и Халови.
10. Арам, пак, го роди Аминадава: Аминадав го роди Наасона, кнез на Јудините синови;
11. Наасон го роди Салмона, Салмон го роди Вооза;
12. Вооз го роди Овида, Овид го роди Јесеја;
13. Јесеј го роди својот прв син Елијава, вториот Аминадава, третиот Самеа,
14. четвртиот – Натанаила, петтиот – Реила,
15. шетстиот Асак, седмиот – Давида.
16. Нивни сестри беа: Саруија и Авигеја. Синови Саруили: Авеса, Јоав и Асаил, – тројца.
17. Авигеја го роди Амеса; а татко на Амеса беше Јотор, Исмаилец.
18. Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јасар, Сував и Ардон.
19. Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ора.
20. Ор го роди Урија, а Уриј го роди Веселеила.
21. Потоа Есром влезе при ќерката на Махира, Галадов татко, а ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегува.
22. Сегув го роди Јаира; тој имаше дваесет и три града во Галадската земја,
23. бидејќи од Гесурците и Сиријците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, – шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махира, Галадовиот татко.
24. Откако умре Есром во Халев-Ефрат, Есромовата жена Авија му го роди Асдома, татко на Текоја.
25. Синови на Јерамеила, Есромов првенец, беа: првенецот Рам, по него Вуна, Оцем и Ахија.
26. Јарамеил имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Унама.
27. Синови на Рама, првенец Јерамеилов, беа: Маас, Јамин и Акер.
28. Синови Унамови беа: Сама и Садај. Синови Самаеви: Надав и Ависур.
29. Жената Ависурова се викаше Авигеја, таа му ги роди Аузва и Молодија.
30. Синови Надавови: Салад и Апфаин. Салад умре бездетен.
31. Апфаиновиот син беше Јесеј, Јесеевиот син – Сосан, Сосановиот син – Дадај.
32. Синови Јадови, Шамаев брат: Ахисама, Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен.
33. Синови Јонатанови: Фалеф и Заза. Тоа се синовите Јерамеилови.
34. Сосан немаше синови, туку само ќерки. Сосан имаше еден слуга, Египтјанец, по име Јераа.
35. Сосан му ја даде ќерката своја за жена на својот слуга Јараа, а таа му го роди Етаја.
36. Етај го роди Натана, Натан го роди Заведа;
37. Завед го роди Офлада, Офлад го роди Јовида;
38. Јовид го роди Иуја, Иуј го роди Азарија;
39. Азарија го роди Хелиса, а Хелис го роди Елеаса;
40. Елеаса го роди Сосомаја, Сосомај го роди Салума;
41. Салум го роди Јекомија, Јекомија го роди Елисама.
42. Синови на Халева, брат Јерамеилов, беа: Мариса, негов првенец, кој е татко на Зифа, а синовите на Мариса, Хевронов татко.
43. Синови Хевронови: Кореј и Тафуј, Реком и Шема.
44. Шема го роди Раема, Јерконов татко, а Рекем го роди Самаја.
45. Самаевиот син беше Маон, а Маон беше татко Ветсуров.
46. А Ефа, наложницата Халевова, го роди Арана, Моса и Газера.
47. Синови Адаеви: Регма, Јоатам, Гирсом, Фалет, Гефа и Сегав.
48. Моха, наложницата Халевова, го роди Севера и Тархана;
49. таа го роди и Сагафа, таткото на Мадмина и Саула, таткото на Мадева и татко на Аговдвеја. А ќерка Халеова беше Асха.
50. Еве ги синовите Халевови: син Ор, првенец од Ефрата; Совал, татко на Киријат-Јарима;
51. Соломон, Ветлеамов татко; Арим, Ветгедоров татко.
52. Совал, Киријат-Јаримовиот татко, имаше синови: Ара, Есиј, Аманит;
53. Умасвај, Киријат-Јарим, Мифитин, Исаматим, Иса и Мареин. Од нив потекнуваат племињата: Саратеи и Естаго.
54. Синови Салманови: Витлеемците и Нетофатците, Атаровците од Јоавовиот дом, и половината од Манатиевите Исари,
55. племињата на писарите, што живееја во Јавис, Тарга, Тим, Саматим и Сахатим, тоа се Кенејците што дојдоа од Емат, од таткото на Рихавовиот дом.

3. Синовите Давидови и јудејските цареви.

1. Синовите на Давида, што му се родија во Хеврон, беа: првенецот Амнон, од Ахиноама, Израилка; вториот – Далуија, од Авигеја, Кармилка;
2. третиот – Авесалом, син од Маха, ќерка на гесурскиот цар Толомија; четвртиот – Адониј, син на Агита;
3. петтиот – Сафатија, од Авитала; шестиот – Јетрам, од жена му Аглаја, –
4. шестина што му се родија в Хеврон; тој царуваше таму седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.
5. Овие, пак, му се родија во Ерусалим: Сима, Совав, Натан и Соломон – четворица од Вирсавија, ќерката Амиилова;
6. Евар, Елисама, Елифалет.
7. Нагис, Нефек, Јафиј,
8. Елисам, Елијадак и Елифелет – деветмина.
9. Тоа се сите синови Давидови, освен синовите од наложниците. Сестра им беше Тамара.
10. Соломонов син беше Ровоам, негов син – Авија, негов син – Аса, негов син Јосафат,
11. негов син Јорам, негов син Охозија, негов син – Јоас,
12. негов син Амасија, негов син – Азарија, негов син – Јотам,
13. негов син Ахаз, негов син – Езекија, негов син Манасија,
14. негов син – Амон, негов син – Јосија.
15. Синови Јосиеви: првенецот Јоахаз, вториот – Јоаким, третиот – Седекија, четвртиот – Селум.
16. Синови Јоакимови: Јехонија, син негов; Седекија, негов син.
17. Синови Јахониеви: Асир, Салатиил, негов син;
18. Мелхирам, Фадија, Анесар, Језекија, Осамон и Савдадија.
19. Синови Салатаилови: Зоровавел и Семеј. А синови на Зоровавела: Мосолам, и Ананија, и сестрата нивна Салимина
20. и уште петмина: Асувеј, Оел, Варахија, Асадија и Асавед.
21. Синови Ананиеви: Фалтијас и Јесија; негов син Рафал, негов син Орна, негов син Авдија, негов син Сахенија.
22. Син Сехениев: Самеа, синови Саминеви: Хатус, Јоил, Верија, Ноадија и Саф – шестмина.
23. Синови Ноадиеви: Елионеј, Езекија и Езрикам – тројца.
24. Синови Елионееви: Уадија, Елиасевон, Фадаија. Акаум, Јонан, Далеја и Анан – седмина.

4. Потомци Јудини и Симеонови.

1. Синови Јудини: Фарес, Есром, Хармиј, Ор и Совал.
2. Рада, Совалов син, го роди Јета; Јет го роди Ахимеја и Лада; од нив се родовите на Аратинците.
3. А тие се синови Етанови: Језраил, Јесман, Јевдан, и сестрата нивна, по име Есијадесфон.
4. Фануил, татко на Гедора, и Езер, татко на Осана. Тоа се синовите на Ора, првенец Ефратов, татко Витлеамов.
5. Асор, таткото на Текоа, имаше две жени: Хала и Мара.
6. Мара му ги роди Ахаза и Адера, Темана и Астира, тоа се синовите од Мара.
7. Синови од Хала: Серет, Саар и Естанам.
8. Кос го роди: Енова и Совива и родовите на Рихава, Јаримов син.
9. Јавис беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јавис, велејќи: го родив со болки.
10. И повика Јавис кон Бога Израилев, велејќи: „О, да ме благословеше со Твоето благословие, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!” И Бог му го даде она за што молеше.
11. А Хелув, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ешона.
12. Асатон го роди Сатрафа, Сефија и Тана, татко на градот Нас, брат на Селома Кенезеецот и на Ахава; тоа се жителите на Рихавави.
13. Синови Кенезеови: Готонил и Сараја, син Готонилов: Атат.
14. Манатај го роди Гофора, а Сараија го роди Јорама, таткото на оние што живееја во долината на дрводелците, зашто беа дрводелци.
15. Синови на Халева, Јефонин син: Ир, Ила и Нам. Син на Ила: Кенез.
16. Синови на Амелима: Зиф, Зефа, Тирија и Есерил.
17. Синови Езрови: Јетер, Морад, Авфер и Јамон; Јетер, пак, го роди Марона, Семеја и Јесевоја, таткото на Гедар, таткото на Естамона.
18. А жена му Адија го роди Јареда, Гедоров татко, и Авера, татко на Сохо, и Ехтила, татко на Занона. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Ветија, што ја беше зел Морил.
19. Синови на жена му Одија, сестра Новамова, татко Келиов: Гармиј и Есдемон од Махата.
20. Синови Симеонови: Амнон, Рамнон, син Ананов и Тимнонов. Синови Ишиеви: Зохев и Бензохет.
21. Синови на Силома, син Јудин: Ир, татко на Леха и Лаеда, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Ашбеевиот дом,
22. и Јоким, и жителите на Хозева, и Јоаш, и Сараф, коишто имаа владение во Моав, и Јашувилехем; но тоа се дамнешни работи.
23. Тие беа грнчари, живеејќи и во градините и овшните градини; живееја таму при царот, за да му работат.
24. Синови Симеонови: Немуил, Ламин, Јарив, Зерах и Саул.
25. Негов син Шалум; негов син Мивсам; негов син Мишма.
26. Синовите на Мишма: Хамуил, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Семеј.
27. Семеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини.
28. Тие живееја во Вирсавија, во Савата, во Монада и во Есерсуал,
29. во Валај, во Асем, во Толад,
30. во Ватуил, во Ерма, во Сикел,
31. во Вертшаринот, во Имисусес и домот Варусеорим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давида,
32. со селата нивни: Етам, Аин, Рамнон, Токан и Есар, – пет градови,
33. и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и
родословија.
34. А Месовав, Јамлех и Јосија, син на Амасија,
35. Јоил и Јеху, син на Јошива, син на Сераија, син Асиилов,
36. Елиоенај, Јакова, Ишохаија, Асаија, Адиил, Ишимиил и Ванеја,
37. и Зиза, син на Сафеја, син на Алона, син на Једаија, син на Шимрија, син Шемаиев, –
38. сите овие споменати беа кнезови над своите родови, и домот на татковците нивни се расклони многу.
39. Тие одеа до Герара и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои;
40. и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано во нив живееја малкумина од Хамовците.
41. Па дојдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни.
42. А од нив, од Симеоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сир; кнезови им беа: Фалтија, Ноадија, Рафаија и Озиил, синови Јесови,
43. и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.

5. Потомците Рувимови, Гадови и Манасиеви.

1. Синови на Рувима, првороден Израилев, – тој беше првороден; но откако ја оскверни постелата на татка си, првенството им беше дадено на синовите на Јосифа, син Израилев, но под услов да не се пишат провородени.
2. Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосифа, –
3. синови на Рувима, провородениот Израилев, беа: Енох, Фалус, Асром и Хармиј.
4. Синови Јоилеви: Семеј и Ванеа, негов син; неговиот син Гог, неговиот син Семеј,
5. негов син Миха, негов син Риха, негов син Ваал,
6. негов син Веира, кого што асирскиот цар Теглафаласар го одведе во плен. Тој беше кнез на Рувимците.
7. А браќата негови, според родовите нивни, според нивниот родословен список, беа: Јоил – главен, потоа Захарија
8. и Валек, син Азузов, син на Сама, син Јоилов; тој живееше во Ароир, до Наван и до Веел-Маон;
9. потоа живееше тој кон исток до влезот во пустињата, кој се протега до реката Ефрат, зашто беа многубројни во земјата Галадска.
10. Во дните на Саула, тие водеа војна со Агарјаните, а тие се настанија во шаторите нивни по целата источна страна на Галад.
11. Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Васанска, до Селха:
12. во Васан прв беше Јоил, втор – Сафам, потоа Јанин, книжник васански.
13. Браќата нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мосолам, Севеј, Јорај, Јохан, Јовија и Овид, седум.
14. Еве ги синовите на Авихајла, син Рувинов, и Ади, син Галадов, син на Михаила, син Јесеинов, син Једаинов, син Вузов.
15. Ахи, син на Авдиила, син Гуниев, беше старешина во домот на својот род.
16. Тие живееја во Галад, во Васан и по селата негови и во сите околности на Сарон, дури до крајните граници нивни.
17. Тие сите беа преброени во дните на јудејскиот цар Јоатам и во дните на израилскиот цар Јеровоам.
18. Меѓу потомците на Рувима и Гада и полуплемето Манасиево имаше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и свикнати на борба, – четириесет и четири илјади и седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.
19. Тие војуваа со Агарјаните, со Итурејците, Нафисејците, Надавјеците.
20. И помош им беше дадена против нив, и Агарјаните беа предадени во рацете нивни со сè, што имаа, зашто во времето на борбите тие го повикуваа Господа, и Он ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.
21. И ги зедоа стадата нивни: педесет илјади камили, ситен добиток двесте и педесет илјади, осли две илјади и сто илјади луѓе.
22. зашто ранети паднаа многу, бидејќи борбата беше од Бога. И живееја на нивното место до преселувањето.
23. Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Васан до Ваал-Ермон и Санир и до гората Ермон; и тие беа многу.
24. Еве ги нивните старешини: Гофер, Јеси, Елиил, Јеремија, Јодија и Једиил, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои.
25. Но кога згрешија против Бога на татковците свои и почнаа да одат блудно по боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,
26. тогаш Бог Израилев го возбуди духот на асирскиот цар Фула и духот на асирскиот цар
Теглатфаласара, и тие г преселија Рувимците и Гадовците и полуплемето Манасиево и ги одведоа во Алаи, Јовор и Аран и на реката Гозан, – каде што се и до ден денешен.

6. Имињата и градовите на синовите Левиеви и Аронови.

1. Синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари.
2. Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил.
3. Деца Амрамови: Арон, Мојсеј и Маријам. Синови Аронови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.
4. Елеазар го роди Финеса, Финес го роди Авиуда;
5. Аиуд го роди Вокија, Вокиј го роди Озија;
6. Озија го роди Сареја, Сареј го роди Мариота;
7. Мариот го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова;
8. Ахитов го роди Садока, Садок го роди Ахимаса;
9. Ахимас го роди Азарија, Азарија го роди Јоанана;
10. Јоанан го роди Азарија, – тоа е оној, што беше свештеник во изградениот храм од Соломна во Ерусалим.
11. Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова;
12. Ахитов го роди Садока, Садок го роди Селума;
13. Селум го роди Хелкија, Хелкија го роди Азарија;
14. Азарија го роди Сареја, Сареј го роди Јоседека;
15. Јоседек отиде во плен, кога Господ ги пресели Јудејците и ерусалимците преку раката
Навуходоносорова.
16. И така, синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари.
17. Еве ги имињата на Герсоновите синови: Ловениј и Семеј.
18. Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил.
19. Синови Мерариеви: Моли и Муси. Тоа се потомците Левиеви според родовите нивни.
20. Герсон имаше: Лавениј, негов син; Јет, син негов; Семна, негов син;
21. Јол, негов син; Адо, негов син; Зара, негов син; Јетри, негов син.
22. Синови Катови: Исар, син негов; Аминадав, негов син; Кореј, негов син, Асир, негов син;
23. Елкана, негов син; Ависаф, негов син; Асир, негов син;
24. Кат, негов син; Урил, негов син; Озија негов син; Саул, негов син.
25. Синови на Елкана: Амаси и Амиот.
26. Елкана, негов син; Суфиј, негов син; Нат, негов син;
27. Елијаб, негов син; Јеремеил, негов син; Елкана, негов син; Самуил, негов син.
28. Синови Самуилови: провородениот Јоил, втор Авија.
29. Синови Мерариеви: Моли; Ловениј, негов син; Семеј, негов син; Озија, негов син;
30. Сама, негов син; Ананија, негов син; Асаија, негов син.
31. Ете, нив ги постави Давид да пеат над пеачите во Господовиот дом, откако го внесе во
него ковчегот.
32. Тие служеа како пеачи пред скинијата на сведоштвото, додека Соломон го изгради домот Господов во Ерусалим. Тие настапуваа во службата своја според редот свој.
33. Еве ги оние што настапуваа со синовите свои: од синовите Катови – Еман, пеач, син на Јоила, син на Самуила,
34. син на Елкана, син на Јеремеила, син на Елијава, син Нафов
35. син на Суфа, син на Елкана, син на Амиота, син на Амаса,
36. Син на Елкана, син на Јоила, син на Аварија, син на Сафанија,
37. син на Мата, син на Асера, син на Авијасара, син на Кореја,
38. син на Аминадава, син на Кита, син на Исара, син Левиин, син Израилев.
39. И брат му Асаф, кој стоеше од десната страна негова, – Асаф, син на Варахија, син на Сама,
40. син на Михаила, син Масилов, син на Мелиев,
41. син Атаниев, син Зараев, син Адаев,
42. син Итамов, син Земин, син Семеев,
43. син Јетов, син Герсонов, син Левиев.
44. А од синовите на Мерари, нивните браќа, – на левата страна: Етам, син Хусиев, син
Авдиев, син Малохов,
45. син Савиев, син Амасиев, син Хелкиев,
46. син Амсиев, синот Ваниев, синот Самиров,
47. синот Молиев, синот Мусиев, синот Мерариев, син Левиев.
48. Браќата нивни, левитите, беа определени за секаква служба при Божјиот дом;
49. Арон, пак, и синовите негови ги изгоруваа приносите врз жртвеникот за жртва и врз кадилниот жртвеник извршуваа секое свештенодејствие во Свјатаја Свјатих и за исчистување на Израилот во сè, како што беше заповедал Божјиот слуга Мојсеј.
50. Еве ги синовите Аронови: Елеазар, син негов; Финес, син негов; Авиуд, син негов;
51. Вокхи, негов син; Озиј, негов син, Сареј, негов син;
52. Мариот, негов син; Амариј, негов син; Ахиров, негов син;
53. Садок, негов син; Ахимас, негов син.
54. Еве ги нивните живеалишта според селата нивни во нивните предели: на синовите Аронови од родот Катов, според она што им се падна со жреб;
55. го дадоа Хеврон, во земјата Јудина, и околината негова;
56. а нивите на тој град и селата негови му ги дадоа на Халева, синот Јефониев.
57. На Ароновите синови им ги дадоа и прибежишните градови: Хеврон и Ловна со околиите нивни, Јатир и Естемој со околината негова,
58. Илон и околината негова, Давир и околината негова,
59. Асан со околината негова и Ветсамис со околината негова; и Ветсур со околината негова,
60. а од племето Венијаминово – Гаваон и околината негова, Еламот со околината негова, и Еламвеј со околината негова и Анатот со околината негова; сите нивни градови во родовите нивни беа тринаесет града.
61. На другите синови Катови од челадта на тоа племе им дадоа со жреб десет града од делот на полуплемето Манасиево.
62. На синовите Гирсонови, според родовите нивни, од племето Исахарово, од племето Асирово, од племето Нефталимово и од племето Манасиево во Васан им дадоа тринаесет градови.
63. На синовите Мерариеви, според родовите нивни, од племето Рувимово, од племето Гадово, и од племето Завулоново им дадоа со жреб дванаесет градови.
64. Така синовите Израилеви им ги раздадоа на левитите градовите со околините нивни.
65. Ги дадоа со жреб од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови оние градови, кои тие ги искажаа поименично.
66. А на некои родови од Катовите синови им беа дадени градовите од Ефремовото племе.
67. И им ги дадоа прибежишните градови: Сихем и околината негова на гората Ефремова, Газер и околината негова,
68. Екман и околината негова, Веторон и околината негова,
69. Елон со околината негова и Гатремон и околината негова;
70. од полуплемето Манасиево – Анеир со околината негова и Јевлам со околината негова, тоа за семејствата на другите синови Катови.
71. На синовите Гирсонови од полуплемето Манасиево им го дадоа Голан во Васан со околината негова и Асирот со околината негова;
72. по племето Исахарово – Кедес и околината негова, Надар и околината негова,
73. Рамот со околината негова и Енан со околината негова;
74. од племето Асирово – Масал и околината негова Равот и околината негова,
75. Хукок со околината негова и Реов со околината негова;
76. од племето Нефталимово – Кадис во Галилеја и околината негова, Хамон со околината негова и Каријатаим со околината негова.
77. А на другите синови Мерариеви – од племето Завулоново, Ремон со околината негова и Тавор со околината негова.
78. Од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, на исток од Јордан, од племето Рувимово го
дадоа Восор во пустињата и околината негова, Јаса и околината негова.
79. Кадимот со околината негова и Моапсат со околината негова.
80. од племето Гадово – Рамот во Галад и околината негова, Маханаим и околината негова,
81. Есевон со околината негова и Јазир со околината негова.

7. Потомците на другите синови Јаковови.

1. Синови Исахарови беа: Тола, Фуа, Јасув и Сомврам, четворица.
2. Синови Толови: Озиј, Рафеј, Јерил, Амин, Јавтам и Самуил, старешини на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во своите родови; нивниот број во Давидовите дни беше дваесет и две илјади и шестотини.
3. Озиев син: Језриј; а Језриеви синови: Михаил, Абдиј, Јоил и Јесиј – петмина. Сите тие беа старешини.
4. Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади готова војска за борба, зашто имаа многу жени и синови.
5. А браќата нивни во сите поколенија Исахарови беа до осумдесет и седум илјади, мажи борбени, запишани во родословните списоци.
6. Венијамин имаше синови: Валај, Ховор и Једиил – тројца.
7. Синови на Валај: Есевон, Озиј, Озиил, Јеримут и Уриј – петмина, старешини, мажи воинствени. Во родословните списоци запишани дваесет и две илјади и триесет и четири.
8. Синови Вохорови: Замир, Јоав, Елиезер, Елијан, Амриј, Јеремот, Авиј, Анатот и Елметем; сите тие се синови Вохорови.
9. Во родословните списоци од нив се запишани, по родовите и по старешинство, мажи борбени – дваесет илјади и двесте.
10. Једиилев син: Валаам; синови Валаамови: Јеос, Венијамин, Лот, Аханан, Зитан, Тарис, Асаир.
11. Сите тие синови Једиилеви беа старешини на домови, мажи воинствени; кои одеа во војна, беа седумнаесет илјади и двесте.
12. Сафан и Ифан беа синови Јеримутови; Есуд беше син Ахиров;
13. а синовите Нафталимови: Јасиил, Гуниј, Јесер и Селам беа деца од Вала.
14. Синови Манасиеви: Језриил, кого го роди наложницата негова, Арамејка; таа го роди уште Махира, Галадов татко.
15. Махир ја зеде за жена сестрата на Орфира и Сафина, – сестрата нивна се викаше Маха; вториот син на Манасија се викаше Салпад. Салпад имаше само ќерки.
16. Маха, жената Махирова, роди син и го нарече Фарес, а брат му се викаше Сорор. Негови синови: Улам и Ракам.
17. Уламов син: Бедан. Тоа беа синови на Галада, син на Махира, син Манасиев.
18. Сестра му Малехет го роди Јесуда, Авиезера и Мала.
19. Семирови синови беа: Аим, Сихем, Лахин и Енијам.
20. Ефремови синови: Тусалам; и Веред, негов син, Тахат, негов син, Елеад, негов син, Тахат, негов син,
21. Завад, негов син, Сотела, негов син, Езер и Езлад. Нив ги убија жителите гетски, родени во таа земја, затоа што беа отишле да ги заграбат стадата нивни.
22. И татко им Ефрем плачеше по нив многу денови, а браќата негови доаѓаа да го утешуваат.
23. Потоа тој влезе при жена си; таа зачна и роди син, и тој го нарече со името Варија, затоа што зло го снајде домот негов.
24. Тој имаше и ќерка Сара. Таа го изгради Долни и Горни Веторон и Садра.
25. Негов син беше Рафај; негови синови Расеф и Талај; Таан, негов син,
26. Ладан, негов син, Амиуд, негов син, Елисама, негов син,
27. Нун, негов син, и Јосиј, негов син.
28. Имотот нивни и живеалиштата нивни беа: Ветил и селата негови: кон исток Наран, кон запат Газер и селата нивни; Сихем и нему потчинетите градови дури до Газа со селата нејзини,
29. и други до пределите на синовите Манасиеви: Ветсан и селата негови, Танах со селата негови, Магедон со селата потчинети, Дор и потчинетите села. Во нив живееја синовите на Јосифа. Израилев син.
30. Синови Асирови: Јамна, Јесва, Јесвај, Варија и сестра им Сареа.
31. Синови Вариеви: Ховер и Мелхил. Тој е татко Заветов.
32. Ховер го роди Јафлета, Сомира, Хотана и сестра им Сула.
33. Синови Јафлетови: Фасех, Амамат и Асот. Тоа беа синови Јафлетови.
34. Синови Сомирови: Ахи, Рога, Јехува и Арам.
35. Синови на Хелема, негов брат: Софа, Јамна, Елим и Алам.
36. Синови Софови: Суе, Аријафер, Суан, Ворин и Имрам,
37. Восор, Ход, Сама, Селимван, Итран и Веера.
38. Синови Јетерови: Јетон, Фасфа и Ареј.
39. Синови Оланови: Орех, Аниил и Расија.
40. Сите тие беа синови Асирови, старешини на домовите, избрани мажи, борбени, кнезови, војводи. Запишани беа во нивните родословни списоци, за војна, на број дваесет и шест илјади души.

8. Домовите Венијаминови и Саулови.

1. Венијамин го роди Вала, својот првенец, Азвила – втор, Дисра – трет,
2. Науила – четврти и Рафа – петти.
3. Синови на Вала беа: Адир, Гир, Авиуд,
4. Ависуј, Ноаман, Ахиј,
5. Гира, Сефуфам и Урам.
6. Еве ги синовите Ехудови, кои беа старешини на родовите, што живееја во Гава и беа
преселини во Манахат:
7. Наман, Ахија и Гира, којшто ги пресели; тој го роди Азана и Нуа,
8. Сеорим роди деца на Моавската земја, откако ги напушти жените свои Осима и Вада.
9. Тој ги роди од жените си Коала: Јовава, Самија, Мис, Мелхама,
10. Јоаса, Сехија и Мармија; тоа се негови синови, оценачалници.
11. Од Осима тој ги роди Амитова и Елифада.
12. Синови Елифадови: Евер, Мисроам, Самиил, – којшто го изгради Анон, Лодон и нему потчинетите градови, –
13. Варија и Сама. Тие беа кнезови на Еламските жители. Тие ги изгонија гетските жители.
14. Сосил, Јеримот,
15. Зевадија, Орид, Авад,
16. Мосолам, Јесфа, Језија, беа Вариеви синови.
17. Зевадија, Мосолам, Азаки, Авер,
18. Јасиј, Самрам, и Језелија и Јоав, беа синови Алфадови.
19. Јаким, Хезриј, Завдиј,
20. Елионај, Салтиј и Елиил,
21. Адаија, Вареа и Самарат беа синови Семееви
22. Јесфан, Авер, Елеил,
23. Авдон, Зехриј, Анан,
24. Ананија, Илам, Анататија,
25. Јефадија и Фануил беа синови Сосикови.
26. Самоас, Сареја, Етнија,
27. Јарсија, Илија, и Зехрија беа синов Јеромаимови.
28. Тие беа кнезови, главни во родовите свои. Тие живееја во Ерусалим.
29. Во Гаваон се настанија: Јеила, таткото на Гаваонците – жена му се викаше Маха, –
30. и првородениот му син Авдон, а по него: Сур, Кис, Ваел, Надав, Нир,
31. Гедор, Ајуј, и брат му Саур и Махелод.
32. Махелод го роди Сама. И тие живееја до браќата свои во Ерусалим, заедно со браќата свои.
33. Нир, го роди Киса; Кис го роди Саула; Саул го роди Јонатана, Мелхисуа, Аминадава и Јесвала.
34. Јонатанов син беше Мемфивал; Мемфивал го роди Миха.
35. Синови на Миха: Фитот, Малот, Тарес и Ахаз.
36. Ахаз го роди Јада: Јад го роди Салемета, Асмота и Замврија; Замвриј го роди Меса;
37. Меса го роди Вана; Рафеј беше негов син; Еласа, негов син; Асаил, негов син.
38. Асаил имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Езрикам, Исмаил, Азарија, Авдија, Сараја и Анан; тие сите беа синови Асаилови.
39. Синови на Асека, негов брат: Улам негов првороден, втор – Јесус, трет – Елифас.
40. Синовите Уламови беа мажи воинствени, стрелци со лак, имаа многу синови и внуци; сто и педесет. Сите тие беа од синовите Венијаминови.

9. Жителите на Ерусалим и Гаваон.

1. Така беа пребројани според родовите свои сите Израилци, и, ете, тие се запишани во книгите на израилските цареви. А Јудејците заради беззаконијата свои беа преселени во Вавилон.
2. Првите жители, што живееја во своите владенија, по израилските градови, беа Израилци, свештеници, левити и Нетинејци.
3. Во Ерусалим живееја некои од Јудините синови и од синовите Венијаминови, како и од
синовите Ефремови и Манасиеви:
4. Утиј, син Амиудов, син на Амври, син на Амераима, син Ваниев, – од синовите на Фареса, Јудиниот син;
5. од синовите Силонови – Асаија, првороден, и синовите негови;
6. од синовите на Зара – Јеил и браќата нивни, – шестотини и деведесет;
7. од синовите Венијаминови – Салу, син на Васолама, син на Одуаје, син Сануев;
8. Јевна, син Јероамов, Елав, син на Озија, син Махиров; Мосолам, син на Сафатија, син на Рагуила, син Јеваниев,
9. и браќата нивни според родовите нивни: деветстотини и педесет и шест, – сите тие мажи беа кнезови на родовите во поколенијата свои.
10. А од свештениците: Јодај, Јоарим, Јоаким,
11. Азарија, син на Хелкија, син на Мосолама, син на Садока, син на Марариота, син Ахитов, кој беше началник на Божјиот дом;
12. Адијам, син на Јероама, син на Фастура, син Мелхиаев; Маасиј, син Адиилов, син Езиров, син на Мосолама, син на Маселамота, син Емаров,
13. и браќата нивни, кнезови на родовите свои: илјада и седумстотини и шеесет, – мажи истакнати во службата своја во Божјиот дом.
14. А од левитите: Семеја Асуев син, син на Езраикама, син Савиев, – од синовите Мерариеви;
15. Ваквакар, Арис, Гареа и Матанија, син на Миха, син на Зехрија, син Асафов;
16. Авдија, син Семеев, син на Галила, син на Идитуна, и Варахија, син на Аса, син на
Елкана кој живееше во Нетофатските села.
17. А вратари: Селум, Акум, Телмон, Еман и браќата нивни; Селум беше главен.
18. Тие се и до денес вратари при царската порта кон исток и ја одржуваат стражата на синовите Левиеви.
19. Селум, син Кореов, син на Авијасафа, син на Кореја, и браќата негови од неговиот род, – Кореевци, по службата беа стражари при праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом.
20. Финеес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него.
21. Захарија, син Мосоламов, беше вратар при вратата во скинијата на сведоштвото.
22. Сите тие, избрани за вратари при праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивните села. Нив ги поставија Давид и Самуил јасновидецот заради верноста нивна.
23. Тие и синовите нивни чуваа стража при вратата на домот Господов, при домот на скинијата.
24. Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната.
25. А браќата нивни живееја во своите села и доаѓаа одвреме – навреме при нив за седум дена.
26. Тие четворица први вратари, левитите, беа доверени лица; тие исто така беа поставени при живеалиштата и сокровиштата на Божјиот дом.
27. Тие престојуваа и ноќе околу Божјиот дом, бидејќи ним им беше наложено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите.
28. Некои од нив беа поставени при службените садови, кои ги примаа со број и даваа со број.
29. На други од нив им беа доверени другите садови и сите свештени потреби: најчисто брашно, вино, елеј, темјан и мирисите.
30. А некои од свештеничките синови подготвуваа миро, од разни миризливи материи.
31. А на левиотот Мататија, првороден на Кореецот Селум, му беше доверено она, што се подготвува во тавче.
32. На некои од браќата нивни, од синовите Катови им беше доверено да ги приготвуваа лебовите на предложението, за да ги принесуваат секоја сабота.
33. А певците, главните во левитските поколенија, во собите на храмот беа ослободени од работа, бидејќи беа должни да се занимаваат дење и ноќе со својата служба.
34. Тоа се левитските кнезови, главни во родовите свои. Тие живееја во Ерусалим.
35. Во Гаваон живееја: Јеил, татко на Гаваонците, – жена му се викаше Маха, –
36. и првородениот син негов Авадон; по него: Сур, Кис, Вал, Нир, Надав,
37. Гедор, Ајун, Зехрија и Макелот.
38. Макелот го роди Сама. И тие живееја до браќата свои во Ерусалим, заедно со браќата свои.
39. Нир го роди Киса, Кис го роди Саула, Саул го роди Јонатана, Мелхиса, Аминадава и Јесфала.
40. Јонатанов син беше Мемфивал; Мемфивал го роди Миха.
41. Синови на Миха: Филот, Мехиил, Тара и Хаз.
42. Хас го роди Јада; Јад го роди Алета, Асмота и Замврија, Замвриј го роди Меса.
43. Мес го роди Ванија; Рафеја беше негов син; Еласа, негов син, Асаил, негов син.
44. Асаил имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Езрикам, Исмаил, Азарија, Авдија, Анан и Аса. Тоа се синовите Асаилови.

10. Сауловата пропаст во борбата против Филистејците.

1. Филистејците војуваа против Израилот, и Израилците бегаа од Филистејците и паѓаа поразени на гората Гелвуја.
2. Филистејците го гонеа Саула и синовите негови и ги убија Јонатана, Аминадава и Мелихисуа, синови Саулови.
3. Битката против Саула се засили, и стрелците се нафрлија врз него, така што тој беше изнаранет од стрелците.
4. Саул му рече на својот оружјеносец: „Извади го мечот свој и уби ме со него, за да не дојдат тие необразани и да се подбиваат со мене.” Но оружјеносецот не се осмелуваше, зашто многу се беше уплашил. Тогаш Саул го зеде мечот свој и падна врз него.
5. Оружјеносецот негов, кога виде, дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре.
6. Загина Саул и тројцата синови негови, и целиот дом негов загина заедно со него.
7. Кога Израилците, што беа во долината, видоа, деака сите бегаат и дека Саул и синовите негови се убиени, ги напуштија градовите свои и се разбегаа; а Филистејците дојдоа и се населија во нив.
8. На другиот ден Филистејците дојдоа да ги соберат убиените и го најдоа Саула и синовите негови, паднати на Гелвујската гора.
9. Го соблекоа Саула и му ја зедоа главата и оружјето, и испратија по земјата Филистејска да разгласат за тоа пред своите идоли и пред народот.
10. Оружјето негово го ставија во идолското светилиште пред своите богови, а главата негова ја наденаа во домот на Дагона.
11. И целиот Јавис Галадски чу сè, што беа извршиле Филистејците со Саула.
12. Потоа станаа сите силни мажи, го зедоа телото Саулово и телата на синовите негови и ги однесоа во Јавис; тие ги закопаа коските нивни под дабот во Јавис и постеа седум дена.
13. Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господа, затоа што не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите,
14. а не Го побара Господа. Затоа Он и го погуби и царството негово и го предаде на Давида, Јесеевиот син.

11. Давид едногласно избран и помазан за цар.

1. Се собраа сите Израилци при Давида во Хеврон и рекоа: „Еве, ние сме коска твоја и плот твоја;
2. и вчера и завчера, кога Саул беше уште цар, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот: и Господ, Бог твој, ти рече: »Ти ќе го пасеш Мојот народ Израилот и ти ќе бидеш водач на Израилот, Мојот народ.«“
3. Тогаш сите старешини Израилеви дојдоа при царот во Хеврон, и Давид склучи со нив завет во Хеврон пред лицето Господово, и тие го помазаа Давида за цар над Израилот, според словото Господово преку Самуила.
4. И тргна Давид и сиот Израил за Ерусалим, односно за Јевус. А таму беа Јевусејците, жители на таа земја.
5. Жителите на Јевус му рекоа на Давида: „Нема да влезеш тука.” Но Давид ја презеде тврдината Сион: тоа е градот Давидов.
6. И рече Давид: „Кој од сите вас најнапред ќе ги победи Јевусејците, ќе стане кнез и војвода.” Најнапред од сите излезе Јоав, Саруевиот син, и стана кнез.
7. Давид живееше во таа тврдина, и затоа ја нерекуваа Давидов град.
8. Тој изгради ѕидови околу градот, почнувајќи од Милон па сè наоколу; Јоав, пак, ги обнови другите делови на градот.
9. Давид напредуваше и се воздигаше сè повеќе и повеќе, и Господ Саваот беше со него.
10. Еве ги поглавните Давидови јунаци, кои се бореа храбро со него во царството негово, заедно со сиот Израил, за да го зацарат над Израилот според словото Господово.
11. Еве го и бројот на јунаците што беа при Давида: Јесвал, син Ахаманиев, прв од триесеттемина: тој го извелче мечот свој против триста души и наеднаш ги порази.
12. По него Елеазар, синот на Ахохиецот Додо – еден од тројцата јунаци:
13. Тој беше со Давида во Фаседомин, каде што Филистејците се беа собрале за војна. Таму еден дел од полето беше посеано со јачмен, и народот избега од Филистејците;
14. но тие се запреа среде полето, ги забележаа и ги поразија Филистејците. И Господ даде
големо спасение на Своите луѓе.
15. Тие тројцата главни од триесеттемина водачи се качија на карпата при Давида во пештерата Одолам, а, пак, филистејскиот логор беше сместен во Рефаимската долина.
16. Давид во тоа време беше во утврдено место, а стражата филистејска беше во Витлеем.
17. Давид ожедне и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од Витлеемскиот извор, што е при портите?”
18. Тогаш тие тројца се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од Витлеемскиот извор, што е при портите, та му донесоа на Давида. Но Давид не сакаше да пие, туку ја излеа во слава на Господа.
19. и рече: „Да ме чува Господ, тоа да го направам! Зар ќе ја пијам крвта на оние мажи, што ги изложија душите свои! Зашто со опасност по животот свој тие ја донесоа водата.” – И не сакаше да ја пие. Еве што извршија тие тројца јунаци.
20. И Авеса, братот Јоавов, беше главен меѓу тројцата: тој уби со мечот свој триста души и се прослави меѓу тие тројца.
21. Од тројцата тој беше највиден и беше водач, но на тие тројца не им беше рамен.
22. Ванеја, синот на храбриот маж Јодај, голем по делата, родум од Кавасаил, ги уби двајцата синови на Ариила Моавски; тој истиот слезе и уби лав во еден ров по снежно време;
23. пак тој уби еден Египтјанец, кои беше пет лакти висок: Египтјанецот имаше во раката копје колу едно ткаечко кросно, а тој пристапи кон него со стап и, откако му го изби копјето од раката на Египтјаницот, го уби со неговото копје.
24. Тоа токму го изврши Јодаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тие тројца јунаци;
25. тој беше повиден од триесеттемина, но на оние тројцата не им беше рамен, и Давид го постави за најблизок исполнител на своите заповеди.
26. А главни од борците беа: Асаил, брат на Јоава; Елеанан, син на Додо, од Витлеем;
27. Самот Адитијанин, Хелки Афелонин;
28. Ореј, син на Кис Текуитски; Авиезер Анатотски;
29. Совохај Асотиски; Илиј Ахојски;
30. Воорај Нетофатец; Елад, син на Вајнак, Нетофатецот;
31. Итај, син Ривеинов, од Гава Венијаминова; Ванеја Фаратонијев;
32. Уриј од Неал; Галсавил од Аравеја;
33. Азмот Варсамијски; Елијав Саламијски; Ирас Гоиниски.
34. Синови на Гизонецот Хасема: Јонатан син на Сагти, Арариецот;
35. Ахијам, син Сахаров, Арариец: Зифаил, син на Орин;
36. Афер Мехуратински; Ахија Фелониски;
37. Асарај Мармелински; Ноорај, син Авдиев;
38. Јоил, брат Натанов; Мехар, син Тараиев;
39. Селик Амонец; Наареј Виродин, оружјеносец на Јоава, син Саруев;
40. Ира Јетериин; Гарив и Териин;
41. Урија Хетеецот; Вазат, син Олиев;
42. Адина, син на Саха, кнез на Рувимовците, и тој имаше триесет;
43. Анан, син на Мааха; Јосафат Татанин;
44. Озија Астарот; Сама и Јеил, синови на Хотан од Ароир;
45. Једил, син Самерин, и Јоза, негов брат Тосанец;
46. Јелиил од Маоин, и Арива и Осоја, синови Елијамови, Енам и Устем, Моавци;
47. Елиил, Овид и Јесиил од Месовија.

12. Борците што му помагаа на Давида.

1. Еве ги оние кои исто така дојдоа при Давида во Сикелаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саула; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата,
2. вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браќата Саулови, од Венијамина;
3. кнез беше Ахизер, по нека Јоас, синови на Сама од Гива; Јазиил и Фалит, синови Замотови; Варихија и Јуј од Анатот;
4. Самија од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината; Еремија, Језекил, Јоанан и Јозават од Гадара;
5. Елиозиј, Јеримут, Валија, Самарија, Сафатија од Аруфа;
6. Елкана, Јесија, Уелиил, Језар, и Јесвал, од Кореевците;
7. и Јоил и Завадија, синови на Јероама, од Гедор.
8. При Давида во крепоста, во пустињата дојдоа мажи јунаци, од Гадовците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни – лицата лавовски, брзи како елени в гора.
9. Главен беше Азер, втор Авдија, трет – Алијад.
10. четврти Масман, петти – Јеремија,
11. шести – Јетија, седми – Елиил,
12. осми Јоанан, деветти – Елзавал,
13. десетти – Јеремија, единаесетти – Махавенај.
14. Тие, синовите Гадови, беа војводи во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада.
15. Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што живееја во долините кон исток и запад.
16. Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината при Давида.
17. Давид излезе да ги пресретне и им рече: „Ако сте дошле со мир при мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате, за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.”
18. И дух го опфати Амасија, водачот на триесеттемина, и тој рече: „Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.” Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.
19. И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давида, кога војуваше со Филистејците против Саула. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите Филистејски, откако се посоветуваа, го испратија велејќи: „За наше зло, тој ќе побегне при својот господар Саула.”
20. Кога се враќаше Давид во Сикелаг, прибегнаа кон него племињата Манасиеви: Еднај, Јозавад, Михаил, Јосафат, Једиил, Елиу, Салатиј, илјадници кај Манасиевите.
21. Тие му помагаа на Давида против четите на Гедур, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.
22. Така секој ден придоаѓаа кај Давида на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.
23. Еве го бројот на кнезовите во војската, што дојдоа при Давида во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово;
24. Јудини синови, што носеа штит и копје, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини;
25. од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум илјади и сто;
26. од синовите Левиеви – четири илјади и шестотини;
27. дојде и Јодај, кнез од Ароновиот род, и со него три илјади и седумстотини;
28. и Садок, храбар јунак, и родот негов – дваесет и двајца кнезови;
29. од синовите Венијаминови, браќата Саулови, дојдоа три илјади; но уште многумина од нив му веа верни на Сауловиот дом;
30. од синовите Ефремови – дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;
31. од полуплемето Манасиево – осумнаесет илјади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давида;
32. од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израилот; тие беа двесте кнезови, и сите браќа нивни одеа по зборовите нивни;
33. од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;
34. од племето Нефталимово – илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и
копја;
35. од племето Даново – дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;
36. од Асира – четириесет илјади војници, подготвени за борба;
37. од онаа страна на Јордан, од племето Рувимово и Гадово и од полуплемето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.
38. Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со полно срце во Хеврон, за да го зацарат Давида над целиот Израил. Па и сите други Израилци беа еднодушни да го зацарат Давида.
39. И останаа таму при Давида три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сè за нив;
40. па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на осли, камили, маски и волови сè за јадење: брашно, смокви, суво грозје, вино и елеј, како и многу ситен и крупен добиток, бидејќи радоста беше голема за Израилот.

13. Давид го пренесува Ковчегот на заветот.

1. Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со сите војводи,
2. и му кажаа на целото собрание израилско: ако ви е угодно, и ако благослови Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши браќа насекаде по целата Израилска земја, а исто така и до свештениците и левитите во градовите и селата нивни, за да се соберат при нас,
3. и да го пренесеме Ковчегот на нашиот Бог при нас, зашто во Сауловите дни не се обрнувавме кон него.”
4. И целото собрание рече: „Така нека биде!” зашто тоа му се виде праведно на целиот народ.
5. Така Давид ги собра сите Израилци, од Сихор Египетски до влезот во Емат, за да го пренесат Ковчетот Божји од Киријат-Јарим.
6. И отиде Давид и сиот Израил во Кириат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму Ковчегот на Бога, Господа, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име.
7. И го повезоа Ковчегот на нова кола од домот Аминадавов, а Оз и браќата негови ја водеа
колата.
8. Давид, пак, и сите Израилци свиреа со сета сила пред Бога, со пеење на гусли, псалтири, тимпани и труби.
9. Кога стигнаа до Хидоновото гумно, Оз посегна со раката да го придржи Ковчегот, бидејќи воловите го беа настраниле.
10. Но Господ се разгневи на Оза и го порази поради тоа што посегна со рака кон Ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице.
11. Давид се нажали затоа што Господ го порази Оза. И го нарече тоа место Озов пораз; така се нарекува и до ден денешен.
12. И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: „Како ќе го внесам при себеси Ковчегот Божји?”
13. И не го пренесе Давид Ковчегот при себеси во Давидовиот град, туку го сврте кон куќата на Гетецот Аведар.
14. И стоеше Ковчегот Божји кај Аведара во куќата негова три месеци, и Господ го благослови Аведаровиот дом и сè што имаше.

14. Давидовиот двор и победа над Филистејците.

1. Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом.
2. Откако разбра Давид, дека Господ го утврдил за цар над Израилот, дека царството негово се воздигнува високо, заради народот негов Израилот.
3. тој си зеде уште жени во Ерусалим, и му се родија уште синови и ќерки.
4. Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Сам, Совав, Натан и Соломон,
5. Јевеар, Елисуј, Елифалет,
6. Нагед, Нафат, Јафија,
7. Елисам, Валијад, Елифалет.
8. И слушнаа Филистејците, дека Давид бил помазан за цар над целиот Израил, и сите тие се кренаа да го бараат Давида. А Давид, откако разбра, излезе против нив.
9. Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската долина.
10. Давид го праша Бога, велејќи: „Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?” Господ му одговори: „Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.”
11. Тие отидоа во Ваал-Фарасин, и таму ги порази Давид. И рече Давид: „Бог ги пресече моите непријатели преку раката моја како воден пролом.” Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Фарасин.
12. И Филистејците ги оставија боговите свои таму, а Давид заповеда, та ги изгореа со оган.
13. И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината.
14. Давид пак го праша Бога, и Бог му одговори: „Не оди право во пресрет нивни, туку скршни од нив и оди кон нив откај црниците;
15. и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе, за да го порази филистејскиот логор.”
16. Давид направи така, како што му заповеда Господ, и го порази филистејскиот логор, од Гаваон до Газер.
17. И Давидовото име се разнесе по сите земји, и Господ го направи страшно за сите народи.

15. Ковчегот на заветот пренесен на своето место.

1. Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви место за Ковчегот Божји и направи скинија за него.
2. И рече Давид: „Никој не смее да го носи Ковчегот Божји, освен левитите, бидејќи нив ги избра Господ, за да го носат Ковчегот на Бога и да му служат засекогаш.”
3. И ги собра Давид сите Израилци во Ерусалим, за да го внесат Ковчегот Господов на местото негово, што беше го поставил за него.
4. Па ги свика Давид синовите Аронови и левитите:
5. од синовите Каатови, началникот Урил и браќата негови – сто и дваесет души;
6. од синовите Марариеви, началникот Асаија и браќата негови – двесте и дваесет души;
7. од синовите Гирсонови, началникот Јоила и браќата негови – сто и триесет души;
8. од синовите Елисафанови, начланикот Семеја и браќата негови – двесте;
9. од синовите Хевронови, началникот Елиила и браќата негови – осумдесет;
10. од синовите Озиилови, начланикот Аминадава и браќата негови – сто и дванаесет.
11. И ги повика Давид свештениците: Садока и Авијатара, и левитите: Урила, Асаија, Јоила, Семеја, Елиила и Аминадава,
12. и им рече: „Вие, началници на левитските родови, осветете се, вие и браќата ваши, и
однесете го Ковчегот на Господа, Бога Израилев, на местото, што сум му го подготвил;
13. и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, нè рааздели, затоа што не Го баравме, како што требаше.”
14. И се осветија свштениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господа, Бога Израилев.
15. И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше заповедал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови.
16. Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браќата свои певци со свирки – псалтири, гусли и кимвали, да разгласат со висок радосен глас.
17. Левитите го поставија Јоиловиот син Етана, и од браќате негови – Варахиевиот син Асаф, а од синовите Мерариеви, нивни браќа – Кисеовиот син Етан;
18. и со нив браќата нивни, второстепени: Захарија, Озила, Семирамота, Јеила, Ананија,
Елијава, Ванеја, Масија, Мататаија, Елифала, Макенија и Авдеда, Јеила и Озија вратари.
19. Еман, Асаф и Етан свиреа високо на бакарни кимвали,
20. а Захарија, Озиил, Семирамот, Јехил, Ананиј, Елиав, Масија и Ванеја – на псалтири, со тенок глас.
21. А Мататија, Елифала, Макенеј, Авдедом, Јеил и Озија – на гусли, за да преземаат.
22. Хоненија, пак, началник левитски, беше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето.
23. Варахија и Елкана беа вратари при Ковчегот.
24. Совенија, Јосафат, Натанаил, Амасија, Захарија, Ванаја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред Ковчегот Божји. Авдедом и Јехија беа вратари при Ковчегот.
25. И така Давид и старешините Израилеви и илјадниците отидоа да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од домот на Авдедома со веселба.
26. И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа Ковчегот на заветот Господов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни.
27. Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, како и певците што го носеа Ковчегот, Хоненија, кој раководеше со свирачите и со певците. Давид носеше и ленен ефод.
28. И така сиот Израил го внесуваше Ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејќи на псалтири и гусли.
29. Кога Ковчегот на заветот Господов влегуваше во Давидовиот град, Мелхола, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.

16. Давидовиот псалм во слава при пренесувањето на Ковчегот.

1. Го донесоа Ковчегот Божји и го поставија среде скинијата, што ја беше направил Давид за него и му принесе на Бога жртви сепаленици, и мирни жртви.
2. Кога Давид заврши со сепалениците и принесувањето на мирни жртви, го благослови народот во името Господово,
3. и им раздаде на сите Израилци, и на мажи и на жени, по еден леб, по едно парче месо и по чаша вино.
4. Тогаш постави тој на служба пред Ковчегот Господов некои од левитите, за да славословат, да благодарат и да Го превознесуваат Господа, Бога Израилев:
5. Асафа – за раководител, втор по него – Захарија, Јеила, Семирамота, Јеила, Мататија, Елијава, Ванеја, Авдедома и Јеила со псалтири и гусли, и Асафа – да свири на кимвали,
6. а Ванеја и Озила, свештеници, – да трубат постојано пред Ковчегот на заветот Божји.
7. Во тој ден Давид за првпат даде псалм за савословие на Господа преку Асафа и браќата негови:
8. „Славете Го Господа, разгласувајте го името Негово; кажувајте ги делата Негови меѓу народите;
9. пејте Му, свирете Му; раскажувајте за сите негови чудеса;
10. фалете се со Неговото свето име; нека се весели срцето на оние, кои Го бараа Господа;
11. побарајте Го Господа и силата Негова, барајте го непрастајно лицето Негово,
12. спомнувајте ги чудесата, што ги изврши, знаците Негови и судовите од устата Негова;
13. вие, семе Израилево, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови!
14. Он е Господ, Бог наш; Неговите сугови се по целата земја.
15. Помнете го вечно заветот Негов, словото, што го заповеда за илјада родови,
16. она, што му го вети на Авраама и во кое му се колнеше на Исака.
17. Он му ја постави на Јакова за закон и на Израилот за вечен завет,
18. велејќи: »Тебе ќе ти ја дадам земјата Хананска, како ваш наследен дел.«
19. Тие тогаш беа малубројни, оти се намалија и во неа беа придојдени,
20. и преминуваа од народ кон народ и од едно царство кон друго племе;
21. но не дозволи никому да ги навредува и ги изобличуваше заради нив царевите:
22. »не допирајте се до Моите помазаници и не правете им зло на Моите пророци.«
23. Пеј Му на Господа, цела земјо, благовестете го од ден во ден спасението Негово.
24. Разгласувајте ја меѓу незнабошците славата Негова, и меѓу сите луѓе чудесата Негови,
25. зашто Господ е голем и многу треба да Го хвали, пострашен од сите богови.
26. Оти сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата.
27. Слава и величие пред лицето Негово, сила и радост во Неговото Свето место.
28. Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му на Господа слава и чест.
29. Воздајте Му ја на Господа славата на името Негово. Замете дар, одете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господа со влелепие во светлината Негова.
30. Трепери пред Него, цела земјо, зашто Он ја основа вселената, и таа нема да се разниша.
31. Нека се веселат небесата, да торжествува земјата, и нека се вели меѓу народите: »Господ царува!«
32. Нека се бранува морето и сè што го исполнува, да се радува полето и сè што е на него.
33. Да ликуваат заедно сите дрвја во дубравите пред лицето на Господа, зашто Он доаѓа да ја суди земјата.
34. Славете Го Господа, зашто милоста Му е засекогаш,
35. и речете: „Спаси нè, Боже, Спасителе наш! Собери нè и избави нè од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!
36. Благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш и засекогаш!” И сиот народ рече: „Амин, алулуја!”
37. Давид ги остави таму, пред Ковчегот на Заветот Господов, Асафа и браќата негови, за да служат пред Ковчегот постојано, секој ден,
38. Авдедон и браќате негови, шеесет и осум души; Авдедом, син Идитунов, и Оса – за вратари;
39. а свештеникот Садок и браќата негови свештеници ги остави пред Господовиот дом, што беше на висината на Гаваон,
40. за да принесуваат жртви на Господа врз жртвеникот за сепаленици постојано – наутро и навечер, и за сè што е пишано во законот на Господа, што Он му го даде на Израилот;
41. и со нив Емана и Идитума и другите избраници, кои беа именувани посебно, за да Го слават Господа, зашто милоста Негова е засекогаш.
42. Со нив Емана и Идитума да Го слават Бога, свирејќи со труби и кимвали и со разни свирки; а синовите Идитумови ги постави при вратата.
43. Потоа се разотиде сиот народ, секој во домот свој; си отиде и Давид, за да го благослови својот дом.

17. Давид се носи со мислата да Му изгради храм на Господа.

1. Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натана „Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор.”
2. А Натан му одговори на Давида: „Врши сè што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.”
3. Но во истата ноќ му дојде словото Божјо на Натана:
4. „Оди и кажи му на слугата Мој Давида: вака вели Господ: »Ти нема да ми изградиш дом, каде што ќе живеам,
5. зашто Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите Израилеви, и до денес, а одев од шатор во шатор и од живеалиште во живеалиште.
6. Каде и да одев со сиот Израил, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите Израилски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: »зошто не ми изградите кедров дом?«
7. И сега вака кажи му на Мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: Те зедов од овчото стадо, за да те направам водач на Мојот народ Израилот;
8. бев со тебе секогаш, каде и да одеше, ги поразив сите твои непријатели пред лицето твое и го направив името твое како името на големите по земјата;
9. подготвив место за Мојот народ Израилот, го зацврстив, и тој ќе живее спокојно на своето место, и нема повеќе да го вознемируваат, нечестивите нема повеќе да го притискаат, како порано,
10. во оние дни, кога Јас бев поставил судии над Мојот народ Израилот, и Јас бев ги смирил сите твои непријатели, и те известив, дека Господ ќе ти изгради дом.
11. Кога ќе се исполнат твоите дни, и ти ќе се прибереш кај татковците свои, тогаш ќе го подигнам твоето семе по тебе, што ќе биде од синовите твои, и ќе го зацврстам царстово негово.
12. Тој ќе Ми изгради дом, и ќе го утврдам престолот негов засекогаш.
13. Јас ќе му бидам татко, и тој ќе Ми биде син, и милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од оној што беше пред тебе.
14. ќе го поставам во Мојот дом и во Моето царство засекогаш, престолот негов ќе биде вечно цврст.”
15. Сите тие зборови и целото видение Натан точно му ги раскажа на Давида.
16. Цар Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: „Кој сум јас, Господе Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна?
17. Но и тоа се покажа малку во Твоите очи, Боже; ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гледаш на мене како на голем човек, Господи Боже!
18. Што уште може да прибави пред Тебе Давид, за да се возвеличи Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга!
19. Господи, за Твојот слуга, според срцето Свое, Ти ги вршиш сите тие големи дела, објавувајќи го ова сето величие.
20. Господи, по сè она што го чув со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе.
21. И кој е сличен на Твојот народ Израилот, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го искупи за својот народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела, – преку прогонување на народите од лицето на Својот народ, кој го спаси од Египет Ти.
22. Ти го направи Твојот народ Израилот Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог.
23. И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал.
24. Нека се зацврсти и нека се возвеличи Твоето име засекогаш, за да велат: »Господ Саваот, Бог Израилев, е Бог на Израилот, и домот на Твојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице.
25. Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга, дека ќе му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе.
26. И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро.
27. Почни, пак, да го благословуваш домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето лице; зашто, ако Ти, Господи, ги благословиш, ќе биде благословен засекогаш.”

18. Успешни војни и добиен голем плен.

1. Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, па го презеде Гет и нему потчинетите градови од рацете на Филистејците.
2. Тој ги порази и Моавците, и Моавците станаа робови на Давида и му даваа данок.
3. Давид го порази и сувскиот цар Адраазар во Емат, кога тој одеше да ја утврди власта своја при реката Еуфрат.
4. И зеде Давид од него илјада коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; и ги уништи Давид сите коли, оставајќи од нив само сто.
5. Дамаските Сиријци сакаа да му дојдат на помош на сувскиот цар Адраазара, но Давид порази двесте и две илјади Сиријци.
6. Давид постави стража во Сирија Дамаска, и Сиријците му станаа на Давида робови и му плаќаа данок. Така му помагаше Господ на Давида секогаш, каде и да одеше.
7. Давид ги одзеде златните штитови, што ги носеа Адраазаровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.
8. А од Метавет и од избраните Адраазарови градови, Давид однесе мошне многу бакар. Од него Соломон ги направи бакарното море и столбовите, и бакарните садови.
9. Кога чу за тоа ематскиот цар Тоа, дека Давид ја поразил целата војска на сувскиот цар Адраазар,
10. го испрати синот свој Адурама при царот Давида, да го поздрави и да му благодари, поради тоа што војувал со Адраазара и го поразил – зашто Тоа беше во војна со Адраазара, – и по него испрати секакви садови златни, сребрени и бакарни.
11. Царот Давид му ги посвети на Господа, заедно со среброто и златото, што го беше одзел од сите народи: Идумејците, Моавците, Амонитите, Филистејците и Амаликијците.
12. И Саруевиот син Авеса во Солената Долина порази осумнаесет илјади Идумејци;
13. и постави во Идумеја стража, и сите Идумејци му станаа робови на Давида. Господ му помагаше на Давида секогаш, каде и да одеше.
14. И царуваше Давид на сиот Израил и делеше суд и правда на сиот народ свој.
15. Јоав, Саруевиот син, беше војвода над војската, а Јосафат, Ахилудовиот син – летописец,
16. Садок, синот Ахитов, и Авимелех, синот Авијатаров, беа свештеници, а Суса – писар,
17. Ванеја, синот Јодаев, беше над Хетејците и Фелетејците, додека синовите Давидови беа први при царот.

19. Давид се одмаздува за срамот нанесен од Амонитите.

1. Потоа умре Нас, цар амонитски, и место него стана цар синот негов.
2. Тогаш Давид рече: „Ќе покажам милост кон Анона, Насовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.” И Давид испрати пратеници да го утешат за татка му. Давидовите слуги дојдоа во земјата Амонитска при Анона, за да го утешат.
3. Но амонитските кнезови му рекоа на Анона; „Зар мислиш, дека поради почит кон татка ти Давид испрати при тебе утешители? Зар слугите негови не дошле при тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завладеат?”
4. Тогаш Анон ги фати слугите Давидови и ги избричи и им ја потсече облеката до половина, до крстот, и ги испрати.
5. И тие си отидоа. Кога му соопштија на Давида за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им кажат од царот: „Останете во Јерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!”
6. Кога Амонитите видоа, дека му станале омразни на Давида, тогаш Анон и Амонитите испратија илјада таланти сребро, за да најмат коли и коњаници од Сирија Месопотамиска, од Сирија Махова и од Сува.
7. И најмија триесет и две илјади коли и царот Маха со народот негов, кои дојдоа и се улогорија спроти Медева. Се собраа и Амонитите од градовите свои и излегоа на војна.
8. Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета војска – јунаци.
9. Амонитите излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, – одделно во полето.
10. Јоав, откако виде, дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израилот и ги нареди спроти Сиријците.
11. А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти
Амонитите.
12. И тогаш рече: „Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ќе ми помогнеш ти; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам.
13. Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, и Господ нека направи, како што Му е угодно.”
14. И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Сиријците, и тие избегаа од него.
15. Амонитите, пак, штом видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав си отиде во Ерусалим.
16. Сиријците, откако видоа, дека се победени од Израилците испратија пратеници и ги изведоа Сиријците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Софак, воен првоначалник Адраазаров.
17. Кога му соопштија за тоа на Давида, тој ги собра сите Израилци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Сиријците, и тие се судрија со него.
18. И Сиријците избегаа од Израилците, и Давид им уништи седум илјади коли на Сиријците, и четириесет илјади пешаци, а воениот првоначланик Софака го уби.
19. Кога видоа луѓето Адраазарови, дека Израилците ги поразија, со Давида склучија мир и му се потчинија. И Сирјиците не сакаа повеќе да им помагаат на Амонитите.

20. Освојување на градот од синовите Амонови.

1. По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува Амонитската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше останал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши.
2. И го зеде Давид венецот на царот нивни од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и скапоцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давида. И прилично голем плен изнесоа од градот.
3. А луѓето, што беа во него, ги изведушаше и ги сотираше со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонитските градови; па се врати Давид и сиот народ во Ерусалим.
4. Потоа почна војна со Филистејците во Газер. Тогаш Совохај Хуситецот го уби Сафута, еден од Рефаимовите потомци. И тие се смирија.
5. И пак имаше војна со Филистејците. Тогаш Елеанин, синот Јаиров, го уби Лаомија, Голијатовиот брат, Гетеец, во кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно.
6. Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прстите му беа по шест – сè двесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.
7. Тој го навредуваше Израилот, но Јонатан, син на Давидовиот брат Самаја, го уби.
8. Тие се беа родиле од Рефаимовците во Гет, и паднаа од раката на Давида и од рацете на слугите негови.

21. Поради пребројување на народот Господ го казнува Давида.

1. Се крена сатаната против Израилот и го поттикна Давида да ги преброи Израилците.
2. И Давид му рече на Јоава и на началниците народни: „Одете, пребројте ги Израилците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам бројот нивни.”
3. Јоав рече: „Да го намножи Господ народот Свој стопати повеќе, отколку што е! Сите тие, господаре мој, царе, нели се слуги на мојот господар? Зошто го сака тоа мојот господар? Зошто тоа да се запише како грев на Израилот?”
4. Но царскиот збор надвладеа над Јоава. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израил, и дојде во Ерусалим.
5. И му даде Јоав на Давида список на преборениот народ. Сите Израилци беа илјада илјади, и сто илјади мажи мечоносци, и Јудејци четиристотини и седумдесет илјади мечоносци.
6. А левитите и Венијаминовите не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоава.
7. Тоа нешто не беше угодно во очите на Бога, и Он го порази Израилот.
8. И Давид Му рече на Бога: „Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.
9. И му рече Господ на Гада, јасновидецот Давидов:
10. „Оди и кажи му на Давида: вака вели Господ: Тие казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.”
11. Дојде Гад при Давида и му рече: „Така вели Господ избери си:
12. »или три години глад, или три месеци да бидеш прогонуван од твоите непријатели, и мечот на твоите непријатели да се допира до тебе; или три дена мечот Господов и помор по земјата и Ангел Господов да убива по сите предели на Израилот.« И така, види што да Му
одговорам на Оној, Кој ме испрати со овие зборови.”
13. Давид му одговори на Гада: „Многу ми е тешко, но подобро да паднам во рацете на Господа, зашто милосрдието Негово е многу големо; само да не паднам во рацете човечки.”
14. И испрати Господ помор на Израилот, и умреа седумдесет илјади души Израилци.
15. Па го испрати Господ Ангелот во Ерусалим, за да го истребува. И кога почна да го истребува, Господ виде и се покаја порати тоа зло, и му рече на Ангелот истребител: „Доста! Сега спушти ја раката своја!” А Ангелот тогаш стоеше над гумното на Јевусеецот Орна.
16. Давид ги крена очите и го виде Ангелот Господов како стои меѓу небото и земјата со гол меч во раката негова, протегнат над Ерусалим; и падна Давид ничкум и старешините, покриени со вреќишта.
17. И Му рече Давид на Господа: „Нели јас наредив да го пребројат народот? Јас згрешив, јас направив зло, а овие овци што направиле? Господи, Боже мој! Нека биде Твојата рака врз мене и врз мојот татков дом, а не врз Твојот народ, за да го погубиш.”
18. И Ангелот Господов му рече на Гада, за да му каже на Давида: „Нека дојде Давид и нека постави жртвеник на Господа врз гумното на Јевусеецот Орна.”
19. Давид отиде, според зборовите на Гада, кој му говореше од името Господово.
20. Орна се сврти, го вида Ангелот, и четворицата синови негови се сокрија со него. Орна тогаш вршеше пченица.
21. Дојде Давид при Орна. Орна, откако погледа и го вида Давида, излезе од гумното и му се поклони на Давида ничкум до земја.
22. Давид му рече на Орна: „Дај ми го местото на гумново, јас ќе изградам на него жртвеник на Господа; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.”
23. Орна му одговори на Давида: „Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите дрвени, и пченицата – за принос; сето тоа го давам како дар.”
24. Царот Давид му рече на Орна: „Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господа твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.”
25. И Давид му даде на Орна за она место шестотини сикли злато.
26. Па изгради Давид таму жртвеник на Господа и Му принесе сепаленици и мирни жртви; и Го призва Господа, и Он го послуша, испраќајќи оган од небото врз жртвеникот за сепаленици.
27. Тогаш Господ му рече на Ангелот: „Врати го мечот свој во ножницата негова!”
28. Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусеецот Орна, таму принесе жртва.
29. А Господовата скинија, што беше ја направил Мојсеј во пустињата, и жртвеникот за сепаленици во тоа време се најдоа на Гаваонската висина.
30. И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на Ангелот Господов.

22. Давидовата подготовка за градење на храм на Господа Бога.

1. И рече Давид: „Еве го домот на Господа Бога, еве го и жртвеникот за сепаленици на Израилот.”
2. Па заповеда Давид да ги соберат придојдените, што беа во земјата Израилска и одреди каменоделци да делкаат камења за изградба на дом Божји.
3. Давид подготви уште многу железо за шајки по крилата на вратите и за куки, и многу бакар – без мерка,
4. и кедрово дрво без број, зашто Сидонците и Тирците му доставија на Давида многу кедрово дрво.
5. И рече Давид: „Синот мој Соломон е млад и слаб, а домот, што ќе се гради за Господа, треба да биде многу величествен, за слава и за приказ по сите земји; затоа јас ќе му приготвам сè што треба за него. И приготви Давид до смртта своја многу.
6. И го повика синот свој Соломон и му заповеда да изгради дом на Господа, Бога Израилев.
7. И му рече Давид на Соломона: „Сине, имав на срце да изградам дом на името на мојот Господ, Бог,
8. но би кон мене словото Господово и ми се рече: „Ти си пролеал многу крв и си водел големи војни; ти не бива да градиш дом на името Мое, зашто си пролеал многу крв на земјата пред лицето Мое.
9. Еве, ќе ти се роди син: тој ќе биде мирен човек; ќе му дадам спокојство од сите околни напријатели, затоа името негово ќе биде Соломон. Во неговите дни ќе му дадам на Израилот мир и спокојство.
10. Тој ќе изгради дом на името Мое и ќе ми биде син, а Јас нему – татко, и така ќе го зацврсти престолот на царството негово над Израилот довека.
11. А сега, сине, Господ нека биде со тебе, та да имаш благослов и да Му изградиш дом на Господа, твојот Бог, според тоа како што Он рече за тебе.
12. Да ти даде Господ мудрост и разум и да те постави над Израилот; и запази го законот на Господа, твојот Бог!
13. Така ќе имаш успех, кога ќе земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеја за Израилот. Биде цврст и храбар, не плаши се и не паѓај со духот!
14. И еве, јас при скудноста своја приготвив за домот Господов сто илјади таланти злато, илјада таланти сребро, а бакарот и железото мерка немаат, зашто се во големи количин;
дрва и камења исто така подготвив, а ти придодај уште кон тоа.
15. Имаш многу работници, и каменоделци, и резбари, и дрводелци, и вешти луѓе за секаква
работа.
16. Злато, сребро, бакар и железо – без број; продолжи и работи; Господ ќе биде со тебе.”
17. И им заповеда Давид на сите кнезови израилски да му помагаат на синот негов Соломона:
18. „Зар не е со вас Господ, Бог наш, Кој ви даде спокојство од секаде? Оти Он ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата се покори пред Господа и пред Неговиот народ.
19. И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Господа, вашиот Бог. Станете и изградете светилиште на Господа Бога, за да го пренесете ковчегот на заветот Господов и свештените садови Божји во домот, што ќе се гради на името Господово!”

23. Бројот на левитите и нивната служба.

1. Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израилот синот свој Соломона.
2. И ги собра сите кнезови израилски, свештениците и левитите;
3. а левитите од триесет години и нагоре беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум илјади души.
4. Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири илјади, писари и судии – шест илјади,
5. четири илјади вратари и четири илјади, оние што ќе Го слават Господа со свирки, направени од Давида за прославување на Господа.
6. И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови – Гирсона, Ката и Мерарија.
7. Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.
8. Синови Ладанови: прв Јеил, Зетам и Јоил – тројца.
9. Синови Семееви: Саломит, Азиил и Арам – тројца. Тие беа Ладанови родовски старешини.
10. А и уште синовите Семееви: Јет, Зизај, Јоас, Верија. Тоа беа синови Семееви – четворица.
11. Јед беше главен, Зизај втор; Јоас и Верија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.
12. Синовите Катови: Амврам, Исар, Хеврон и Озил – четворица.
13. Синовите Амврамови: Арон и Мојсеј. Арон беше определен да биде посветен при Свјатаја Свајтих довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господа, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.
14. А Мојсеј, човек Божји, и синовите негови беа придодадени кон Левиевото племе.
15. Синови Мојсееви: Гирсон и Елиезер.
16. Синови Гирсонови: прв беше Суваил.
17. Синови Елиезерови беа: прв Равија. Други синови Елиезер немаше; а Равија имаше многу синови.
18. Синови Исахарови: прв Салумот.
19. Синови Хевронови: прв Јериав, втор Амарија, трет Јазиил и четврти Језекија.
20. Синови Озиилови: прв Миха и втор Јесија.
21. Синови Мерариеви: Моли и Муси. Синови Молиеви: Елеазар и Кис.
22. Елеазар умре и немаше синови, туку само ќерки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.
23. Синови Мусиеви: Моли, Едер и Јаримот – тројца.
24. Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што
беа преброени поименично, сите до еден, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.
25. Зашто Давид рече: „Господ, Бог Израилев, му даде мир на својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,
26. та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.”
27. Затоа, според последните Давидови заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,
28. за да бидат при синовите Аронови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да вршат секоја служба во Божјиот дом;
29. да ги надгледуваат лебовите на предложението, пченично брашно за лебен принос, пресни пити, сè печено и пржено и над сите мерки и тежини;
30. да почнуваат секое утро да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,
31. при сите сепаленици, принесувани на Господа во саботни дни, во новомесечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, – постојано пред лицето на Господа, –
32. и да ја пазат скинијата на сведоштвото, светилиштето и синовите Аронови нивни браќа, при службите во домот Господов.

24. Старешините на свештениците и левитите од дваесет и четири реда.

1. Еве го и распоредот на синовите Аронови: Ароновите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.
2. Надав и Авиуд умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свештенодејствуваа Елеазар и Итамар.
3. И Давид ги распореди: Садока – од синовите Елеазарови, и Авимелеха – од синовите Итамарови, според редот на службите нивни.
4. И се најде, дека меѓу синовите Елеазарови имаше повеќе старешини, отколку меѓу синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови – шеснаесет старешини, а од синовите Итамарови – осум.
5. А ги распоредуваше со жреб, зашто старешините во светилиштето и старешините пред Бога беа од синовите Елеазарови и од синовите Итамарови;
6. и ги запиша Семаја, синот Натанаилов, писар од левитите, пред лицето на царот и кнезовите и пред свештениците Садока и Авимелеха, Авијатаровиот син, и пред старешините на свештеничките и левитските домови: кога се фрлаше жреб, зедоа еден од Елеазаровиот род, потоа зедоа еден од Итамаровиот род.
7. Првиот жреб падна на Јоарима, вториот за Једија,
8. третиот – за Харива, четвртиот – за Сеорима,
9. петтиот – за Мелхија, шестиот – за Мејамина,
10. седмиот – за Акоса, осмиот – за Авија,
11. деветтиот – за Јисуја, десеттиот за Сехенија,
12. единаесеттиот – за Елијасива, дванаесеттиот – за Јакима,
13. тринаесеттиот – за Офаја, четиринаесеттиот – за Јасваја,
14. петнаесеттиот – за Велгија, шеснаесеттиот – за Емира,
15. седумнаесеттиот – за Езира, осумнаесеттиот – за Афисиса,
16. деветнаесеттиот – за Фетија, дваесеттиот – за Језекиила,
17. дваесет и првиот – за Јахина, дваесет и вториот – за Гамуила,
18. дваесет и третиот – за Далеја, дваесет и четвртиот – за Леила.
19. Тоа беше нивниот ред при службата нивна за доаѓање во домот Господов, според наредбата за нив, наредено од таткото нивни Арона, како што му беше заповедал Господ, Бог Израилев.
20. Кај другите Левиеви синови распоредот беше: од синовите Амврамови – Соваил; од Соваиловите синови – Јадаја;
21. од Равинија синот Јесија беше прв;
22. од Исахара – Соломот; од Соломотовите синови – Јад;
23. од синовите Јетови, прв беше Јериј, втор – Амадија, трет Јазиил, четврти – Јекмоам.
24. Од Озииловите синови – Миха; од Миховите синови – Самир.
25. Брат на Миха беше Исија; од Исиевите синови – Захарија.
26. Од синовите Мерариеви – Моли и Муси; од синовите Озиини – Ваниј.
27. Синови Мерариеви од Озија – Јесом, Закхур и Јовди.
28. Од Молија – Елеазар: тој немаше синови.
29. Од Киса и од синовите Кисови – Јерамеил;
30. синови Мусиеви – Моли, Едер и Јеримот. Тоа беа синовите левитски според поколенијата нивни.
31. И тие фрлија жреб заедно со браќата свои, Аронови синови, пред лицето на царот Давида и Садока и Авимелеха и старешините на свештеничките и левитските редови: старешината на родот заедно со помалиот брат свој.

25. Дваесет и четири реда певци на свештенички песни.

1. Царот Давид и војводите ги одделија за служба синовите Асафови, Еманови и Идетунови, за да пеа песни на гусли, псалтири и кимвали; беа одредени за работа во службата своја:
2. од синовите Асафови: Закхур, Јосиф, Нетанија и Асиила, синови Асафови, под раководство на Асафа, пророкот, кој беше близу до царот.
3. Од Идитума – синовите Идитумови: Годолија, Сури, Исеја, Семеј, Асавија и Мататија, шестимна, под раководство на татка си Идитума, кој свиреше на гусле, за слава и хвала на
Господа.
4. Од Емана – синовите Еманови: Вукуја, Матанија, Озиил, Суваил, Јеримот, Ананија, Ананиј, Елијат, Годолатиј, Ромаматиј – Езер, Савах, Малатиј, Отир, и Мазиот.
5. Сите тие беа синови на Емана, царскиот јасновидец, определини според зборовите Божји, да ја вознесуваат славата. Бог му беше дал на Емана четиринаесет синови и три ќерки.
6. Сите тие, под водство на татка си пееја во домот Господов на кимвали, псалтири и гусли при службата во домот Божји според упатството од царот, или од Асафа, Идутина и Емана.
7. Бројот нивни, заедно со браќата нивни, обучени да пеат пред Господа, на сите што ја знаеја таа вештина беше двесте осумдесет и осум.
8. А фрлија и жреб за смените на службата, малите заедно со големите, учителите заедно со учениците.
9. Првиот жреб падна на Асафа за Јосифа; вториот – на Годолија со браќата негови и синовите негови; тие беа дванаесет;
10. третиот – на Закхура со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
11. четвртиот – на Језриј со синовите негови и браќата негови; а тие беа дванаесет;
12. петтиот – на Нетанија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
13. шестиот – на Вукија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
14. седмиот – на Јернил со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
15. осмиот – на Јосија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;
16. деветтиот – на Матанија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;
17. десеттиот – на Семеја со синовите негови и браќата негови; сите заедно дванаесет;
18. единаесеттиот – на Азраила со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;
19. дванаесеттиот – на Асавиај со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
20. тринаесеттиот – на Суваила со синовите негови и браќата негови; сите заедно дванаесет;
21. четиринаесеттиот – на Мататија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;
22. петнаесеттиот – на Јеримота со синовите свои и браќата свои; тие беа дванаесет;
23. шеснаесеттиот – на Ананија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;
24. седумнаесеттиот – на Јесвака со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
25. осумнаесеттиот – на Ананија со синовите негови и браќата негови; сè дванаесет;
26. деветнаесеттиот – на Мелитија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;
27. дваесеттиот – Елијата со синовите негови и браќата негови; вкупно дванаесет;
28. дваесет и првиот – на Јетира со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
29. дваесет и вториот – на Годолатија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
30. дваесет и третиот – Меазота со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;
31. дваесет и четвртиот – на Рометиезера со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет.

26. Определување службеници во домот Божји.

1. Еве го распоредот на вратарите: од Кореевците: Моселемија, Кореев син, од синовите Асафови.
2. Синови Моселемиеви: првороден Захарија, втор – Јадиил, трет – Завадија, четврти – Јатанаил,
3. петти – Олам, шести – Јонатан, седми – Елионај.
4. Синови Авдедови: првороден Самија, втор – Јозават, трет – Јоат, четврти – Сахар, петти – Ротануил,
5. шести – Амиил, седми – Исахар, осми – Фелатиј, зашто Бог го беше благословил.
6. На синови негов Самија му се родија исто така синови, кои беа началници во родот свој, бидејќи беа мажи силни.
7. Синови Семееви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и Јахија и неговите браќа, мажи храбри: Елија, Савахија и Исваком.
8. Сите тие беа од синовите на Авдедома; тие и синовите нивни и браќата нивни беа мажи погодни и за служба способни: Авдедом ги имаше шеесет и двајца.
9. Моселемиј имаше синови и браќа, мажи способни – осумнаесет.
10. Осиј, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Симриј, старешина, иако не беше првенец, но татко му го беше поставил за старешина;
11. втор – Хелкија, трет, – Тавелија, четврти – Захарија; сите синови и браќа на Оса беа тринаесет.
12. Тоа беше распоредот на вратарите според старешините на родовите, способни за служба заедно со браќата свои, за да служат во домот Господов.
13. Тие фрлија жреб, како малиот, така и големиот, според домовите на своите татковци, за
секоја врата.
14. Жребот за источната му се падна на Селимија; фрлија жреб и за синот негов Захарија, умен советник, и жребот му се падна за северната.
15. На Авдедома – за јужната, а на синовите негови – при ризниците.
16. На Есефеима и на Оса на запад при Салехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража.
17. Кон исток имаше по шестмина левити, кон север – по четири, кон југ – по четири, а при ризниците – по двајца.
18. Кон запад на патот при тремот – по четири, а при самиот трем – по двајца.
19. Тоа беше распоредот на вратарите од синовите Корееви и синовите Мерариеви.
20. А браќата нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и на ризницата на посветените работи.
21. Меѓу синовите на Ладана, Гирсонов син, меѓу старешините на домовите од Ладана Гирсонски, беше Јехиел.
22. И синовите Јехиелови: Земет и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом,
23. заедно со потомците на Амврама, Исара, Хеврона и Озиила.
24. Суваил, син на Герсона, Мојсеев син, беше старешина на ризниците.
25. Брат му Елиезер имаше син Равија, а тој – син Јосија, а тој – син Јорам, а тој – син Зехриј, а тој – син Саломот.
26. Саломот и браќата негови ги надгледуваа сите ризници на светите работи, што ги беше посветил царот Давид и кнезовите и илјадниците, стотниците, и војводите на војската.
27. Од војните и од пленот тие посветуваа за одржување на домот Господов.
28. И сè, што беше посветил Самуил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Авенир, синот Ниров, и Јоав, синот Саруев, сето посветено беше под рацете на Саломота, и браќата негови.
29. Од родот Исаров: Хонанија и синовите негови беа одредени за надворешна служба во Израилот, за писари и судии.
30. Од родот Хевронов: Асавија и браќата негови, храбри мажи, илјада и седумстотини, имаа надзор над Израилот, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба.
31. Во родот Хевронов Урија беше началник на Хевроновците, во нивните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и меѓу нив се најдоа јунаци мажи во Јазир Галадски.
32. И браќата негови, мажи способни, две илјади и седумстотини, беа началници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и полуплемето Манасиево за сите Божји и царски работи.

27. Кнезовите на дванаесетте редови во војската племенски старешини.

1. Еве ги синовите Израилеви според нивниот број, начланици на родовите, илјадниците, стотниците и управителите, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.
2. Над првото одделиние, за првиот месец, началник беше Извоаз, син Завидиилов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади;
3. тој беше од Фаресовите синови и началник над сите војводи во првиот месец.
4. Над одделинието за вториот месец беше Додај, Екхотецот; во одделението негово беше и кнезот Макелот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
5. Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодаја; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади;
6. тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделиние се наоѓаше синот негов Завад.
7. Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавав брат, и по него синот негов Завадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
8. Петтиот, за петтиот месец, беше кнезот Самаот, син Језраев; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
9. Шести, за шестиот месец, беше Одуј, Екисов син, Текуец; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
10. Седми за седмиот месец, беше Хелис, Фалусјанин, од Ефремовите синови; и во неговото
одделиние имаше дваесет и четири илјади.
11. Осми, за осмиот месец, беше Совохај, Усатитјанин од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
12. Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади.
13. Десетти, за десеттиот месец, беше Махрај, Нетофатец, од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
14. Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Фаратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
15. Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше Холдиј, Нетофатец, од потомците Готониилови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
16. А над Израилевите колена кнезови беа: во Рувимовото – Елиезер, син Зехриев; во Симеоновото – Сафатија, син Мехиев;
17. во Левиевото – Асавија, син Кемуилов; во Аронотвото – Садок;
18. во Јудиното – Елијав, од Давидовите браќа; во Исахаровиот – Амри, Михаилов син;
19. во Завулоновото – Самаија, Авдиев син; во Нефталимовото Јеримот, Озиилов син;
20. во Ефремовото синови – Осиј, Азазиев син; на полуплемето Манасиево – Јоил, Фадеев син;
21. во полуплемето Манасиево во Галад – Јадај, Завадиев син; во Венијаминовото – Јасиил, Авениров син;
22. во Дановото – Азариил, Јорамов син. Тоа беа водачите на Израилевите племиња.
23. Давид не ги преброи оние ште беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол, дека го умножи Израилот како ѕвездите небески.
24. Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израилот поради тоа пребројување, и тоа не влезе во летописите на царот Давида.
25. Над царските сокровишта беше Асмот, Одилиев син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите – Јонатан, Озиев син;
26. а над оние, што работеа полски работи, со земјоделие, беше Ездрај, Хелувов син;
27. над лозјата – Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата – Завдиј, син Сефамиев,
28. над маслините и смоквите во полињата – Геторјанинот Валанан, а над одделенијата со елеј – Јоас;
29. над крупниот добиток, што пасеше во Сарон – Саронецот Страј, а над добитокот во долините – Адаиновиот син Софат;
30. над камилите – Исмаилецот Увиј; над ослите – Маротонецот Јадија;
31. над ситниот добиток – Агаритецот Јоас. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
32. Јонатан, Давидовиот стрико, беше советник, човек умен и писмен; и Јеил, Акаманиев син, беше при царските синови;
33. Ахитофал беше царев советник; а Хусија – царев пријател;
34. а по Ахитофела беа Јодај, син Ваниев, и Авијатар; Јоав, пак, беше прв царев војвода.

28. Давид го определува Соломона за свој наследник.

1. Давид ги собра во Ерусалим сите израилски водачи, началници на племињата, началници на одделите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и оние, што беа над сите имоти и стада на царот, синовите свои, дворјаните, војводите и сите храбри мажи.
2. И стана цар Давид на нозе, па рече: „Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на Ковчегот на заветот Господов, за подножје на нозете на нашиот Бог, и по подготвив потребното за градење.
3. Но Бог ми рече: »Не гради дом на името Мое, зашто си човек војник и крв си пролевал.«
4. Меѓутоа, Господ, Бог Израилев, ме избра мене од целиот ми татков дом, за да бидам вечно цар над Израилот; зашто Он го избра Јуда за кнез, во домот на Јуда – домот на татка ми, а од синовите на таткото мој благоволи да ме постави мене за цар над сиот Израил;
5. а од сите мои синови, – зашто Господ ми даде многу синови, – Он го избра синот мој Соломона да седи врз престолот на Господовото царство над Израилот,
6. и ми рече: »Синот твој Соломон ќе го изгради Мојот дом и Моите дворови, зашто сум Си го избрал за син, и ќе му бидам татко;
7. и ќе го зацврстам царството негово засекогаш, ако тој постојано ги исполнува Моите заповеди и Моите наредби, како до денес.«
8. И сега пред очите на сиот Израил, собрание Господово, и во ушите на нашиот Бог велам: пазете ги и држете ги сите заповеди на Господа, вашиот Бог, за да владеете со оваа убава земја и да ја оставите по себеси во наследство на децата свои засекогаш.
9. И ти, сине Соломоне, да го познаваш Бога, твојот Татко, и да Му служиш од сè срце и со сета душа своја, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите движења на мислите. Ако Го бараш, ќе Го најдеш; ако Го оставиш, Он ќе те остави засекогаш.
10. Внимавај! Штом Господ те избрал да Му изградиш дом за светилиште, биде храбар и работи.”
11. Тогаш Давид му даде на синот свој Соломона нацрт за храмот и за зградите негови, за ќелиите негови, за горните соби негови и внатрешните соби негови и за домот на ковчегот,
12. и нацрт за сè, што му беше на душата, за дворовите на домот Господов, за сите одделенија наоколу, за ризниците на Божјиот дом и за ризниците на посветените предмети,
13. за свештеничките и левитските одделинија, за секаква работа при службата во домот Господов, за сите садови употребувани за служба во домот Господов,
14. за златните предмети, со ознака на тежината, за секој сад, за сите сребрени предмети, со ознака на тежината на секој сад – потребен за служба.
15. И даде злато за светилниците и за златните им кандилца, означувајќи ја тежината на секој светилник и неговото кандилце, исто така и за сребрените светилници, означувајќи ја тежината на секој светилник и неговите кандилца, според намената во служењето на секој светилник;
16. даде злато за трпезите на лебовите за предложението, за секоја златна трпеза, и сребро за сребрените трпези,
17. за виљушки, чаши и росилници од чисто злато, за златните чинии, со означување на
тежината на секоја чинија, за сребрени чинии, ознака на тежината на секоја чинија;
18. за кадилниот жртвеник од леано злато, со ознака на тежината, и за правење кола со златни херувими, со раширени крилја и надвиснати над ковчегот на заветот Господов.
19. ,Сето тоа е пишано од Господа«, велеше Давид,,како што ме вразуми по сите работи на планот.«
20. И му кажа Давид на синот свој Соломона: „Биди храбар и мажествен и зафати се за работа; не плаши се и не бој се, зашто Господ Бог, мојот Бог, е со тебе: Он нема да отстапи од тебе и нема да те остави, додека не ја свршиш целата потребна работа за домот Господов.
21. Еве ги одделите на свештениците и левитите за секоја служба при Божјиот дом. За секоја работа имаш ревносни мажи, искусни за секоја работа, и кнезовите и сиот народ се спремни за сите твои заповеди.”

29. Помазание на Соломона, Давидовата смрт.

1. Тогаш царот Давид му кажа на целото собрание: „Синот мој, Соломон, единствениот, кого Бог го избра, е млад и нежен, а делото е големо, зашто таа зграда не е за човек, туку за Господа Бога.
2. Со сите сили приготвив за домот на мојот Бог злато за златните работи, сребро за
сребрените и бакар за бакарните, железо за железните и дрво за дрвените, мраморни камења и камења за украсување, камења убави и шарени, секакви скапи камења и многу мермер;
3. и уште, од љубов кон домот на мојот Бог, што имам сопствено злато и сребро, и него го давам за домот на мојот Бог, посебно од сето она, што сум го приготвил за светиот дом:
4. три илјади таланти злато, офирско злато, и седум илјади таланти чисто сребро за обложување на ѕидовите на зградите,
5. за сите златни предмети, за сите сребрени и за сите изработки од искусни раце. Нема ли уште некој доброволно да жртвува денес за Господа?”
6. Тогаш родолначалниците и кнезовите израилски, илјадниците и стотниците и царските економи почнаа да донесуваат доброволни прилози.
7. И дадоа за уредување на Божјиот дом пет илјади таланти и десет илјади драхми злато, десет илјади таланти сребро, осумнаесет илјади таланти бакар и сто илјади таланти железо.
8. И оние, што имаа скапоцени камења, ги даваа и нив во ризницата на домот Господов, во рацете на Геросонецот Јеила.
9. И народот се радуваше на нивната сесрдност, зашто тие од сè срце жртвуваа за Господа, па и Давид многу се радуваше.
10. Тогаш го благослови Давид Господа пред целото собрание и рече: „Благословен си, Господи Боже Израилев, отсекогаш и засекогаш!
11. Твое е, Господи, и величието, и силата, и славата, и победата, и блесокот; и сè, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сè одозгора како Владетел.
12. Од Тебе е и богатството и славата; Ти владееш над сè, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твоја власт е да кренеш и да зацврстиш сè.
13. И сега, Боже наш, Те славословиме и го фалиме Твоето величествено име.
14. Зашто, кој сум јас, и кој е мојот народ, та можеме да жртвуваме толку? Но од Тебе е сè, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме;
15. зашто ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши татковци; нашите дни се како сенка на земјата, и нема ништо трајно.
16. Господи, Боже наш! Сето ова богатство, што го приготвивме, за да Ти изградиме дом Тебе, на Твоето свето име, е од Твоја рака, и сè е Твое.
17. Знам, Боже мој, дека Ти го испитуваш срцето и ја сакаш чистосрдечноста; јас со чисто срце го жртвував сето ова, и сега гледам, дека и Твојот народ, кој е собран тука, со радост жртвува за Тебе.
18. Господи, Боже на Авраама, Исака и Израила нашите татковци, запази го тоа за секогаш, тоа расположение на срдечните мисли во Твојот народ, и управи го неговото срце кон Тебе.
19. А на синот мој Соломона дај му праведно срце, за да ги запазува Твоите заповеди, Твоите откровенија и Твоите наредби, да го извршува сето тоа и да ја изгради зградата на Твојот дом, за која сум сè приготвил.”
20. А на целото собрание Давид му рече: „Благословете Го Господа, нашиот Бог!” И целото собрание Го благослови Господа, Бога на татковците свои, па коленичеа и Му се поклонија на Господа и на царот.
21. На другиот ден Му принесоа жртва на Господа, Му принесоа сепаленица на Господа: илјада телиња, илјада овни и илјада јагниња со преливните нивни, и многу жртви од сиот Израил.
22. Па јадеа и пиеја пред Господа во тој ден со голема радост, и по вторпат го прогласија Соломона, синот Давидов, за цар и го помазаа пред Господа за врховен владетел, а Садока за прв свештеник.
23. И седна Соломон на престолот Господов како цар, место татка си Давида и напредуваше, и сиот Израил му се покоруваше.
24. И сите кнезови и војводи, како и сите синови на царот Давида му се покоруваа на царот Соломона.
25. И Господ го возвеличи Соломона пред очите на сиот Израил и му дарува царска слава, каква што немаше пред него ниеден цар израилски.
26. Давид, синот Јесеев, царуваше над сиот Израил.
27. Тој царуваше над Израилот четириесет години: во Хеврон царуваше седум години, и во Ерусалим царуваше триесет и три години.
28. Потоа умре тој во длабока старост, сит од животот, богатството и славата; место него стана цар неговиот син Соломон.
29. Делата на цар Давида, првите и последните, се опишани во записите на јасновидецот Самуил, во записите на пророкот Натан и во записите на јасновидецот Гад,
30. како и целото негово царување, јунаштвото негово и настаните, што се случија со него, со Израилот и со сите земни царства.