Свето Писмо на македонски јазик

 
 
 
„Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.“ (Откровение 1,3)
 
 
 
 

Петта книга Мојсеева (Повторени закони)

1. Иако Бог му прави добрини, Израилот е неблагодарен.

1. Ова се зборовите што му ги кажа Мојсеј на сиот Израил од онаа страна на Јордан во пустињата на запад спрема Суф, меѓу Фаран и Тофол, Ловон и Авлон и рудниците на злато;
2. а од Хорив, преку планината Сир, до Кадис-Варни има единаесет дена пат.
3. На четириесеттата година, на единаесеттиот месец, во првиот ден од месецот, им кажа Мојсеј на сите синови Израилеви сè, што му беше заповедал Господ за нив.
4. Откако го порази аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог, кој живееше во Астарот, во Едраин,
5. од онаа страна на Јордан, во земјата Моавска, Мојсеј почна да го објаснува тој закон и рече:
6. „Господ, Бог наш, ни говореше на Хорив и рече: »Доста живеевте во таа планина;
7. свртете се и кренете, па влезете во гората на Аморејците и при сите нивни соседи, по рамнината, по планините и на југ и во приморската земја Хананска и во Антиливан, дури до големата река, реката Еуфрат!
8. Ете, ви ја давам таа земја, одете, земете ја земјата во наследство, која Господ со клетва им вети дака ќе им ја даде на татковците ваши – на Авраама, Исака и Јакова, ним и на потомството нивно.
9. И јас ви реков во она време: »Не можам сам да ве водам;
10. Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како ѕвездите небески:
11. Господ, Бог на татковците ваши, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше!
12. Како ќе ги носам сам страдањата ваши, тежините ваши и расправиите ваши?
13. Изберете си сперед вашите племиња луѓе мудри, разумни и искусни, а јас ќе ви ги поставам за началници.
14. Вие ми одговоривте тогаш и рековте: «Тоа е добро што велиш да го направиме.”
15. И зедов од вас мажи мудри, разумни и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и записничари кај судиите ваши.
16. И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и реков: «Ислушувајте ги браќата свои и судете справедливо како човек спрема брат, така и неговиот придојден;
17. Во судот не правете разлика меѓу лицата, ислушувајте го и малиот, и големиот: не плашете се од лицето човечко, бидејќи судот е Божји; а ако имате дело, кое е тешко за вас, обрнете се до мене, и јас ќе го ислушам.«
18. И во тоа време ви заповедав за се« што треба да правите.
19. И откако тргнавме од Хорив, одевме по целата таа голема и страшна пустиња, што ја видовте, по пат кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог, и стигнавме во Кадис-Варни.
20. Тогаш јас ви реков: «Вие стигнавте на Аморејската планина, која Господ, Бог наш, ви ја дава;
21. ете, Господ, Бог ваш, ви ја предаде оваа земја; штом ќе влезете, земете ја во владение, како што им рече Господ, Бог на вашите татковци: не бојте се и се плашете!«
22. Но вие сите дојдовте при мене и рековте: «Да испратиме пред нас луѓе, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ќе одиме, и за градовите, во кои ќе влеземе.”
23. Ми се свидоа тие зборови, а јас зедов од вас дванаесет души, по еден човек од секое племе.
24. Тие тргна, се качија на планината, дојдоа до долината со лозја и ја разгледаа;
25. па зедоа во рацете свои плодови од земјата, ни ги донесоа, и ни известија, велејќи: «Добра е земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.«
26. Но вие не сакавте да одите и се оглушивте од заповедта на Господа, вашиот Бог,
27. и возроптавте во шаторите свои, велејќи: «Господ, од омраза спрема нас, ни изведе од земјата Египетска, за да не« предаде во рацете на Аморејците и да не истреби;
28. како ќе одиме?« Вашите браќа ве обесхрабрија, велејќи: «оној народ е поголем, поброен и посилен од нас, таму градовите се поголеми и оградени со ѕидови до небеса, па и луѓе исполини видовме таму.«
29. Тогаш јас ви реков: «Не ужасувајте се и не плашете се од нив;
30. Господ, Бог ваш, оди пред вас; Он ќе се бори за вас, исто онака, како што ви направи вам во Египет, пред очите ваши.
31. И во оваа пустиња, како што видовте, Господ, Бог твој те пазеше, како што човек го пази синот свој, по целиот пат, по кој минавте, додека стигнавте на ова место.«
32. Но и при тоа вие на Му верувавте на Господа, вашиот Бог,
33. Кој одеше пред вас по патот, за да ви одбере место, каде да запрете – ноќе со оган, за да ви го сочува патот по кој одите, а дење со облак.
34. И кога Господ Бог ги чу зборовите ваши, се разгневи, и се заколна, велејќи:
35. «Никој од овие луѓе, нема да ја види добрата земја, за кој им се заколнав на татковците нивни, дека ќе им ја дадам,
36. освен Халев, Јефониевиот син, тој ќе ја види; нему ќе му ја дадам земјата, во која влезе, и на синовите негови, зашто Му се покоруваше на Господа.«
37. Господ се разгневи и на мене заради вас, велејќи: «И ти нема да влезеш таму;
38. Иисус, синот Навинов, кој е при тебе, тој ќе влезе таму; него поткрепи го; тој ќе му ја даде на Израилот во наследство;
39. и децата ваши, за кои говоревте, дека ќе станат плен на непријателите, и синовите ваши, кои засега не знаат што е добро, и што зло, тие ќе влезат таму, ним ќе им ја дадам, и тие ќе ја наследат.«
40. А вие свртивте и тргнавте кон пустињата, по патот кон Црвеното Море.
41. Вие одговоривте тогаш и ми рековте: «Згрешивме пред Господа, нашиот Бог; ќе одиме и ќе се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.« И вие го опашавте секој бојното оружје свое, па се собравте и се искачивте на планината.«
42. Но Господ ми рече – кажи им: «Не одете и не војувајте, зашто Јас нема да бидам меѓу вас, за да не бидете разбиени од непријателите ваши.«
43. И јас ви го кажав тоа, но вие не ме послушавте и ја престапивте Господовата заповед и своеволно се искачивте на планината.
44. Тогаш излезе против вас Амореј, кој живееше во таа планина, и ве прогна, како што прават пчелите, и ве разбиваше од Сир дури до Хорма.
45. Вие тогаш се вративте и почнавте да плачете пред Господа, но Господ не го чу плачот ваш и не ве послуша.
46. и останавте во Кадис многу време, колку што бевте таму.”

2. Одење по пустињата. Победа над Сион.

1. „Кога се вративме и тргнавме по пустињата кон Црвено Море, како што ми беше рекол Господ, и многу време одевме околу планината Сир.
2. И Господ ми рече, велејќи:
3. ‘Доста одевте околу таа планина, свртете се, пак, кон север.
4. Заповедај му на народот и кажи му: “Ќе поминете сега низ пределите на вашите браќа, синовите Исавови, кои живеат во Сир, и тие ќе се исплашат од вас, и ќе се ужасат.
5. Но вие на започнувајте со нив војна. Јас нема да ви дадам од земјата нивна ни една стапка, зашто планината Сир со жреб им ја дадов на синовите Исавови.
6. Храна купувајте од нив со сребро и јадете; и вода купувајте од нив според цената и пијте;
7. зашто Господ, Бог твој, те благослови во секое дело на твоите раце, сети се како помина, додека патуваше ти по таа голема и страшна пустиња; ете, четириесет години Господ, Бог твој, е со тебе; ти од ништо не се лишуваше.’
8. И минавме покрај нашите браќа, синовите Исавови, кои живеат во Сир, по арабискиот пат, од Елон и Гесион – Гавер, па свртивме и го изминавме патот во пустињата Моав.
9. И му рече Господ: ‘Не се карајте со Моавците, ниту почнувајте со нив војна; зашто Јас не ви дадов со жреб ништо од земјата нивна, бидејќи Јас им дадов на Лотовите синови да го наследат Ароир.’
10. Порано таму живееја Омините, народ голем, многуброен и силен како Енаковците,
11. и се сметаа меѓу Рафаините за Енаковци; Моавците, пак, ги нарекуваа Омини.
12. А во Сир живееја порано Хорејците; но синовите Исавови ги изгонија и ги истребија од пред себе и се населија наместо нив – така, како што постапи Израилот со земјата на своето наследство, што им го беше дал Господ.
13. ‘И сега, станете и преминете ја долината Заред. ‘И ние ја минавме долината Заред.
14. Откако отидовме во Кадес-Варни и ја минавме долината Заред, поминаа триесет и осум години, додека во таборот не изгинаа сите мажи, годни за војна, според она како што им се беше заколнал Господ Бог;
15. пак и раката Господова беше против нив, истребувајќи ги од логорот, дедека сите не изумреа.
16. И тогаш, кога изгинаа сите мажи, годни за војна, и тие умирајќи меѓу народот,
17. Господ ми рече, велејќи:
18. ‘Ти минуваш сега покрај пределите Моавски, наречени Ароир,
19. и кога ќе се приближиш до Амоновите синови, не судрувај се со нив, ниту почнувај со нив војна, зашто Јас нема да ти дадам ништо во наследство од земјата на Амоновите синови, бидејќи им ја дадов на Лотовите синови со жреб.’
20. Таа се сметаше за земја на Рафаините: порано живееја во неа Рафаините; Амонитите, пак, ги нарекуваа Зомијци;
21. тие беа народ голем, многуброен и јак како Енаковците, и Господ ги истреби пред лицето нивно, и Амонитите ги изгонија и се населија на местото нивно,
22. како што направи за синовите Исавови, кои живеат во Сир, истребувајќи ги пред нив Хорејците, и тие ги изгонија, и се населија на местото нивно и живеат до ден денес.
23. И Евејците, што живееја во Асирот дури до Газа, Кападокијците, кои беа излегле од Кападокија, ги истребија и се населија на местото нивно.
24. ‘Станете, тргнете и минете во долината на Арнон; ете, го предавам во раката твоја Сион, царот есевонски, Амореец, и неговата земја; почни да ја наследуваш и војувај против него;
25. од денес Јас ќе почнам да сеам страв и ужас пред тебе врз народите под целото небо; оние, што ќе чујат за тебе, ќе се смутат и ќе се разболат од лицето твое.’
26. И испратив пратеници од пустињата Кедамот при есевонскиот цар Сион, со мирни зборови, за да кажат:
27. ‘Дозволи ми да минам преку твојата земја; ќе одам по патот, нема да скршнувам ни десно ни лево;
28. храна продавај ми за пари, и јас ќе јадам, и вода продавај ми за пари, и јас ќе пијам; само со нозете мои да минам.’
29. Така, како што му дозволија синовите Исавови, кои живеат во Сир, и Моавците од Ароир, додека не минам преку Јордан во земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.
30. Но есевонскиот цар Сион не се согласи да минеме преку земјата негова, зашто Господ, Бог наш, го ожесточи духот негов и срцето му го окорави, за да го предаде во раката твоја, како што тоа се виде сега.
31. И ми рече Господ: ‘Ете, Јас почнав да ти го предавам Сиона, царот есевонски, Амореецот, и земјата негова; почнувај да ја населуваш земјата негова.’
32. И сион, царот есевонски, со целиот народ свој излезе против нас во бој при Јаса;
33. и го предаде Господ, Бог наш, во рацете наши и ние го разбивме него, синовите негови и целиот народ негов.
34. Тогаш ги презедовме сите градови негови, ги разоривме сите градови, а и жените и децата не ги оставивме живи;
35. само добитокот им го зедовме и пленот од градовите, што ги презедовме.
36. Од Ароир, кој е при устието на потокот Арнон, и од тој град, кој е во долината, до планината Галад, немаше град, непристапен за нас: се’ ни предаде Господ, Бог наш, во рацете наши.
37. Само кон земјата на Амонитите не пристапивме ниту до местата, блиски до потокот Јавок ниту кон градовите по планината, ниту до се’, за кое не ни заповеда Господ, Бог наш.

3. Добиената земја е дар Божји.

1. И се свртивме оттаму и појдовме кон Васан, и васанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, при Едраим.
2. И ми рече Господ: »Не бој се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во раката твоја него и целиот народ негов и целата земја негова, и ти ќе направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.
3. И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот васански, и целиот народ негов; и го разбивме него, така што од него не остана никој жив.
4. Тогаш му ги презедовма сите градови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив; шеесет градови, целата област Аргов во царството на Ог васански.
5. Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидови, порти и довратници, освен многуте ферезејски градови.
6. И ние ги поразивме, како што направивме со Сиона, царот есевонски, уништувајќи ги сите градови заедно со жените и децата;
7. а целиот добиток и пленот од градовите го разграбивме.
8. И во тоа врема ја презадовме од рацете на двајцата цареви аморејски земјата од онаа половина на Јордан, од потокот Арнон дури до планината Аермон,
9. – Финикијците го викаат Ермон-Сирион, а Аморејците го нарекуваат +Сенир.
10. Сите градови во рамнината, целиот Галад и целиот Васан до Салха и Едраим, беа градови од царството на Ог васански;
11. зашто само васанскиот цар Ог остануваше од Рафаините. Ете, одарот му беше железен одар, и сега е во приградието на Амоновите синови: долг девет лакти, а широк – четири лакти, машки лакти.
12. И тогаш ја наследивма таа земја, почнувајќи од Ароир, кој е устие на потокот Арнон; а половината од планината Галад со градовите му ја предадов на Рувимовото и Гадовото племе.
13. остатокот, пак, од Галад и целиот Васан, царството на Ог, му го предадовме половината на Манасиевото племе, целата област Аргов, со цел Васан. Таа земја се нарече Рафаинска.
14. Јаир, Манасиевиот син, ја презеде целата обгласт Аргов, дури до пределите Гаргасински, и Махатински, и ги нарече Јаирови села, според своето име, како што се викаат и до ден денес.
15. На Махир му го дадов Галад;
16. а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галад дури до потокот Аронон, земјата меѓу потокот и пределот, до потокот Јавок, пределот на Амоновите синови,
17. исто така и Арав, и Јордан, предел од Маханерет дури до морето арабиско, до Соленото Море, под Асидот – Фазга од исток.
18. Тогаш и ви заповедав, велејќи: «Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја со жреб; сите способни за војна, откако ќе се вооружите, појдете пред браќата ваши, Израилевите синови;
19. само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, (бидејќи знам, оти имате многу добиток), нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов,
20. додека Господ Бог не им даде покој на вашите браќа, како и вам, и додека и тие на ја наследат и таа земја, кој Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.«
21. А на Иисуса му заповедав во она време, велејќи: «Очите ваши видоа се«, што Господ, Бог ваш, им направи на тие двајца цареви; исто ќе направи Господ и со сите царства, преку кои ќе минуваш.
22. Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас,«
23. И Му се помолив на Господа во она време, велејќи:
24. «Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и силата Своја и цврстата рака Своја и високата мишка Своја; па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, како што е Твојата?
25. Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна гора и Анти – Ливан.«
26. Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: «Доста, во иднина да не ми говориш повеќе за тоа;
27. искачи се на врвот на гората и крени ги очите кон морето и кон север, кој југ и кон исток, погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан;
28. упати го Иисуса, поткрепи го и утеши го: зашто тој ќе го предводи овој народ и тој ќе им го раздели наследството на целата земја, на која ти ќе погледнеш.«
29. И се задржавме во долината близу до домот на Фогор.”

4. Израилот треба да Му е покорен на Бога.

1. “И така, Израиле, послушај ги наредбите и законите, на кои јас денес ве учам да ги исполнувате, за да бидете живи и да се размножувате и да отидете и да ја наследите онаа земја, кој Господ, Бог на вашите татковци, ви ја дава во наследство;
2. не додавајте ни збор повеќе на она што ви го заповедам, ниту да одземате од него; исполнувајте ги заповедите на Господа, вашиот Бог, кои јас денес ви ги предавам;
3. очите ваши видоа се’, што Господ, Бог наш, му направи на Велфегор; зашто Господ, Бог наш, ќе го истреби од средината твоја секој, што ќе го следи Велфегор;
4. а вие, кои му припаѓате на Господа, вашиот Бог, сите сте живи до ден денес.
5. Ете, ви ги изнесов наредбите и законите, кои ми ги предаде Господ, Бог мој, за да постапувате така во земјата, во која влегувате, за да ја наследите.
6. И така, пазете ги и исполнувајте ги, зашто во тоа е вашата мудрост и вашиот разум пред очите на сите народи, кои, откако ќе ги чујат сите тие наредби, ќе речат: овој голем народ е мудар и разумен народ.
7. Оти има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил толку, како што е близок кон нас Господ, нашиот Бог, кога и да го повикаме?
8. И им ли некој голем народ со такви праведни наредби и закони, како целиот овој закон, што ви го предавам денес?
9. Само пази се и грижливо чувај ја душата своја, за да не ги заборавиш делата, што ги видоа твоите очи, и тие да не излегуваат од срцето твое, во сите денови на твојот живот, и да продолжат така и синовите твои, и синовите на синовите твои.
10. Во оној ден, кога стоевте пред Господа, вашиот Бог, при Хорив, кај скинијата, и кога ми рече Господ: ‘Собери го при Мене народот, за да им ги кажам Моите зборови, од кои ќе научат да се бојат од Мене во сите денови на својот земен живот и да ги научат синовите свои.’
11. Вие се доближивте и застанавте по планината, а планината гореше во оган до самото небо; и имаше темнина, облак и мрак, и ветер.
12. И Господ ви говореше на планината од средината на огнот; гласот на зборовите негови ги чувте, но образ не видовте, туку чувте само глас.
13. И Он ви го објави заветот Свој, и ви заповеда да ги исполнувате десетте заповеди и ги напиша на две камени плочи.
14. Тогаш Господ ми заповеда да ве научам на наредбите и законите, за да ги исполнувате во земјата во која влегувате, да ја наследите.
15. Бидете цврсто убедени во душите свои, бидејќи не видовте никакво лице во оној ден, кога Господ ви говореше, во гората Хорив од средината на огнот.
16. Не вршете беззаконија, правејќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена,
17. лик на некое животно што е на земјата, лик на некоја перната птица, која лета под небото,
18. лик на секаков гад што ползи по земјата, лик на секаков вид риба, која е во водата подолу од земјата;
19. и да не се соблазниш ти, кога ќе погледнеш кон небото и го видиш сонцето, месечината и ѕвездите и сета убавина небеска, та да им се поклониш и да им послужиш, зашто Господ, твојот Бог, ги определил за сите народи под небото.
20. А вас, пак, Господ Бог ве зеде и ве изведе од железната печка, од Египет, та да бидете народ Негов, како што сте тоа денес.
21. И се разгневи Господ Бог на мене поради вас и се заколна, дека нема да го минам Јордан и нема да влезам во онаа убава земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.
22. Јас ќе умрам во оваа земја, а да не го минам Јордан, додека вие ќе минете и ќе ја заземете таа убава земја.
23. Гледајте, да не го заборавите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он го склучи со вас, и да ни се правите каквигоде резани ликови, како што ти заповеда Господ, твојот Бог;
24. бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, +Бог ревнител.
25. Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, почнете да вршите беззаконија и направите каковгоде резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господа, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите.
26. Денес, еве, ви сведочам со небото и со земјата, дека наскоро ќе ја изгубите оваа земја, во која одите да ја наследите од онаа страна на Јордан; нема да останете во неа долго, ами ќе загинете.
27. И ќе ве растури Господ по сите народи, и ќе станете малубројни меѓу народите, кај кои ќе ве одведе Господ;
28. и таму ќе им служите на нивните богови, што рака човечка ги направила од дрво и камен, кои не гледаат и не чујат, не јадат, и не мирисаат.
29. Но таму кога ќе Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете, ако Го побарате од се’ срце и од целата душа во вашата жалост.
30. Кога ќе западнеш во тага, и кога сето тоа со време ќе те снајде, ти ќе Му се обрнеш на Господа, твојот Бог, и ќе го чуеш гласот Негов.
31. Господ, твојот Бог, е Бог благ и милосрден; Он нема да те остави, нема да те погуби и нема да го заборави заветот со твоите татковци, на кои со клетва им го потврдил.
32. Зашто, запрашај се за поранешните времиња, што беа пред тебе, од оној ден, кога Бог го создаде човекот на земјата, и од едниот крај на небото до другиот; имало ли нешто такво како ова големо дело, или се чуло ли за слично на него?
33. Го чул ли некој народ некогаш гласот на живиот Бог, Кој говори од оган, како што ти чу, и остана жив?
34. Зар не виде дека Бог отиде и си зеде народ од другите народи преку порази, претскажувања и чудеса, преку војна, и со силна рака, со висока мишка и со големи ужаси, како што направи за вас Господ, вашиот Бог, во Египет пред твоите очи?
35. Тебе ти е дадено да го разбереш тоа, за да знаеш дека само Господ, твојот Бог е Бог и дека нема друг освен Него.
36. Он ти дозволи од небото да го чуеш гласот Негов, за да те научи, а на земјата ти го покажа Својот голем оган, и ти ги слушаше зборовите Негови од огнот;
37. бидејќи Он ги засака твоите татковци и ве избра вас, потомците нивни по нив, и те изведе Сам со големата сила Своја од Египет,
38. за да ги порази од пред тебе народите што беа поголеми и посилни од тебе, да те воведе и да ти ја даде земјата нивна во наследство, која сега ја имаш.
39. И така, знај сега и вразуми се, дека Господ, твојот Бог, е Бог на небото горе и на земјата долу, и нема друг освен Него;
40. и пази ги наредбите Негови и заповедите Негови, кои денес ти ги давам за да биде добро за тебе и за твоите синови по тебе и да останеш долго во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш,”
41. Тогаш Мојсеј оддели три града од онаа страна на Јордан, откај изгревот на сонцето,
42. за да избега таму убиец, кој не сакајќи ќе убие ближен свој, а да не му бил непријател ни вчера, ниту завчера, и, откако ќе избега во еден од тие градови, да остане жив.
43. Восор во пустињата, населена од племето Рувимово, и Рамот во Галад, наследство Гадово, и Гавлон во Васан, земја на племето Манасиево.
44. Тоа е законот што Мојсеј им го предложи на синовите Израилеви;
45. тоа се заповедите, наредбите и законите, кои Мојсеј им ги кажа на синовите Израилеви во пустињата откако беа излегле од Египет,
46. од онаа половина на Јордан, во долината во близина на домот Фогоров, во земјата на Аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, кого Мојсеј го разби со синовите Израилеви, откако беа излезени од Египет.
47. И ја наследија земјата негова и земјата на васанскиот цар Ог, обајцата цареви на Амореја, која е од онаа половина на Јордан, откај изгревот на сонцето,
48. од Ароир, при устието на потокот Арнон, до планината Сион, тоа е и Ермон;
49. и целиот Арав од оваа страна на Јордан кон исток, под самиот Асидот.

5. Повторување на десетте Божји заповеди.

1. Тогаш Мојсеј го свика сиот Израил и им рече: “Слушај ги, Израиле, наредбите и законите што ви ги кажувам денес во ушите ваши, научете ги и трудете се да ги исполнувате.
2. Господ, нашиот Бог, склучи со вас завет на Хорив.
3. Тој завет Господ не го склучи со нашите татковци, туку со нас, кои сме сега тука сите живи.
4. Лице кон лице ви говореше Господ вам на планината од огнот:
5. јас пак, стоев меѓу Господа и меѓу вас во тоа време, за да ви ги пренесувам зборовите Господови, бидејќи вие се плашевте од огнот и не излеговте на планината. Он тогаш рече:
6. “Јас сум Господ, твојот Бог, Кој те изведов од Египетската земја, од домот на ропството;
7. да немаш други богови пред лицето Мое!
8. Не прави идоли и никакви ликови на она, што е на небото горе, и што е на земјата долу, и што е во водите под земјата,
9. не им се клањај и не им служи; зашто Јас сум Господ, Бог твој, Бог ревнител, кој, за гревот на татковците што Ме мразат ги казнувам децата, до третото и четвртото колено,
10. и Кој покажува милост до илјадници поколенија кон оние, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.
11. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог; зашто Господ, твојот Бог, нема да го очисти оној, што го употребува името Негово напразно!
12. Пази го саботниот ден, за да ти биде свет, како што ти заповедал Господ, твојот Бог;
13. шест дена работи и врши ги сите работи,
14. а седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог: не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни оселот твој, ниту некој твој добиток, ниту придојдениот твој, кој е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја и оселот твој, како и ти.
15. И запомни, дека ти беше роб во Египетската земја, но Господ, твојот Бог, те изведе оттаму со цврста рака и со висока мишка; затоа и ти заповеда Господ, твојот Бог, да го почитуваш саботниот ден и да ти е свет.
16. Почитувај го таткото твој и мајката твоја, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог.
17. Не убивај!
18. Не врши прељуба!
19. Не кради!
20. Не сведочи лажно против ближниот свој!
21. Не ја пожелувај жената на ближниот свој и не го пожелувај домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ниту робот негов, ниту робинката негова, ниту волот негов, ниту оселот негов ниту како и да било добиток негов, ниту нешто друго, кое е на ближниот твој!’
22. Тие зборови ги изрече Господ громогласно кон целото ваше собрание на планината од огнот, облакот и мракот, и повеќе не говореше, и ги напиша на две камени плочи и ми ги предаде.
23. И кога го чувте гласот од мракот, и планината гореше во оган, вие се приближивте до мене, сите началници на вашите племиња и старешините ваши,
24. говорејќи: ‘Ете, ни ја покажа Господ, нашиот Бог, славата Своја и го чувме гласот Негов од огнот; денес видовме, дека Господ му говореше на човек, и тој остана жив.
25. А зошто сега да умреме? Бидејќи тој голем оган ќе не изгори; ако пак го чуеме гласот на Господа, нашиот Бог, ќе умреме;
26. кое е тоа тело што го чуло, како ние, гласот на живиот Бог, Кој говореше од огнот, а да останало живо?
27. Пристапи ти и послушај се’, што ти вели Господ, нашиот Бог, кажи ни се’, што ќе ти каже Господ, нашиот Бог, а ние ќе послушаме и така ќе правиме.’
28. И Господ ги чу вашите зборови, како разговаравте со мене, и ми рече Господ: ‘Ги чув зборовите на твојот народ, кој ти говореше; се’ што рекоа, е добро.
29. О, да имаа тие такво срце, та да се плашеа од Мене и да ги слушаа сите заповеди Мои во сите денови, тогаш ќе им беше добро ним и на синовите нивни во веки!’
30. Оди и кажи им: ‘Ватете се во домовите ваши!
31. а ти остани тука со Мене, и Јас ќе ти ги кажам сите заповеди, наредби и закони, на кои треба да ги научиш, како да постапуваат во онаа земја, што им ја давам во наследство.’
32. Гледајте да постапувате така, како што ви заповеда Господ, вашиот Бог, не скршнувајте ни десно, ни лево;
33. одете по патот, по кој ви заповеда Господ, вашиот Бог, за да бидете живи и да ви биде добро и да поживеете долго време во онаа земја, што ќе ја добиете во наследство.”

6. Објаснување на првата заповед за љубовта спрема Бога.

1. “Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите:
2. да се плашиш од Господа, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, кои денес ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго.
3. И така, чуј Израиле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол, дека тебе ќе ти даде земја, каде што тече мед и млеко. (Тоа се наредбите и законите, што им ги заповеда Господ Бог на синовите Израилеви во пустињата, откако излегоа од Египетската земја.)
4. Почуј, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ,
5. сакај Го Господа, твојот Бог, од се’ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!
6. Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во срцето твое и во душата твоја;
7. и пренесувај им ги на децата свои и говори за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;
8. и врзи ги на раката своја како знак и да ти биде тој непоколеблив пред очите твои,
9. и напишете ги на надвратникот на куќите ваши на вратите ваши.
10. Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Он им се заколна на татковците твои – Авраама, Исака и Јакова, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел,
11. и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па јади и наситувај се!
12. Тогаш пази да не се одврати срцето твое и да Го заборавиш Господа, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
13. Бој се од Господа, твојот Бог, и само Нему служи Му, и кон Него биди приврзан и во Негово име колни се!
14. Не одете по други богови, богови на оние народи, што ќе бидат околу вас;
15. зашто Господ, твојот Бог, Кој е покрај тебе, е Бог ревнител; за да не се разгори гневот на Господа, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби Он од лицето на земјата.
16. Не искушувајте Го Господа, +вашиот Бог, како што Го искушувавте во Маса.
17. Пазете ги цврсто заповедите на Господа, вашиот Бог, и законите Негови и наредбите, што ти ги заповедав тебе;
18. и вршите го она што е право и добро пред очите на Господа, твојот Бог, за да ти биде добро и да влезеш и да ја наследиш добрата земја, за која Господ со клетва им ја вети на татковците ваши,
19. и дека Он ќе ги изгони сите твои непријатели од пред тебе, како што говореше Господ.
20. Ако еден ден синот твој те запраше, велејќи: ‘Што значат тие заповеди, наредби и закони, кои ви ги заповеда Господ, Бог ваш?’
21. Кажи му ги тогаш на синот твој: ‘Ние бевме робови на Фараонот во Египет, но Господ Бог не’ изведе од Египет со силна рака и цврста мишка,
22. и покажа Господ Бог знаци и големи чуда и поразии над Египет, над Фараонот и над целиот дом негов и над војската негова, пред очите наши;
23. а нас ни изведе Господ Бог оттаму за да ни воведе и ни ја даде оваа земја, за која Господ Бог им се заколна на нашите татковци дека ќе ни ја даде.
24. И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се боиме од Господа, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, за да си го зачуваме животот свој, како и денес.
25. И ќе имаме милост, ако се трудиме да ги извршуваме сите тие заповеди на законот пред Господа, нашиот Бог, како што ни заповеда Он.’

7. Однос спрема боговите на незнабошците.

1. “Кога Гсопод, твојот Бог, ќе те воведе во земјата, во која ти одиш, за да ја наследиш, и ги изгони од пред тебе многубојните народи: Хетејците, Гергесијците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Јевусејците, – седум народи, кои се побројни и посилни од вас.
2. И ќе ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ги разбиеш, – тогаш предај ги на клетва, не прави со нив сојуз и немој да ги помилуваш;
3. и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој,
4. зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господа и Он ќе те истреби.
5. Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги и дабовите нивни исечете ги и резаните ликови нивни со оган изгорете ги;
6. зашто ти си свет народ на Господа, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов соспствен народ меѓу сите народи, што се на земјата.
7. Не затоа, дека сте побројни од сите народи, ве прими Господ и ве избра, – бидејќи вие сте помалубројни од сите народи, –
8. туку затоа што Господ ве засака и за да ја одржи клетвата, со која Он им се беше заколнал на татковците ваши, и ве изведе Господ со силна рака и цврста мишка и те ослоободи од домот на ропството, од раката на Фараонот, египетскиот цар.
9. И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази од илјада поколенија Својот завет и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови;
10. а оние, што Го мразат, ги казнува нив, и ги погубува; Он не заборава да го казни токму оној, кој Го мрази.
11. И така, пази ги овие заповеди, наредби и закони, кои денес ти ги кажувам и да ги исполнуваш.
12. И ако ги слушате сите овие закони и ги пазите и исполнувате, Господ, твојот Бог, ќе го пази заветот и милоста кон тебе, како што им се заколна Он на татковците ваши;
13. ќе те засака, ќе те благослови, ќе те намножи и ќе го благослови плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја: пченицата твоја, и виното твое, и елејот твој, и родот на воловите твои, и стадата на овците твои, во онаа земја, за која Он им се заколна на татковците твои дека ќе ти ја даде;
14. благословен ќе бидеш повеќе од сите народи: нема да има ни бесплоден меѓу вас, ни бесплоден меѓу добитокот твој;
15. и ќе ја отстрани од тебе Господ, твојот Бог, секоја немоќ, и никакви лути египетски болести, што си ги видел, и кои ги знаеш, нама да испрати врз тебе, и ќе ги испрати на сите што те мразат;
16. и ќе ги уништиш сите народи, што Господ, твојот Бог, ти ги дава: и да не бидат поштедени пред окото твое; и не служи им на боговите нивни, бидејќи тоа е јамка за тебе.
17. Ако кажеш во срцето свое: ‘овие народи се побројни од мене, како можам да ги поразам?’
18. не плаши се од нив, спомни си, што направи Господ, твојот Бог, со Фараонот и со целиот Египет.
19. Сети се за оние големи искушенија што ти ги видоа очите твои, на оние знаци, и на големите чуда и на силната рака и цврстата мишка, со кои те изведе Господ, твојот Бог; тоа исто ќе го направи Господ, твојот Бог, и со сите народи, од кои се боиш;
20. И стршели ќе испрати Господ, твојот Бог врз нив, додека не загинат оние што останале и оние што се сокриле пред тебе;
21. не плаши се од нив, бидејќи Господ, твојот Бог, е со тебе; Бог голем и силен.
22. И Господ, твојот Бог, ќе ги прогонува од пред тебе тие народи малку по малку; ти не можеш брзо да ги истребиш, за да не стане замјата пуста и да се намножат против тебе дивите ѕверови;
23. но ќе ти ги предава Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ќе ги победиш во големи борби, се’ додека не загинат;
24. и ќе ги предаде во твоите раце царевите нивни, и ти ќе го истребиш името нивно од под небото: никој нема да устои против тебе додека не ги истребиш.
25. Ликовите на боговите нивни со оган изгорете ги; да не ти се присака да го земеш среброто или златото, што е на нив, за да не биде тоа за тебе јамка, бидејќи е тоа одвратност пред Господа, твојот Бог;
26. и не ја внесувај гнасотијата во домот свој, за да не бидеш проколнат, како тие; одвраќај се од тоа и гнаси се од него, бидејќи тоа е проклетство.

8. Опомена за благодарност спрема Господа.

1. “Сите заповеди, кои денес ви ги кажувам, настојувајте да ги исполнувате, за да бидете живи и да се множите, и да отидете и да ја наследите добрата земја, која Господ Бог со клетва им ја вети на вашите татковци.
2. И помни го целиот пат, по кој што те водеше Господ, твојот Бог, по пустињата еве веќе четириесет години, за да те искуша и да дознае што е во срцето твое, дали ги почитуваш заповедите Негови, или, пак, не.
3. Он те смируваше, те мачеше со глад и те хранеше со мана, која ти не ја знаеше, не ја знаеја ни твоите татковци, за да ти покаже, дека човекот не живее само од леб, но човекот живее и од секој збор што излегува од устата на Господа;
4. облеката твоја не изветве на тебе, и ногата твоја не отече, еве веќе четириесет години.
5. И знај во срцето свое, дека Господ, твојот Бог, те казнува како што човекот го казнува синот свој.
6. Затоа почитувај ги заповедите на Господа, твојот Бог, оди по патиштата Негови и бој се од Него.
7. Зашто Господ, твојот Бог, те води во добра и богата земја, каде што по полињата и планините, течат потоци, а има и извори и езера,
8. во земјата на пченицата, јачменот, лозјата, смоквите и калинките; во земја, каде што има маслинов елеј и мед;
9. во земја, каде што ќе го јадеш лебот свој без недостаток и од ништо нема да имаш потреба, – во земја, каде што камењата се железо, и од планините ќе копаш бакар.
10. И кога ќе јадеш и ќе бидеш сит, благословувај Го Господа, твојот Бог, за добрата земја, што ти ја даде.
11. Гледај да не го заборавиш Господа, твојот Бог, не почитувајќи ги заповедите Негови и наредбите Негови, кои денес ти ги кажувам.
12. Кога ќе јадеш и ќе бидеш сит, и изградиш убави куќи и ќе се вселиш во нив,
13. кога ќе ти се намножат говедата и овците и кога се збогатиш со многу сребро и злато, и од се’ ќе имаш во изобилие,
14. гледај, да не се возгордее срцето твое, та да заборавиш на Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската замја, од домот на ропството;
15. Кој те преведе преку големата и страшна пустиња, каде што има змии што загризуваат, скорпии и суви места, во кои нема вода; Кој ти извади вода од најтврда карпа, и
16. те хранеше во пустињата со мана, која ти не ја знаеше, а и таковците твои не ја знаеја, за да те смири и да те искуша, па да ти направи потоа добро,
17. и за да не кажеш во срцето свое: ‘мојата сила и цврстината на мојата рака го здобија ова богатство,’
18. но да Го помниш Господа, твојот Бог, зашто Он ти даде сила за да се здобиеш со богатство, за да го исполни, како денес, Својот завет, кој со клетва го беше потврдил на татковците твои.
19. Ако пак Го заборавиш Господа, твојот Бог, и тргнеш по други богови, служејќи им и поклонувајќи им се, ви сведочам денес со небото и со земјата, дека ќе изгинете;
20. онака како народите, кои Господ Бог ги уништи пред вас: така ќе загинете и вие, затоа што не го послушавте гласот на Господа, вашиот Бог.”

9. Победата и спасението се од Бога, а не од човекот.

1. Чуј, Израиле: ти денес ќе го минеш Јордан да завладееш народи, поголеми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса,
2. луѓе големи, и многубројни, и високи, Енаковите синови, за кои знаеш и си слушал: ‘Кој може да им се противстави на Енаковите синови?’
3. Но сега знај, дека Господ, твојот Бог, е пред тебе како оган, што гори: Он ќе ги одврати од лицето твое и наскоро ќе ги истреби, како што ти рече тебе Господ.
4. Кога ќе ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: ‘Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа добра земја;’
5. не заради праведноста твоја и не заради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку поради беззаконијата на тие народи Господ, твојот Бог, ги изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, за кој им се заколна Господ на татковците ваши: Авраама, Исака и Јакова;
6. затоа знај сега, дека не заради праведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, – бидејќи вие сте луѓе жестоки.
7. Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пустињата: од оној ден, кога излеговте од Египетската земја, па се’ додека пристигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господа.
8. и при Хорив вие Го разгневивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби,
9. кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ ви ги беше ветил вам; и останав на планината четиеисет дена и четириесет ноќи, леб на јадев и вода не пиев;
10. и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа напишани сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието.
11. Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноќи, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот,
12. и ми рече Господ: ‘Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати многу брзо; тие се отстранија од патот, што им го заповедав; тие си направија идол.’
13. И ми рече Господ: ‘Јас ти говорев еднаш и двапати: го гледам тој народ, ете, тој е народ жесток;
14. остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе да направам народ поголем, посилен и помногуброен од нив.’
15. Јас се свртив и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце;
16. и видов, дека вие бевте згрешиле против Господа, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бевте отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ да го држите;
17. тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас.
18. И Му се помолив на Господа пак, како и порано, и пак четириесет дена и четириесет ноќи леб не јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згрешивте, зашто извршивте зло пред Господа, вашиот Бог, и Го разгневивте;
19. бидејќи јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш.
20. А и на Арона силно се разгневи Господ и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арона.
21. А гревот ваш, што го направивте, телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината.
22. И во Тавер, и во +Маса и во местото: Киврот-Атави вие Го разгневивте Господа, вашиот Бог.
23. И кога Господ ве прати од Кадис-Варни, со зборовите: ‘Одете и наследете ја земјата, што ви ја давам,’ – вие и’ се противставивте на зеповедта на Господа, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов.
24. Вие Му бевте непокорни на Господа уште од оној ден, откога ве запознав.
25. И Му се молев на Господа, Го молев четириесет дена и четириесет ноќи, бидејќи Господ сакаше да ве истреби;
26. Му се молев на Господа и реков: ‘Господи, Господи, Цару на боговите, не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака и цврста мишка;
27. спомни Си за Твоите слуги Авраама, Исака и Јакова, на кои им се заколна со Себе; не глдај на жестокоста на овие луѓе, ниту на нечесноста нивна, ниту пак на гревовите нивни,
28. за да не речат жителите на оваа земја, од каде што не’ изведе: – Господ не можеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустињата, –
29. а пак овие луѓе се Твои и Твој избор, што Ти ги изведе од Египетската замја со големата сила Своја и цврстата Своја мишка.’

10. Господ повторно ги пишува заповедите на нови плочи.

1. Тогаш Господ му рече: “Исечи си две камени плочи, слични на првите, и дојди при Мене на планината, и направи си дрвен ковчег.
2. А Јас ќе ги напишам на плочите оние зборови што беа на поранешните плочи напишани, а кои ти ги скрши, и положи ги во ковчегот.”
3. И направив ковчег од дрво што не гние, па исеков две камени плочи, како поранешните, и отидов на планината со двете плочи во рацете.
4. И ги напиша Он на плочите, како што беше напишано порано, оние десет заповеди, што ви ги кажа Господ на планината среде огнот во денот на собранието, и ми ги предаде Господ.
5. Јас се свртив и слегов од планината и ги положив плочите во ковчегот, што го бев направил, за да бидат тие таму, како што ми заповеда Господ.”
6. Потоа се кренаа синовите Израилеви од Вирот на синовите Јакимови во Мисадај; и умре Арон и таму беше погребан, а место него свештеник стана синот негов Елеазар.
7. Оттаму отидоа во Гадад, а од Гадад во Етавата, во земјата со водни потоци.
8. Тогаш Господ го оддели Левиевото племе, за да го носи ковчегот на заветот Господов, за да стои пред Госдпода и да Му служи, и да се моли и да благословува во името Негово, како што е тоа и до ден денес;
9. поради тоа левититие немаат дел и наследство со браќата свои: Самиот Господ е нивни дел, како што им беше говорел Господ, твојот Бог.
10. И престојував на планината, како и порано, четириесет дена и четириесет ноќи; Господ ме послуша и овој пат, и не посака Господ да ве погуби;
11. и Господ ми рече: ‘Стани, тргни на пат пред својот народ; нека отидат и нека ја населат земјата, за која им се заколнав на татковците нивни дека ќе им ја дадам.’
12. И сега, Израиле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се боиш од Господа, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш, и да Му служиш на Господа, твојот Бог, од се’ срце и со сета душа;
13. да ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, и наредбите Негови, кои денеска ти ги заповедам за да ти биде добро.
14. Ете, небото и небото на небесата, земјата и се’ што е на неа, е на Господа, твојот Бог;
15. но само татковците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нивното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес.
16. И така, обрежете ја вашата жестокосрдечност и не ожесточувајте никого;
17. зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови,
18. Кој право суди на придојден, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека.
19. Сакајте го и вие придојдениот, бидејќи и вие самите бевте придојдени во Египетската земја.
20. Бој се од Господа, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него приврзи се и во Негово име колни се;
21. Он е твојата пофалба, Он е твој Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои;
22. твоите татковци дојдоа во Египет седумдесет и пет души, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен како ѕвездите небески.

11. Благослов за слушање и проклетство за неслушање.

1. И така, сакај Го Господа, твојот Бог, и внимавај – она што го заповедал да го пазиш, – и наредбите Негови, и законите Негови, и заповедите Негови во сите денови.
2. Па разберете сега, – бидејќи јас не зборувам со синовите ваши, кои не ги знаат и не ги виделе казните од Господа, вашиот Бог, – Неговото величие, Неговата силна рака и Неговата цврста мишка;
3. чудесата Негови и делата Негови, што ги направи среде Египет со Фараонот, царот египетски, и со целата земја негова,
4. и она што го направи Он со египетската војска, со коњите и колите, што ги потопи Он во водите на Црвеното Море, кога тие ве гонеа, – и Господ Бог ги погубува дури и денес, –
5. и што направи Он за вас во пустињата, додека не дојдовте на тоа место,
6. и што направи Он со Датан и Авирон, синовите на Елиав, син Рувимов, кога земјата ја отвори устата и пред целиот Израил ги голтна нив и домовите нивни, и куќите нивни и целиот имот, што го имаа;
7. зашто вашите очи ги видоа сите тие големи дела на Господа, што ги направи Он.
8. И така, пазете ги сите Негови заповеди, кои ви ги кажувам денес, за да бидете живи, да се намножите, па да отидете и да ја неследите земјата, сите кои преминувате преку Јордан, за да ја наследите;
9. и да живеете долго време во онаа земја, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ќе им ја даде ним, и на поколенијата нивни, земјата, во која тече мед и млеко.
10. Зашто земјата, во кој одиш да ја наследиш, не е како Египетската земја, од која излеговте, каде што ти, одкако ќе го посееше семето свое, ја напојуваше со нозете свои, како зеленчукова градина.
11. Земјата, пак, во која одите, за да ја наследите, е земја со планини, и се напојува со вода од небескиот дожд, –
12. земја, за која Господ, твојот Бог, се грижи: очите на Господа, твојот Бог, непрестајно се врз неа, од почетокот на годината и до крајот на годината.
13. Ако ги слушате заповедите Негови, кои ви ги кажувам денес, ако Го сакаш Господа, твојот Бог, и Му служиш од сето срце твое и од сета душа твоја,
14. Он ќе и’ даде на земјата твоја дожд навреме, ран и доцен, и ти ќе го собираш житото свое виното свое и елејот свој;
15. И ќе му даде трева на полето твое за твојот добиток и ти ќе јадеш и ќе бидеш сит.
16. Но пази, да не се соблазни срцето твое, па да пристапите и да им служите на други богови и да им се клањате;
17. зашто тогаш ќе се разгори гневот на Господа врз вас, и Он ќе го затвори небото; и нема да има дожд, и земјата нема да го даде својот плод и вие брзо ќе исчезнете од добрата земја, која Господ ви ја даде.
18. И така, ставете ги овие зборови Негови во срцето свое и во душата своја, врзете ги на раката своја како знак, и нека бидат тие врзулка меѓу очите ваши;
19. и учете ги синовите свои на нив, кажувајте им за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;
20. и напишете ги врз входот на куќите ваши и над вратите свои,
21. за да се умножат вашите денови и деновите на вашите деца во онаа земја, за која Господ се заколна дека ќе им ја даде на татковците ваши, колку што небото ќе биде над земјата.
22. Зашто, ако ги пазите сите тие заповеди, што ви ги кажувам и ги исполнувате, ако Го сакате Господа, вашиот Бог, ако одите по сите патишта Негови и се приврзете кон Него,
23. тогаш Господ ќе ги изгони сите тие народи од пред вас, и вие ќе владеете со народи, што се поголеми и посилни од вас;
24. секое место, на кое ќе стапи ногата ваша, ќе биде ваше: вашите предели ќе бидат од пустињата и Антиливан, и од големата река Еуфрат, дури до морето, кое е на запад.
25. Никој нема да ви се противстави вам: Господ, вашиот Бог, ќе испрати страв и трепет пред вас врз секоја земја, на која што ќе стапнете, како што ви говореше Он.
26. Ете, јас ви давам денес благослов и клетва;
27. благослов – ако ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, што ви заповедам денес,
28. а клетва – ако не ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, и се отстраните од патот, што ви го кажувам денес, и тргнете по други богови, што не ги знаете.
29. Кога ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја во која одиш да ја наследиш, тогаш искажи благослов од планината Гаризин, а проклетство од планината Гевал.
30. Тие планини се од онаа страна на Јордан, по патот кон зајдисонце, во земјата на Хананејците, кои живеат во рамнината, спроти Галгал, близу до високиот даб!
31. Зашто вие го преминувате Јордан, за да отидете да ја наследите земјата, која ви ја дава Господ, вашиот Бог, со жреб, за секогаш; примете ја и населете се во неа.
32. И така, почнете да ги пазите сите Негови наредби и закони, што ви ги предавам денес.

12. Службата Божја на избраниот народ.

1. Ова се наредбите и законите, што сте должни грижливо да ги исполнувате во земјата, која Господ, Бог на татковците, ви ја дава со жреб за сите денови, во кои ќе живеете во таа земја.
2. Разрушете ги сите места, каде што народите им служеле на боговите свои; се’ што ќе земете по високите планини и височини и под секое разгранато дрво;
3. разурнете ги жртвениците нивни и скршете ги столбовите нивни, изгорете ги со оган дабовите нивни и здробете ги идолите на боговите нивни, сотрете го и името нивно од тоа место.
4. Да не Му правите такво нешто на Господа, вашиот Бог;
5. но обрнувајте се кон она место, кое Господ, Бог ваш, ќе го избере од сите племиња ваши, за да го спомнувате името Негово да го призивате и да Го молите, и таму одете:
6. таму принесувајте ги своите сепаленици, жртвите ваши и првините ваши, заветите ваши, доброволните приноси, исповеданијата ваши, и првородените од воловите ваши и од овците ваши:
7. и таму јадете пред Господа, вашиот Бог, и веселете се вие и домовите ваши за се’, приготвено од рацете ваши, со кое те благословил Господ, твојот Бог.
8. Таму не треба да правите се’ онака, како што сега овде го правите, – секој, како што му се чини дека е добро;
9. зашто сега уште не сте влегле во местото на спокојот и во наследството, што Господ, вашиот Бог, ви го дава.
10. Но кога ќе го преминете Јордан и ќе се населите во земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава како дел, и кога ќе ве успокои од сите непријатели ваши, што ве опкружуваат, и заживеете базбедно,
11. тогаш, во она место, што ќе го одбере Господ, вашиот Бог, за да се призива таму името Негово, таму принесувајте се’, што ви заповедам денес: сепаленици ваши, жртвите ваши, десетоците ваши, и првините од рацете ваши, и секој ваш избран дар, што ќе Му го ветите на Господа, вашиот Бог.
12. И веселете се пред Господа, вашиот Бог, вие и синовите, ќерките ваши, робовите ваши, робинките ваши и левитите, кои се среде живеалиштата ваши, бидејќи тие немаат дел и наследство со вас.
13. Гледај да не ги принесуваш сепалениците свои на секое место, што ќе го видиш,
14. туку само на она место принесувај ги сепалениците свои, кое Господ, твојот Бог ќе го одбере во едно од твоите племиња, и прави се’ онака како што ти заповедам денес.
15. Зашто, кога и да посака душата твоја, можеш да колеш и да јадеш, по благослов од Господа, твојот Бог, месо, што ти го дал Он, во сите свои живеалишта: нечист при тебе и чист може да го јаде тоа како што се јаде срна и елен;
16. само крв не јадете, истурајте ја на земјата како вода.
17. Не треба да го јадеш во твоето живеалиште десетокот од твоето жито, твоето вино и твојот елеј од воловите твои, и од овците твои што си ги ветил, и од сите завети твои, што сте ги ветиле, и од доброволните приноси и од првините на рацете ваши,
18. но јади го пред Господа, твојот Бог, само на она место што го одбрал Господ, твој Бог, ти и синот твој, и ќерката твоја, и робот твој, и робинката твоја, и левитот, и придојдениот во градовите твои: и развесели се пред Господа, твојот Бог, во се’ на што е ставена раката твоја.
19. Внимавај да не го заборавиш левитот за сето време додека си жив на земјата.
20. Кога ќе се рашири Господ, твојот Бог, пределите твои, како што ти беше говорел, и ти ќе кажеш: ‘да јадам месо’, зашто душата твоја ќе посака да јаде месо, – тогаш јади месо, колку што ти сака душата твоја.
21. Ако биде далеку од тебе местото, што ќе го избере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму, тогаш коли од воловите твои, и од овците твои, што ти ги дал Господ, твојот Бог, како што ти заповедав, и јади во градовите твои, колку што ти сака душата;
22. но јади ги така, како што се јаде срна и елен; нечист, како и чист при тебе можат да го јадат тоа.
23. Само пази добро, да не се јаде крвта, зашто крвта е душа: не ја јади душата заедно со месото;
24. на јади ја: истурај ја на земја како вода;
25. не јади ја, за да ти биде добро тебе и на синовите твои по тебе секогаш, ако вршиш што е добро и угодно пред очите на Господа, твојот Бог.
26. Само светите дарови твои, какви што ќе ги имаш и заветите твои донесувај ги, и доаѓај на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово;
27. и принесувај ги сепалениците твои: месо и крв, врз жртвеникот на Господа, твојот Бог; но крвта од другите твои жртви треба да биде изливана при жртвеникот на Господа, твојот Бог, а месото јади го.
28. Пази и слушај да ги извршуваш сите тие зборови, што ти ги заповедам, за ти биде добро тебе и на твоите синови по тебе довека, ако правиш добро и угодно пред Господа, твојот Бог.
29. Кога Господ, твојот Бог, ќе ги истреби од лицето твое народите, кај кои одиш за да ја наследиш нивната земја, и, откако ја примиш во наследство и ќе ги освоиш, ќе се населиш во земјата нивна,
30. внимавај да не влезеш во стапица, кога ќе тргнеш по нив, откако ќе бидат истребени пред тебе, и да не ги бараш боговите нивни, велејќи: ‘како што служеле тие народи на боговите свои, така ќе правам и јас.’
31. Да не Му правиш така ти на Господа, твојот Бог; одвратно Му е на Господа што го прават тие на боговите свои, бедејќи тие и синовите свои и ќерките свои ги горат на оган за своите богови.
32. Погрижи се да исполнуваш се’, што ти го заповедам денес; не додавај кон тоа и не одземај од него.

13. Против идолопоклонството.

1. Ако излезе пред тебе некој пророк, или толкувач на соништа, и ти покаже знак или чудо,
2. и ако се оствари тој знак или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: ‘да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,’
3. ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков толкувач на соништа; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.
4. Господа, вашиот Бог, следете Го, бојте се од Него, извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него.
5. А оној пророк, или оној толкувач на соништа да биде осуден на смрт, поради тоа што те измамил да се откажеш од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја и те избави од домот на ропството, зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од околината ваша.
6. Ако тајно те наговорува братот твој од твојот татко или од мајката твоја, или твојот син, или ќерката твоја, или саканата жена твоја, или пријателот твој, кои е за тебе како душата твоја, па ти рече: ‘да одиме и да им служиме на други богови’, што не ги познаваше ти и твоите татковци,
7. на боговите на оние народи, што се околу тебе, од едниот крај на земјата до другиот, –
8. не се согласувај со него и не го слушај; и да не ти се смили окото твое над него, не го жали и не го сокривај,
9. туку убиј го; прво твојата рака нека биде врз него, за да го убие, – а потоа рацете на целиот народ;
10. убиј го со камења, да умре; бидејќи тој сакал да те отстрани од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
11. Целиот Израел да го чуе тоа и да се исплаши, и нема во иднина да прави пред тебе такво зло.
12. Ако чуеш за некој од градовите твои, што Господ, твојот Бог, ти ги дава за да се населиш во нив,
13. дека во него се појавиле нечесни луѓе пред тебе И ги соблазниле сите жители на нивниот град, велејќи;,ајде да им служиме на други богови, кои вие не ги познавате’,-
14. ти испитај и дознај добро: и ако е тоа чиста вистина, дека е направена таква одвратност меѓу вас,
15. погуби ги нив и жителите на тој град со сечилото на мечот, проколни го него и си што е во него;
16. а сите добра од него собери ги среде плоштадот негов и изгори го со оган градот и сите добра од него пред целиот народ, пред Господа, твојот Бог, и да биде тој вечно пуст, никогаш да не се обнови.
17. И до ништо од проколнатото да не се допре раката твоја, за да ја скроти Господовата јарост, па да ти даде милост, да ти прости, и да те размножи, како што ти говореше тебе, кога им се заколна на татковците твои,
18. штом го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, извршувајќи ги сите заповеди Негови, што сега ти ги кажувам, и вршејќи добро и угодно пред очите на Господа, твојот Бог.

14. Против обичаите на незнабошците.

1. Вие сте синови на Господа, вашиот Бог; не правете зарези на телото свое и не ја стрижете косата над очите свои за умрено;
2. зашто вие сте свет народ на Господа, вашиот Бог, и Господ вас ве избра од сите народи, што се на земјата, за да бидете Негов народ.
3. Не јади ништо нечисто.
4. Свој добиток можете да јадете: телци од говедата, и јаганци од овците, и козли од козите;
5. елен, срна, бивол, кошута, зебра и дива коза.
6. Секое животно што има разделени копита и на двете копита длабок зарез, и добиток што прежива, јадете го.
7. Од оние, што преживаат и имаат разделени копита со длабок зарез, не јадете само: камила, питом зајак и див зајак, зашто тие, иако преживаат, нивните копита не се разделени: тие се нечисти за вас;
8. и свињата, оти, иако копитата и се разделени, но таа не прежива: таа е нечиста за вас; месото нивно не јадете го и до труповите нивни не се допирајте.
9. Од сите водни животни јадете ги сите оние, што имаа перки и лушпи;
10. а другите што немаа перки и лушпи, не јадете ги: тие се нечисти за вас.
11. Секоја чиста птица јадете ја;
12. но од нив не треба да ги јадете овие: орелот, штркот, галебот,
13. неситот, соколот, и сличните на нив;
14. гавранот, врабецот, препелицата;
15. чапјата, јастребот и сличните на нив;
16. бувот, лилјакот и сличните на нив;
17. гемот, лебедот, ивинот, катарактата и вдодот;
18. штркот, гушавецот со породот негов, папуњакот и (лилјакот).
19. Сите крилести лазачи се нечисти за вас, да не ги јадете.
20. Секоја чиста птица јадете ја.
21. Не јадете ништо умрено; дај му го на придојдениот, што е во твоите градови; нека го јаде тој, или продај му го на туѓинецот, зашто ти си народ свет за Господа, твојот Бог. Не вари јагне во млекото на мајката негова.
22. Одделувај десеток од секој плод на семињата свои, род од нивите твои секоја година,
23. И јади пред Господа, твојот Бог, во место, што Он ќе го одбере, за да се призива вечно името Негово таму; принесувај десеток од пченицата твоја, од виното твое и од елејот твој, и првородените од воловите твои и од овците твои, и да се научиш да се боиш од Господа, твојот Бог, во сите денови.
24. Ако, пак, патот твој е долг, така што не ќе можеш да го принесеш тоа, бидејќи далеку е од тебе местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово, за да те благослови Господ, твојот Бог,
25. тогаш продај го тоа според цената и земи го среброто во рака и оди на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог;
26. и со тоа сребро изнакупи се’, што душата ќе ти посака – волови, овци, вино, или сикар и се’ друго што душата ќе ти посака; и јади таму пред Господа, твојот Бог, и развесели се ти и домот твој.
27. И левитот, кој е во твојот град, не го изоставај, бидејќи тој нема ни дел ни наследство со тебе.
28. На крајот на секои три години изнеси ги сите десетоци од житото твое во текот на последната година и стави го тоа во градовите свои,
29. па нека дојде ливитот, бидејќи тој нема дел и наследство со тебе, и придојдениот и сиромавиот и вдовицата, што се во твоите градови, и нека јадат и нека се наситат за да те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа, што ќе ја вршат рацете твои.

15. За прошталната година.

1. Во седмата година проштавај!
2. И ова е заповед за простувањето: секој кој што дал на заем на ближниот свој, нека му го прости; целиот долг да не го бара од ближниот свој, или од братот свој, бидејќи тоа е простување заради Господа, твојот Бог;
3. од туѓинецот барај го она што го имаш кај него; а на братот твој прости му го долгот,
4. за да нема кај тебе сиромав; зашто Господ ќе те благослови во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, за да ја добиеш во наследство.
5. Доволно е само да го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам;
6. зашто Господ, твојот Бог, ќе те благослови, како што ти говорел, и ти ќе даваш заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем; и ќе владееш со многу народи, а над тебе нама да владеат.
7. Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои, во земјата твоја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава, не го одвраќај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба,
8. туку отвори му ја раката своја и дај му заем, колку што му треба и колку што му недостасува;
9. пази се’, да не влезе во срцето твое лукава мисла: па да речеш ‘наближува седмата година, година на простувањето’ и да не стане окото твое злобно спрема твојот сиромав брат, што има потреба и да му откажеш; зашто тој ќе повика против тебе пред Господа, и на тебе голем грев ќе падне;
10. подај му драговолно заем, колку што сака и колку што му треба, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое, бидејќи Господ, твојот Бог, ќе те благослови за тоа во сите твои работи и во се’, што го вршат рацете твои;
11. зашто сиромаси ќе има секогаш во земјата твоја; затоа и ти заповедам, велејќи ти: отворај ја вратата твоја за твојот брат, за твојот беден и за оној што моли во земјата твоја;
12. ако ти се продаде твојот брат, Евреин, или Еврејка, тој треба шест години да ти работи, а седмата година пушти го на слобода;
13. кога, пак, го пушташ на слобода, не отпуштај го со празни раце,
14. туку дарувај го со нешто од овците твои, од пченицата твоја и од виното твое: дај му од она, со кое те благословил Господ, твојот Бог;
15. помни, дека и ти беше роб во Египетската земја, и Господ, твојот Бог, те ослободи; ете затоа и ти го заповедам денес ова.
16. Ако, пак, ти каже: ‘не сакам да си одам од кај тебе, зашто те засакав тебе и домот твој’, бидејќи ми е добро кај тебе,
17. земи шило и продупчи му го увото на степеникот пред вратата; и тој ќе ти биде роб засекогаш. Така направи и со робинката твоја.
18. За да не ти биде тешко, поради тоа што си должен да го пушташ на слобода, бидејќи тој ти изработил во текот на шесте години двојно повеќе – отколку платен наемник, затоа Господ, твојот Бог, ќе те благослови во се’, што и да правиш.
19. Секое машко првородено, што ќе се роди од говедата твои и од овците твои, посветувај го на Господа, твојот Бог: не работи со провородениот вол свој и не стрижи го првороденото од овците твои;
20. тоа јади го ти и челадта твоја пред Господа, твојот Бог, секоја година, на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог;
21. ако, пак, тоа биде со недостаток, – хромо, или слепо, или со некој друг недостаток, не принесувај го како жртва на Господа, твојот Бог,
22. но во градовите твои нека се јаде; нечист и чист може да јаде како што се јаде срна и елен;
23. само крвта не јади му ја: истурај ја на земја како вода.

16. За трите главни годишни празници.

1. Набљудувај го месецот на новите плодови и празнувај ја Пасхата на Госпдоа, твојот Бог, зашто во новиот месец си излегол од Египет, ноќе.
2. И коли пасха на Господа, твојот Бог, од говедата твои и од овците твои, на местото, што ќе го одбере Господ, за да се призовува името Негово таму.
3. Не јади на неа леб со квас: седум дена јади на неа бескавасни лебови, лебови на маките, бидејќи набрзина излеговте од Египет, за да го помните денот на вашиот исход од Египетската земја;
4. ништо со квас да нема при тебе во сите твои предели во текот на седумте дена, и од месото, што си го принел како жртва вечерта на првиот ден ништо не смее да преноќева.
5. Не смееш да колеш пасха ни во еден од градовите твои, што Господ, твојот Бог ќе ти ги даде:
6. туку само на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призовува вечно името Негово, таму колу пасха навечер, при заодсонце, во она исто време, во кое си излегол од Египетската земја;
7. па свари и испечи и јади на она место што ќе го одбере Господ, твојот Бог, а на вториот ден можеш да се вратиш во домот твој.
8. Шест дена јади бесквасни лебови, а седмиот ден е последен ден од празникот на Господа, твојот Бог; не врши никаква работа.
9. Изброј седум седмици; почни да ги броиш седумте седмици, откога ќе го сравиш српот на жетвата;
10. тогаш празнувај го празникот Седмици на Господа, твојот Бог, според она колку што може да даде раката твоја, во кое што те благословил Господ, твојот Бог;
11. и развесели се пред Господа, твојот Бог, ти, синот твој и ќерката твоја, робот твој и робинката твоја, левитот кој е во градовите твои, и придојдениот, сиромавиот и вдовицата, што се кај тебе, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива вечно името Негово таму;
12. помни, дека ти беше роб во Египетската земја, и пази ги и исполнувај ги овие наредби.
13. Седум дена празнувај го празникот Сеници, откако ќе ја прибереш жетвата од нивите твои и виното во садовите твои.
14. Па развесели се ти на празникот твој, синот твој и ќерката твоја, робот твој и робинката твоја, левиотот и придојдениот, сиромавиот и вдовицата, кои се во градовите твои;
15. седум дена прославувај Го Господа, твојот Бог, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово, бидејќи ќе те благословува Господ, твојот Бог, во сите плодови твои и во секоја работа на рацете твои и ти само ќе се веселиш.
16. Трипати во годината секое машко треба да се јавува пред Господа, твојот Бог, на местото, што ќе го одбере Он, на празникот Бесквасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници; и никој не смее да се јавува пред Господа со празни раце,
17. но секој со дар во раката, според благословот од Господа, твојот Бог, од она што ти го дан Он.
18. Во сите твои градови, кои Господ, твојот Бог, ти ги дал, постави си судии и надзорници според племињата свои, за да му судат на народот со праведен суд;
19. на искривувај го законот, не гледај на лице и не замај дарови, бидејќи подароците ги залепуваат очите на мудрите и го изопачуваат делото на правите;
20. праведен суд барај, за да бидеш жив и да отидеш да ја наследиш земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
21. Не посадувај шумичка било од какви и да е дрвја покрај жртвеникот на Господа, твојот Бог, што ќе си го подигнеш;
22. и не гради друг жртвеник, бидејќи тоа го мрази Господ, твојот Бог.

17. Казна за идолопоклонство.

1. Не принесувај жртва на Господа, твојот Бог, вол, или овца, кои се повредени, или имаат некаков недостаток, бидејќи тоа е гнасотија пред Госпдоа, твојот Бог.
2. Ако се најде при тебе во еден од градовите твои, кои Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе направи зло пред Господа, твојот Бог, и со тоа го престапат заветот Негов,
3. па тргнат и почнат да им служат на други богови, и им се поклонуваат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сè што е небеско, кое Јас не сум го заповедал,
4. и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако е тоа вистина, ако е направена таква гнасотија во Израилот,
5. изведете ги тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат.
6. Според зборовите на двајца или тројца сведоци осудениот на смрт треба да умре: не смее да се погубува само на еден сведок;
7. прво раката на сведоците треба да падне врз него, за да биде убиен, потоа рацете на целиот народ; така истребете го злото од вас самите.
8. Ако по некое дело ќе биде тешко за тебе да пресудиш меѓу крв и крв, меѓу суд и суд, меѓу рана и рана, и меѓу расправа и расправа на судиите од твоите градови, стани и оди во местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму,
9. и пријди кај свештениците левити и при судијата, што ќе биде во тие денови, прашај ги, и тие ќе ти кажат, како да пресудиш.
10. И постапи, онака како што ќе ти кажат на местото што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму, и гледај да извршиш сè што ќе ти кажат тие;
11. според законот и според пресудата што ќе ја кажат, постапи така и не отстапувај ни десно ни лево од она, што ќе ти го кажат тие.
12. А кој ќе постапи гордо, и не ќе го послуша свештеникот, што е таму на служба пред Господа, твојот Бог, или судијата, што ќе биде во тие денови, тој треба да умре. – Така исчистете го злото од Израилот;
13. па целиот народ ќе чуе, и ќе се уплаши, и во иднина нема да постапуав нечесно.
14. Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава со жреб, и ја примиш, и се населиш во неа, и речеш: »ќе си поставам кнез, како другите соседни народи«, –
15. постави си кнез, кого Господ, твојот Бог, ќе го избере, постави си кнез од браќата твои; не смееш да поставиш за кнез туѓинец, кој не е твој брат.
16. Но тој да не ги умножува коњите свои и да не го врати народот во Египет, за да ги умножи коњите свои, бидејќи Господ ви рече: »не обидувајте се да се вратите веќе по тој пат«;
17. и да не ги умножува жените свои, за да не се разврати срцето негово, и да не натрупува сребро и злато прекумерно.
18. А кога ќе седне со власт на престолот, нека си направи препис на овој закон од книгата, што се наоѓа кај свештениците левити,
19. и нека ги држи кај себе и нека го чита во сите денови на неговиот живот, за да се научи да се бои од Господа, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби;
20. за да не се возгордее срцето негово пред неговите браќа, и да не отстапува од законите ни десно, ни лево, за да остане на власт многу години, тој и синовите негови во Израилот.

18. Издржување на свештениците. Кој не е вистински пророк.

1. Да нема дел и наследство во Израилот за свештениците левити, во целото племе Левиево; тие треба да јадат од жртвите за Господа,
2. дел од нив нема да има меѓу браќата негови: Самиот Господ е негов дел, како што му рече Он.
3. Еве, што треба да биде определено за свештениците од народот, од оние, што принесуваат жртва теле или овца; на свештеникот треба да му се дава рамото, главата и утробата;
4. давај му исто така и првина од пченицата твоја, од виното твое и од елејот твој, и првината од стригот на овците твои,
5. бидејќи Господ, твојот Бог, него го избра од сите твои племиња да претстои пред Господа, твојот Бог, да служи и да благословува во името Господово, тој и синовите негови во сите денови.
6. И ако левит некој дојде од некој од твоите градови, низ целата земја на Израилевите синови, каде што живеел тој, и по желба на душата своја дојде на местото, што ќе го одбере Господ,
7. и почне да служи во името на Господа, својот Бог, како и сите негови браќа левити, кои стојат таму пред Господа,
8. како храна нека добие еднаков дел, освен добиеното од продажбата на татковиот имот.
9. Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи;
10. да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник,
11. чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви;
12. зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе.
13. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог;
14. зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал.
15. Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, – Него слушајте Го, –
16. бидејќи ти го молеше Господа, твојот Бог, при Хорив во денот на собранието, велејќи: »да не го чујам во иднина гласот на Господа, нашиот Бог, и да не го видам повеќе тој голем оган, за да не умрам.«
17. И ми рече Господ: добро е тоа, што ти го кажале;
18. Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сè, што Јас ќе му заповедам;
19. а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам.
20. Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.
21. Но ќе си речеш во срцето свое: »како ќе ги разбереме зборовите, што не ги кажал Господ?«
22. Еве како ќе ги дознаете: ако пророкот говори од името на Господа, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот по своја гордост, – и не бој се од него.

19. Градови засолништа. Казни за лажни пророци.

1. Кога Господ, твојот Бог, ќе ги истреби народите, замјата нивна што ти ја дава Господ, твојот Бог, и ја наследиш по нив, и се населиш во градовите нивни, и куќите нивни,
2. тогаш оддели три града во земјата своја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство;
3. изгради си пат и раздели ја на три дела сета земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство; тие да служат за засолниште на секој убиец.
4. А еве кој убиец може да се засолни таму и да остане жив: оној што ќе убие ближен свој без умисла, и да не му бил непријател вчера, и завчера;
5. оној што ќе отиде со другарот свој во шума да собира дрва, па му се слизне раката со секирата, за да пресече дрво, и испадне острицата од дршката, го погоди другарот негов, и тој умре, – таков нека се засолни во еден од тие градови, за да остане жив,
6. за да не го подгони одмаздникот за крв со разјарено срце убиецот и да го стигне, па, ако патот биде долг, и го убие, но тој не смее да се осуди на смрт, бидејќи не му бил непријател ни вчера, ни завчера;
7. затоа и ти заповедав, велејќи ти: оддели си три града.
8. Кога пак Господ, твојот Бог, ќе ги рашири твоите граници, како што се беше заколнал на татковците твои, и ти ја даде сета земја, што им ја беше ветил на татковците твои,
9. ако се трудиш да ги исполнуваш сите овие заповеди, што денес ти ги заповедам, да Го сакаш Господа, твојот Бог, и да одиш по Неговите патишта во сите денови, – тогаш кон тие три града додај уште три града,
10. за да не се пролева невина крв во замјата твоја, што ти ја дава Господ, твојот Бог, во наследство за да не бидеш обвинет поради крв.
11. Но ако има некој човек при тебе непријател на ближниот свој и го начека, па се нафрли на него и го истепа така, што тој умре, и избега во еден од оние градови,
12. старешините на тој град да испратат, да го земат оттаму и да го предадат во рацете на одмаздникот за крвта и да умре.
13. Да не го поштеди окото твое: очисти ја крвта на невиниот од Израилот, и ќе ти биде подобро.
14. Не ја преместувај меѓата на пределот од ближниот свој, поставена од татковците твои во твоето наследство, што си го добил во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава тебе со жреб.
15. Не е доволен еден сведок против човек за каков и да било обид, престап или некој грев, со кој згрешил: при сведочењето на двајца сведоци, или со зборовите на тројца сведоци се донесува решение.
16. Ако против некого излезе неправеден сведок, обвинувајќи го за престап,
17. и обајцата, на кои им се суди, нека застанат пред Господа, пред свештениците и пред судиите, што ќе се најдат во тие денови;
18. и судиите нека ги испитаат добро, па ако оној лажлив сведок лажно сведочи против братот свој.
19. направете му го она што го беше намислил да му го направи на братот свој: така исчистете го злото од вас самите.
20. И другите ќе чујат, па ќе се уплашат, и нема во иднина да прават такво зло при вас.
21. Да не го поштеди окото твое: душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога. Каква штета некој ќе му направи на ближниот свој, таква да му се врати.

20. Ослободување од воена обврска. Како да се постапува со непријателските градови.

1. Кога ќе излезеш во војна против непријателите твои и ќе видиш коњи и многу луѓе, повеќе од тебе, не бој се од нив, бидејќи Господ, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, е со тебе.
2. Кога, пак, ќе влезете во борба, свештеникот нека се приближи и нека му зборува на народот,
3. и да му каже: »слушај, Израиле, вие денес влегувате во бој против вашите напријатели, да не ослабува срцето ваше, не бојте се, не збунувајте се и не отстапувајте од нив,
4. бидејќи Господ, вашиот Бог, оди со вас, за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.«
5. Надзорниците, пак, нека му речат на народот, и нека му кажат: кој изградил нова куќа и не се вселил во неа, нека си оди и да се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да се настани во неа;
6. и кој насадил лозје и не го обрал, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да собере сè;
7. и кој се свршил и не се оженил, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да ја земе свршеницата негова.«
8. Надзорниците нека му кажат уште на народот и нека му речат: »кој е плашлив и малодушен, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не ги направи плашливи срцата на браќата свои, како неговото срце.«
9. Откако надзорниците ќе му го кажат тоа на народот, да изберат воени началници и водач на народот.
10. Кога ќе се приближиш до некој град, за да го преземеш, предложи му мир.
11. Ако се согласи на мир со тебе и ти ги отвори портите, целиот народ што се наоѓа во него, ќе ти плаќа данок и ќе ти работи.
12. Ако, пак, не се согласи на мир со тебе, и почне да војува против тебе, опколи го;
13. и, кога Господ, твојот Бог, ќе го предаде во рацете твои, погуби со сечилото на мечот сè што е машко кај него;
14. само жените и децата, добитокот и сè што има во градот, запленете го за себе и користи се со пленот на непријателите свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги предал.
15. Така постапи со сите градови, што се многу далеку од тебе, а кои не се градови на тие народи.
16. Но во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш земјата нивна, не оставај ни една жива душа,
17. туку предај ги на заклетва: Хетејците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Јевусејците и Гергесијците, како што ти беше заповедал Господ, твојот Бог,
18. за да не ве научат да ги правите сите нивни гнасотии, какви што им правеле тие на своите богови, за да не грешите и вие пред Господа, вашиот Бог.
19. Кога опсадуваш долго време некој град, за да го преземеш и завладееш, не сечи ги дрвјата негови, кои се во шумата, туку користи ги плодовите нивни за храна, и не опустошувај ја околината, бидејќи дрвото во полето не е човек, за да избега од тебе во тврдината;
20. но оние дрвја, за кои знаеш дека не даваат никакви плодови, можеш да ги повредуваш и сечеш и од нив да правиш скали за градот, кој ти објавил војна, сè додека не го покориш.

21. За непознато убиство; за заробени жени и за непослушни синови.

1. Ако во земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава да ја наследиш, се најде убиен човек во полето, и не се знае, кој го убил,
2. нека излезат твоите старешини и судии и нека го измерат растојанието од убиениот до градовите наоколу;
3. и старешините на градот, кој е најблиску до убиениот, нека земат јуничка, кој не била спрегната и која не носела јарем,
4. и старешините од тој град нека ја одведат таа јуничка во сув необработен и незасејуван дол, и таму во долот нека ја заколат јуницата;
5. потоа нека пристапат свештениците, синовите Левиеви, бидејќи Господ, твојот Бог, нив ги избра да Му служат и да благословуваат од името Негово, и според зборовите нивни да се пресуди секоја расправија и секоја причинета штета,
6. и сите старешини од тој град, најблискиот до убиениот, нека си ги измијат рацете над главата на јуницата каде што ѝ се пресечени жилите во долот,
7. па да објават и да кажат: нашите раце на ја пролеаја оваа крв и нашите очи не видоа;
8. милостив биди спрема луѓето Твои во Израилот, кој Ти, Господи, го изведе од Египетската земја, за да нема невина крв во Израилот. И тие ќе се очистат од крвта.
9. Така треба да ја отстрануваш од себеси крвта на невиност, ако сакаш да правиш добро и угодно пред Господа, твојот Бог.
10. Кога ќе излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде во рацете твои, и ти ќе ги заробиш нив,
11. па видиш меѓу заробените жена убавица, и ја засакаш, и ќе посакаш да си ја земаш за жена,
12. одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои,
13. нека ја соблече ропската облека, нека живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да ѝ станеш маж, и таа да ти биде жена.
14. Ако, пак, отпосле таа не ти е по волја, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту ја имај за робинка, зашто ти си ја унижил.
15. Ако некој има две жени – едната омилена, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ако првородениот син му е од несаканата жена,
16. тогаш, при поделбата на имотот меѓу синовите, тој не може да даде првенство на синот од омилената жена, место на првородениот од несаканата,
17. туку е должен да го признае за свој првенец синот од несаканата жена и нему да му даде двоен дел од сиот свој имот, бидејќи тој е почеток на неговата сила; нему му се паѓа правото на првородство.
18. Ако некој има буен и непокорен син, којшто не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен,
19. тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот и при вратите на своето местоживеење,
20. па нека им кажат на градските старешини: „Овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница;”-
21. тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе, и другите ќе чујат и ќе се уплашат.
22. Ако некој направи грев, што заслужува смрт, па биде умртвен, и ти го обесиш на дрво,
23. телото негово да не преноќева на дрвото, туку погреби го истиот ден, зашто +проклет е од Бога секој што виси на дрво, и не осквернувај ја земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

22. Разни прописи. Сожалување спрема птиците. За чесен брак.

1. Ако видиш теле од братот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај братот твој;
2. ако, пак, братот твој, не е близу до тебе, прибери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека братот твој не ги побара, и тогаш врати му ги;
3. така постапувај со оселот негов, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на братот твој, што тој ќе ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.
4. Ако го видиш оселот на братот твој или телето негово, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.
5. Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господа, твојот Бог.
6. Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со птички или јајца, и мајката седи над птичките или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите:
7. мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои.
8. Ако градиш нова куќа, направи околу неа ограда, за да не предизвикаш убиства, ако падне некој од неа.
9. Да не садиш во лозјето твое лози различни, па да не се осветат плодот и семињата, со кои ќе го посееш плодот на лозјето твое.
10. Да не ораш со јунец и осел заедно.
11. Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и лен заедно.
12. Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.
13. Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,
14. и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: »ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја надов девица«,
15. тогаш таткото на момата и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на момата при старешините пред портата;
16. и таткото на девојката нека им каже на старешините: »му ја дадов ќерката моја за жена на овој човек, а сега тој ја намрази,
17. и ете, ја обвинува за порочни дела, велејќи: „не ја најдов ќерката твоја девица”; но еве ги девствените белези на ќерката моја.« И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.
18. Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,
19. и да го глобат со сто сикли сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израилска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот.
20. Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,
21. тогаш нека ја доведат момата пред вратата на таковата ѝ куќа, и градските мажи нака ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дело во Израилот, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе.
22. Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израилот.
23. Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
24. тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: момата поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.
25. Ако, пак, некој сретне во полето мома свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа,
26. а на момата не правете ѝ ништо; кај момата нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој стане против ближниот свој и го убие;
27. бидејќи тој ја сретнал во полето, а свршената мома и да викала, немало кој да ја спаси.
28. Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат,-
29. тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од момата педесет дидрахми во сребро, а таа да биде негова жена, бидејќи тој ја осрамотил; преку целиот живот свој тој не може да се разведе од неа.
30. Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова.

23. Само честити и здрави луѓе се примаат во соборот Господен. Разни закони.

1. Оној што е скопен или кастрен не влегува во општеството Господово:
2. ниту син на блудница да влегува во Господовиот храм, ни десеттото колено негово.
3. Амониец и Моавец не смее да влегува во храмот Господов; и дури ни десеттото колено нивно да не влегуваат во храмот Господов, па и довека,
4. затоа што тие не ве престретнаа со леб и вода по патот, кога бевте излегле од Египет, и затоа што го наговорија против тебе Валаам Веоровиот син, од Месопотамија, за да те проколне.
5. Но Господ, твојот Бог, не сакаше да го чуе Валаама и ја обрна Господ, твојот Бог, клетвата негова во благослов за тебе, бидејќи Господ твојот Бог те засака;
6. не пожелувај им ни мир, ни добрина преку сите твои денови довека.
7. Не гнаси се од Идумеец, бидејќи тој е твој брат; не гнаси се од Египтјанин, зашто ти беше придојден во земјата негова;
8. Синовите нивни, родени во трето колено, можат да влезат во храмот Господов.
9. Кога одиш во бој против непријателите свои, пази се од сè што е лошо.
10. Ако кај тебе има некој нечист од ноќен излив, тој треба да излезе надвор од логорот и да не влегува во логорот;
11. а вечерта да го измие телото свое со вода, и по зајдисонце нека влезе во логорот.
12. Ти треба да имаш место надвор од станот, каде што ќе одиш сам;
13. освен рилец во појасот, ти треба да имаш лопатка; па кога ќе одиш таму надвор, ископај со неа земја и потоа покри ја со неа нечистотијата своја,
14. бидејќи Господ, твојот Бог, дојде во логорот твој, за да те избави и да ги предаде непријателите твои во твои раце; затоа логорот твој треба да биде свет, за да не види Он кај тебе нешто нечисто и да не се оттргне од тебе.
15. Не предавај го робот на господарот негов, кога ќе избега при тебе од господарот негов;
16. нека живее со тебе, меѓу вас нека живее во секое место, што ќе му биде угодно; не го оскрбувај.
17. Блудница од Израилевите ќерки да нема, и блудник да нема од синовите Израилеви.
18. Во домот на Господа, твојот Бог, не принесувај блудничка награда, ниту цена од пес, за никаков завет, бидејќи и едното и другото се одвратност пред Господа, твојот Бог.
19. Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго, што се дава во заем со лихва;
20. на туѓинец давај му со лихва, а на братот свој не му давај со лихва; за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите твои работи на земјата, во која одиш да ја наследиш.
21. Ако Му дадеш завет на Господа, твојот Бог, бездруго исполни го, зашто Господ, твојот Бог, ќе го побара од тебе и врз тебе ќе падне грев;
22. ако, пак, не си ветил, нема да имаш грев.
23. Она што ќе излезе од устата твоја, запазувај го и исполнувај го, бидејќи со образ си Му ветил дар на Господа, твојот Бог, и доброволно си го кажал со устата своја.
24. Ако влезеш во нивата на ближниот свој, земи класја во рацете свои, но срп да не земаш.
25. Кога ќе влезеш во лозјето на ближниот свој, грозје можеш да јадеш колку што душата ти сака, но не клавај во садови.

24. Бракоразвод. Разни закони.

1. Ако некој земе жена и поживее со неа, но таа не добие милост во очите негови, бидејќи нашол кај неа срамна работа, па ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја,
2. а таа откако ќе излеззе од куќата негова, се омажи за друг,
3. па, ако и тој маж ја намрзи и ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете најзини, и ја испрати од куќата своја, или пак тој, вториот маж, што ја зел за жена, умре,-
4. тогаш првиот маж нејзин, откако ја напуштил, не може пак да ја земе за жена по нејзиното осквернување, зашто тоа е одвратно пред Господа, твојот Бог: не осквернувај ја земјата, што ви ја дава Господ, вашиот Бог, во наследство.
5. Ако некој скоро се оженил, нека не оди во војска, и да не му се наложува никаква работа; нека остане тој слободен во домот свој цела година и нека ја весели жената своја, што ја зел.
6. Никој да не зема во залога ни горен ни долен воденички камен, бидејќи таквиот во залог зема душа.
7. Ако биде фатен некој дека украл некого од браќата свои, од синовите Израилеви, и го заробил и го продал, таквиот злочинец да биде предаден на смрт: така истребувајте го злото од самите себе.
8. При болеста лепра гледај внимателно да пазиш и да го исполнуваш целиот закон, што ќе ви го кажат свештениците левити; исполнувај го грижливо, она што сум ви го заповедал;
9. помни, што ѝ направи Господ, твојот Бог, на Маријам по патот, кога бевте излегле од Египет.
10. Кога ќе дадеш нешто во заем на ближниот свој, не оди дома кај него, за да земаш од него залог,
11. туку почекај надвор, а човекот, кому си му дал заем, ќе ти го изнесе залогот надвор;
12. ако е, пак, човекот сиромав, да не преноќева залогот негов кај тебе;
13. врати му го залогот на зајдисонце, за да спие со облеката своја и да те благослови; тоа ќе ти се смета за милост пред Господа, твојот Бог.
14. Не оставај го без награда бедниот и сиромавиот од твоите браќа или од придојдените, кои се во градовите твои;
15. предај му ја наградата во истиот ден, пред да зајде сонцето, бидејќи тој е беден, и на неа се надева, за да не повика против тебе кон Господа, за да не падне гнев врз тебе.
16. Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради татковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев.
17. Не загорчувај го поминот на придојдениот, сиромавиот и вдовицата, и од вдовица не земај облека во залог;
18. сети се, дека и ти беше роб во Египет, и Господ, твојот Бог, те ослободи оттаму: затоа и ти заповедам да ги исполнуваш овие наредби.
19. Кога жнееш на нивата своја во твоето поле и заборавиш сноп на нивата твоја, не враќај се да го земеш: тој нека остане за придојдениот, и сиромавиот, и вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите работи на рацете твои.
20. Кога ги береш маслинките свои, не враќај се да ги добереш останатите: тие нека останат за придојдениот, сиромавиот и вдовицата. Па сети се дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.
21. Кога го береш лозјето свое, не го бери докрај она што ќе остане по тебе: нека остане тоа за дојдениот, сиромавиот и вдовицата;
22. и не заборави, дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.

25. Казни за престап. За исправна и неисправна мерка.

1. Кога има расправија меѓу луѓе, нека ги доведат во суд и да ги судат; правиот да го оправдаат, а виновниот да го осудат;
2. а ако виновниот заслужува биење, да го легнат пред судиите и да го бијат поради вината негова.
3. Можат да му се удрат четириесет стапа, но не повеќе, за да не се засрами братот твој пред тебе.
4. Не врзувај уста на вол кога врши.
5. Кога браќата живеат заедно, и едниот од нив умре без пород, жената на умрениот не смее да се омажи за надворешен човек, но деверот нејзин треба да влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа, –
6. и првородениот, што таа ќе го роди, да го носи името на умрениот брат, за да не се уништи името негово во Израилот.
7. Ако, пак, тој не посака да ја земе за жена снаата своја, тогаш снаата негова да отиде кај портата пред старешините и да каже: „братот на мојот маж не сака да го подигне името на братот свој во Израилот, не сака да се ожени со мене.”
8. И старешините на градот негов да го повикаат и да му зборуваат, и ако тој стане и каже: „не сакам да ја земам,”
9. тогаш снаата негова нека дојде при него пред очите на старешините, да собуе еден чевел од неговата нога, да го плукне в лице и да каже: „така се постапува со човек, кој не го подига домот на братот свој во Израилот”;
10. и ќе му извадат име во Израилот: „дом на собуениот,”
11. Кога се тепаат меѓусебе двајца мажи, и жената на едниот од нив се приближи за да го отргне мажот свој од оној што го бие, и, откога ќе ја испружи раката своја, го фати за слабините,
12. пресечи ѝ ја раката: да не ја пожали окото твое.
13. Во торбата своја не смееш да имаш две мерила: големо и мало;
14. во куќата твоја да немаш двојна мерка: тешка и лесна;
15. мерило да имаш верно и праведно, и мерка да имаш точна и праведна, за да ти се продолжат деновите на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел;
16. бидејќи одвратен е пред Господа, твојот Бог, секој што го прави ова и друга неправда.
17. Помни, како постапи со тебе Амалик, по патот, кога бевте излегле од Египет;
18. како тој ти се противстави по патот и ги погуби сите што заостанаа зад тебе од умор, кога ти беше алчен и изнемоштен, и не се уплаши од Бога.
19. И така, кога Господ, твојот Бог, ќе те успокои од сите твои непријатели, што се околу тебе на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел за да ја наследиш, избриши го името на Амалик под небото; да не заборавиш.

26. Изреки при принесување првини и давање десеток. Опомена за послушност.

1. Кога ќе дојдеш во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, и ќе ја наследиш и се населиш во неа,
2. земи ги првините од плодовите на земјата твоја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, стави ги во кошница, и оди на она место, кое Господ, твојот Бог, ќе го одбере, за да се призива вечно името Негово таму;
3. потоа оди при свештеникот, што се затекол во тие денови и кажи му: »денес изјавувам пред Господа, мојот Бог, дека влегов во земјата, за која Господ им се заколна на татковците наши дека ќе ни ја даде.«
4. Свештеникот да ја земе кошницата од раката твоја и да ја стави пред жртвеникот на Господа, твојот Бог.
5. Ти, пак, одговори и кажи пред Господа, твојот Бог: »мојот татко ја напушти Сирија и отиде во Египет и се насели таму со мал број луѓе, и од него произлезе таму народ голем, силен и многуброен.
6. И Египтјаните се озлобија на нес, нè притиснаа и ни наложуваа тешка работа;
7. тогаш ние Му се пожаливме на Господа, Бог на нашите татковци, и Господ ја чу нашата молба и ја виде бедата наша, маките наши и неволите наши;
8. и нè изведе Господ од Египет. Сам со големата сила Своја, со силна рака и со цврста мишка, со виденија големи, со знаци и чудеса,
9. па нè доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која тече мед и млеко.
10. И така, ете, ги донесов првините од плодовите на земјата, која Ти, Господе, ми ја даде, земјата, каде што тече мед и млеко.« Стави го тоа пред Господа, твојот Бог, поклони се пред Господа, твојот Бог,
11. па развесели се потоа за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти ги даде тебе, ти и домот твој, ти и левитот и придојдениот, што е кај тебе.
12. Кога ќе ги одделиш сите десетоци од плодовите на земјата твоја во третата година, втората десетина дај ја на левитот, на придојдениот, на сиромавиот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат.
13. Тогаш кажи пред Господа, твојот Бог: »изнасобравме сè, што е свето во домот мој, и го дадов на левитот, придојдениот, сиромавиот и вдовицата, според сите Твои заповеди, како ми заповеда: јас не направив престап спрема Твоите заповеди и не ги заборавив;
14. во тагата не јадев од нив, ниту одделив од нив за нечиста потреба, ниту дадов од нив за умрено; го послушав гласот на Господа, мојот Бог, исполнив сè како што ми заповеда Ти.
15. Погледни од небото од Твојот свет храм и благослови го народот Свој, Израилот, и земјата, што ни ја даде, како што им се заколна на татковците наши дека ќе ни ја дадеш, земјата, во која тече мед и млеко.«
16. Денес Господ, твојот Бог, ти заповеда да ги извршуваш сите овие наредби и закони: пази ги и исполнувај ги со сето срце свое и со сета своја душа.
17. Денес си Го избрал Господа, Он да ти биде твој Бог, дека ти ќе одиш по Неговите патишта и ќе ги почитуваш наредбите Негови и ќе го слушаш гласот Негов;
18. и Господ ве избра денес вие да Му бидете Негов избран народ, како што ти рече ако ги почитувате сите заповеди Негови,
19. и дека Он ќе те постави погоре од сите народи, што ги создал прочуен, фален и славен, и дека вие ќе Му бидете свет народ на Господа, вашиот Бог, како што беше рекол.

27. Камења со закони. Проклетства од гората Гевал.

1. Тогаш Мојсеј со старешините на синовите Израилеви му заповеда на народот, велејќи: „Пазете ги сите заповеди, што денес ви ги давам.
2. И кога во оној ден ќе го минете Јордан во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, како дел, постави си големи камења и обели ги со вар;
3. и напиши ги на тие камења сите зборови од твојот закон, штом ќе го преминеш Јордан, за да влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, во земјата, каде што тече мед и млеко, како што им беше говорел Господ, твојот Бог, на твоите татковци.
4. Кога ќе го преминете Јордан, поставете ги тие камења, како што ви заповедам денес, на планината Гевал и обелете ги со вар;
5. и изгради таму жртвеник на Господа, твојот Бог, жртвеник од камења; да не ставаш на нив железо;
6. жртвеникот на Господа, твојот Бог, целиот изгради го од камења и принесувај врз него сепаленици на Господа, твојот Бог;
7. принесувај и жртви за спасение, и јади и наситувај се таму, и весели се пред Господа, твојот Бог;
8. и врз тие камења напиши го многу јасно целиот овој закон.”
9. Тогаш Мојсеј со свештениците левити му рече на целиот Израил, велејќи: „Внимавај и слушај, Израиле: ти денес стана народ на Господа, твојот Бог.
10. И така, слушај го гласот на Господа, твојот Бог, и извршувај ги сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес.”
11. И во тој ден му заповеда Мојсеј на народот, велејќи:
12. „Кога ќе го минете Јордан, овие треба да застанат на планината Гаризим, за да го благословат народот: Симеон, Левиј, Јуда, Исахар и Венијамин;
13. а на планината Гевал да застанат за да искажат проклетство овие: Рувим, Гад, Завулон, Дан и Нефталим.
14. Левитите да го известат народот и да им кажат на сите Израилци со висок глас:
15. »проклет да е оној човек, што ќе направи изрезан или излиен идол, одвратност пред Господа, работа на уметнички раце, па го става на скришно место! Целиот народ да биде известен и нека рече: амин!
16. Проклет да е оној, што го навредува таткото свој или мајката своја! И целиот народ да каже: амин!
17. Проклет да е оној, кој ја поместува меѓата на ближниот свој! И целиот народ нека рече: амин!
18. Проклет да е оној, кој отстранува слеп човек од патот! И целиот народ нека каже: амин!
19. Проклет да е оној, кој криво суди придојден, сиромав или вдовица! И целиот народ нека рече: амин!
20. Проклет да е оној, кој ќе легне со жената на таткото свој, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој! И целиот народ да каже: амин!
21. Проклет да е оној, кој ќе легне со каков и да било добиток! И сиот народ нека рече: амин!
22. Проклет да е оној, кој ќе легне со сестрата своја, со татковата ќерка, или со мајкината ќерка! И целиот народ да каже: амин!
23. Проклет да е оној, кој ќе легне со тештата своја! И целиот народ нека рече: амин!Проклет да е оној, кој ќе легне со сестрата на жената своја! И целиот народ да каже: амин!
24. Проклет да е оној, што ќе го убие тајно блежниот свој! И целиот народ да каже: амин!
25. Проклет да е оној, што зема поткуп, за да погуби душа и да пролее крв невина! И целиот народ нека рече: амин!
26. Проклет да е секој, кој не ќе ги исполни сите наредби од оној закон и не ќе постапи според нив! И целиот народ да каже: амин!”

28. Благослови и проклетства.

1. Откако ќе минете од онаа страна на Јордан, во земјата, која Господ, вешиот Бог, ви ја дава, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, ги пазиш и ги извршуваш сите заповеди Негови, кои денес ти ги заповедам, тогаш Господ, твојот Бог, ќе те постави погоре од сите народи на земјава;
2. и ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог.
3. Благословен ќе бидеш во градот и благословен во полето.
4. Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, и плодот на земјата твоја, и плодот на добитокот твој, и плодот на воловите твои, и плодот на овците твои.
5. Благословени ќе бидат житниците твои и оставите твои.
6. Благословен ќе бидеш, кога влегуваш, и благословен – кога излегуваш.
7. Господ нека ги порази пред тебе непријателите твои, кои се креваат против тебе; по еден пат ќе навлезат тие против тебе, а по седум патишта да избегаат од пред тебе.
8. Господ да ти испрати благослови на твоите плодови и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
9. Господ, твојот Бог, нека те постави за Свој свет народ, како што ти се беше заколнал тебе и на татковците твои, ако ги извршуваш заповедите на Господа, твојот Бог, и одиш по патиштата Негови.
10. И тогаш ќе видат сите народи на земјата, дека името на Господа, твојот Бог, ти е дадено тебе, и ќе се уплашат од тебе.
11. И Господ, твојот Бог, нека ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на добитокот твој и во плодот на нивите твои на земјата, за кои Господ им се беше заколнал на твоите татковци дека ќе ти ги даде.
12. И Господ нека ти го отвори доброто Свое сокровиште, небото, за да дава тоа на време дожд на земјата твоја и да ги благословува сите работи на рацете твои: и ќе им даваш на заем на многу народи, а ти самиот нема да земаш на заем; и ќе владееш над многу народи, а тие над тебе нема да владеат.
13. Господ, твојот Бог, да те направи глава, а не опашка, и да бидеш само на високо, а не на ниско, ако ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, кои ти ги заповедам денес да ги почитуваш и исполнуваш,
14. и ако не отстапуваш од сите зборови, што ти ги заповедам денес, ни надесно, ни налево, и ако не тргнеш по други богови за да им служиш.
15. Ако, пак, не го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и не ги пазиш и не ги исполнуваш сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес, ќе паднат врз тебе и ќе се збиднат сите овие проклетства.
16. Проклет ќе бидеш во градот и проклет ќе бидеш во полето.
17. Проклети ќе бидат твоите житници и твоите остави.
18. Проклет ќе биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твои и плодот на стадата овци твои.
19. Проклет ќе бедеш, кога влегуваш, и проклет кога излегуваш.
20. Нека ти испрати тогаш Господ скудност, глад и уништување на секоја работа на рацете твои, каква и да вршиш, додека не те истреби, – и додека наскоро не те погуби поради твоите лоши дела, зашто си Ме оставил.
21. Господ нека испрати тогаш врз тебе и помор, додека не те истреби од земјата, во која одиш да ја наследиш.
22. Нека те порази Господ со истоштувања и огнови, со треска и воспаление, со суша, со топол ветер и гламја по житата, и тие ќе те гонат додека не загинеш.
23. И небото над главата твоја ќе стане бакар, а земјата под тебе – железо;
24. наместо дожд Господ нека ѝ даде на замјата пепел, и земја од небото ќе паѓа, ќе паѓа врз тебе, додека не те истошти, додека не те истреби.
25. Нека те предаде Господ на непријателите твои, за да те поразат; по еден пат ќе излезеш против нив, а по седум патишта ќе бегаш од нив; и ќе бидеш расеан по сите земни царства.
26. Твоите трупови ќе станат храна на сите птици небески и на ѕверовите, и не ќе има кој да ги истера.
27. Нека те порази Господ со египетската лепра по домовите, со дива краста и јадеж, од кои не ќе можеш да се исцелиш;
28. нека те порази Господ со беснило, слепило и слабоумност.
29. И ќе одиш дење со пипање, како што оди слепиот со пипање во темнината, и патот твој нема да биде прав, и ќе бидеш тогаш секогаш навредуван и ограбуван, и не ќе има кој да ти помогне.
30. Ќе земеш жена, и друг ќе ти ја земе; куќа ќе изградиш, и нема да живееш во неа; лозје ќе насадиш и нема да го обереш.
31. Телето твое пред тебе ќе го заколат, и нема да јадеш од него, оселот ќе ти го грабнат, и нема да ти го вратат; овците твои ќе бидат дадени на непријателите твои и ќе нема никој да ти помогне.
32. Синовите твои и ќерките твои ќе бидат предадени на друг народ; очите твои ќе гледаат и ќе чезнеат по нив, но нема да имаш сила во рацете свои.
33. Плодовите на земјата твоја и целиот труд твој ќе го јаде народ, кого ти не го познаваш: и ќе бидеш само навредуван и измачуван преку сите денови.
34. Ќе бидеш избезумен од тоа, што ќе го гледаат очите твои.
35. И нека те порази Господ со лоша повреда, во колената и на листовите, од кое не ќе можеш да се излекуваш, од стапалата на нозете твои и дури до главата твоја.
36. Господ нека те одведе тебе и кнезовите твои, што си ги избрал, при народ, кого не си го познавал ниту ти, ниту татковците твои, и таму ќе служиш на други богови, дрвени и камени;
37. и ќе станеш таму за чудо, приказ и подигравка кај сите народи, кај кои Господ Бог ќе те одведе.
38. Многу семе ќе фрлиш во нивата, а малку ќе собираш, зашто ќе го јадат скакулци.
39. Лозје ќе садиш и ќе го работиш, и вино нема да пиеш и нема да се веселиш од него, зашто црв ќе го јаде.
40. Маслини ќе имаш во сите твои предели, но со елеј нема да се помажеш, бидејќи маслинките твои ќе паѓаат.
41. Синови и ќерки ќе родиш, но тие нема да останат при тебе, зашто во плен ќе отидат.
42. Сите твои дрвја и сите жита на земјата твоја гламја ќе ги уништи.
43. Придојдениот, кој е кај тебе, ќе се издига над тебе сè повисоко, и ти ќе паѓаш сè пониско;
44. тој ќе ти дава на заем, а ти нема да му даваш на заем; тој ќе биде главата, а ти ќе бидеш опашката.
45. Ќе дојдат врз тебе сите овие клетви, ќе те гонат и ќе те стигнат, дедека не те уништат, затоа што не го послуша гласот на Господа, твојот Бог, и не ги запази заповедите и наредбите Негови, што ти ги беше заповедал;
46. тие ќе бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо довека.
47. Зашто ти не Му служеше на Господа, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во сè.
48. ти ќе му служиш на непријателот свој, што ќе ти го испрати Господ, твојот Бог, во глад и жед, во голотија и во секаква скудност; тој ќе ти става на вратот железен јарем, додека не те уништи.
49. Ќе испрати Господ против тебе народ од далеку, од крајот на земјата; како орел ќе се спушти народот чиј јазик ти не го разбираш.
50. народ бездушен, кој не сака ни старо да почитува, ниту младо да помилува,
51. и ќе го изеде тој плодот од добитокот твој и плодот од земјата твоја; нема да ти остави ни жито, ни вино, ни елеј, ниту од говедата твои, ниту од овците твои, додека не те погуби;
52. и ќе те притеснува во сите твои градови, додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки ѕидови, на кои ти се надеваш; и ќе ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја, која Господ, твојот Бог, ти ја даде.
53. И ти ќе ги јадеш чедата од утробата своја, плотта на синовите и ќерките свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги даде, во теснотијата твоја и во жалоста твоја, во која ќе те стави непријателот твој.
54. Мажите и младите при вас многу ќе му позавидат на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што му останале,
55. и нема да му даде на ниеден од нив плот од децата свои, кои тој ќе ги јаде, зашто нема да му остане ништо друго во притеснетоста и во жалоста, во кои ќе те постават непријателите твои во сите твои градови.
56. Жена нежна и млада, убава меѓу вас, која поради убавината и младоста никогаш со нога не стапнала на земјата, со безмилосно око ќе гледа на саканиот маж свој, на синот свој, на ќерката своја,
57. и нема да им го даде последокот, што излегува меѓу бедрата нејзини, на децата, што ги родила; зашто, при скудноста во сè, таа ќе ги јаде тајно, во притеснетоста во која ќе те стави напријателот твој во твоите градови.
58. Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот, напишани во оваа книга, и не се боиш од ова чесно и чудесно име на Господа, твојот Бог,
59. Господ ќе те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со порази големи и трајни, и со болести лоши и долги;
60. и ќе ги навлече врз тебе сите лоши болести египетски, од кои се плашеше, и тие ќе се залепат за тебе;
61. и секаква слабост и секаква рана незапишана и секаква запишана во книгата на овој закон, Господ ќе испрати врз тебе, додека не те истреби;
62. и ќе останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и ѕвездите небески, бидејќи не го слушавте гласот на Господа, вашиот Бог.
63. И како што Господ се радуваше, кога ви правеше добро и ве умножуваше, така ќе се радува Господ, кога ќе ве погубува, и ќе бидете изгонети од земјата, во која одиш ти, за да ја наследиш.
64. И ќе те расее Господ, твојот Бог, по сите народи, од крајот на земјата до крајот на земјата, и таму ќе им служиш на други богови, кои не си ги знаел, ниту ти, ниту татковците твои, на дрво и на камен ќе им служиш.
65. Но и меѓу тие народи нема да те успокои, ниту ќе има место, каде и да стапи ногата твоја; и таму Господ ќе го нажали срцето твое и ќе прати кратковидост на очите твои и душата твоја да гине;
66. животот твој ќе виси пред тебе, и ќе се плашиш и дење и ноќе и нема да бидеш сигурен за животот свој;
67. од стравот во срцето свое ќе се плашиш, и од видот на очите твои, па наутро ќе кажеш: „о, што поскоро да се стемни!”, а навечер ќе велиш: „о, што поскоро да се осамне!”
68. И Господ ќе те врати во Египет на кораби по оној пат, за кој што ти кажав: „ти нема повеќе да го видиш”; и таму ќе бидете продавани на непријателите свои

29. Обновување на заветот.

1. Тоа се зборовите на заветот, што Господ му заповеда на Мојсеја да го склучи со синовите Израилеви во Моавската земја, освен заветот што Господ го склучи со нив на Хорив.
2. Тогаш Мојсеј ги повика сите синови Израилеви и им кажа: <»Вие видовте сè, што направи Господ пред очите ваши во Египетската земја со Фараонот и со сите негови слуги и со целата земја негова; 3. имаше искушенија големи, што ги видоа очите твои, и големи знаци и чудеса од силната рака и цврстата мишка Негова, 4. но и до ден денес Господ Бог не ви даде срце за да разберете, очи да видите и уши да чуете. 5. Четириесет години ве водев по пустињата, и облеката не изветве на вас, и обувките не се искинаа на нозете ваши; 6. леб не јадевте, вино и сикер не пиевте, за да познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог. 7. И кога дојдовте до ова место, излезе во борба против вас есевонскиот цар Сион и васанскиот цар Ог, 8. но ние ги поразивме и им ја зедовме земјата нивна и Јас им ја дадов во дел на Рувимовото и Гадовото племе, и половината на Манасиевото племе. 9. Пазете ги сите зборови на овој завет и исполнувајте ги, за да имате на ум сè, што правите. 10. Сите вие застанавте денес пред Господа, вашиот Бог, началници на племињата ваши, старешините ваши, судиите ваши, надзорниците ваши, сите мажи Израилеви, 11. децата ваши, жените ваши и придојдените, кои се во вашата населба, од дрварот ваш до водоносецот ваш, 12. за да влезете во заветот на Господа, вашиот Бог, и во клетвениот договор со Него, кога Господ, твојот Бог, денес го склучува со тебе, 13. за да те направи денес Свој народ, и да ти биде Бог, како што им се заколна на татковците твои Авраама, Исака и Јакова. 14. Не само вам единствени ви го заветувам овој завет и овој договор со клетва, 15. туку и на оние што денес не стојат овде со нас пред Господа, нашиот Бог. 16. Зашто вие знаете, како живеевме во Египетската земја и како одевме сред народите, низ кои минавте, 17. и ги видовте одвратностите нивни и идолите нивни, дрвени и камени, сребрени и златни, што се кај нив. 18. Да нема меѓу вас маж или жена, дом или племе, чие срце би се отстранило од Господа, вашиот Бог, та да оди да им служи на боговите на оние народи; да нема меѓу вас корен, што ќе дава пелин и отров; 19. и ако некој, кој, откако ќе ги чуе зборовите на оваа клетва, се пофали во срцето свое и каже: „добро ќе ми биде, иако одам по желбите на срцето свое”; така грешникот нема да го погуби безгрешниот со себе. 20. На таков Господ нема да му прости, но гневот и ревноста на Господа ќе се разгорат против тој човек, а врз него ќе падне целата клетва од овој завет, напишан во овој закон, и Господ ќе го избрише името негово под небото; 21. и ќе го оддели Господ од сите племиња Израилеви за погубување, според сите клетви на заветот, напишан во овој закон. 22. Тогаш подоцнежното поколение, децата ваши што ќе настанат по вас, и туѓинецот, што ќе дојде од далечна земја, откако ќе ги видат поразиите на таа земја и болестите што Господ ги испратил врз неа, ќе речат: 23. сулфур и сол, е целата земја; на неа не може да се сее, ниту ќе роди, ниту ќе никне на неа некаква трева, како што стана во Содом, Гомор, Адма и Севоим, кои Господ ги опсипа со гневот Свој и јароста Своја. 24. Тогаш ќе кажат сите народи: »Зошто Господ постапил така со таа земја? Колку голема е јароста на гневот Негов!« 25. И ќе одговорат: »Затоа што го оставија заветот на Господа, Бог на татковците свои, што им го вети на татковците нивни, кога ги изведе од Египетската земја, 26. и отидоа да им служат на други богови и да им се поклонуваат ним, кои тие не ги знаеја, и кои Он не им ги беше одредил. 27. Поради тоа се разгори гневот на Господа врз таа земја, и Он ги испрати врз неа сите клетви на заветот, напишани во оваа книга на законот; 28. и ги сотре Господ од земјата нивна во гнев, јарост и голема лутина, и ги исфрли на друга земја, како што денес гледаме.« 29. Она што е тајно, му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а она што е јавно - нам и на синовите наши довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.

30. Мојсеј на послушните им објавува милост, а на непослушните казна.

1. Кога ќе се збиднат врз тебе сите тие зборови – благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ги земеш при срце кај сите народи, меѓу кои ќе те растури Господ, твојот Бог,
2. и од сето срце и од сета душа своја ќе се обрнеш кон Господа, твојот Бог, и ќе го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, –
3. тогаш Господ, твојот Бог, ќе ти ги прости сите твои гревови, ќе се смили над тебе, и пак ќе те собере од сите народи, меѓу кои те растурил Господ Бог, таму.
4. Макар и да бидеш растурен од крајот на небото дури до крајот на небото и оттаму ќе те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ќе те земе,
5. и оттаму ќе те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите татковци, и ќе ја наследиш, и ќе ти направи Господ добро и ќе те умножи повеќе од татковците твои;
6. и ќе го очисти Господ срцето твое и срцето на потомството твое, за да Го сакаш Господа, твојот Бог, од сè срце и со сета душа своја, и да живееш;
7. тогаш, Господ, твојот Бог, ќе ги префрли сите овие клетви на непријателите твои и на оние, што те мразеа и што те гонеа;
8. а ти ќе се обратиш и ќе го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и ќе ги исполнуваш сите заповеди Негови, што ти ги заповедам денес;
9. и ќе те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа на рацете твои, во плодот на утробата твоја, во плодот на добитокот твој, во житата на земјата твоја; зашто Господ, твојот Бог ќе се сврти кон тебе и ќе ти се радува повторно на тебе, правејќи ти добро, како што се радуваше на татковицте твои,
10. само ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и ги извршуваш сите заповеди и наредби Негови и повелби Негови, напишани во книгата на овој закон, и ако се свртиш кон Господа, твојот Бог, со сето срце свое и со сета душа своја.
11. Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту далеку од тебе.
12. Таа не е на небото за да може да се каже: „кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?”;
13. ниту е преку море, за да може да се кажи: „кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?”
14. Но оваа заповед е многу блиска до тебе, таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш.
15. Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло.
16. Ако ги слушаш заповедите на Господа, твојот Бог, што денес ти ги давам, – да Го сакаш Господа, твојот Бог, да одиш по сите патишта Негови и да ги извршуваш заповедите и законите Негови, – тогаш ќе живееш и ќе се намножиш, и Господ, твојот Бог, ќе те благослови во земјата, во која одиш, за да ја наследиш;
17. ако, пак, се одврати срцето твое, и не послушаш, и се заблудиш, па почнеш да им се клањаш на други богови и да им служиш,
18. тогаш, ви јавувам денес, дека ќе загинете и нема долго да останете на земјата, која Господ Бог ти ја дава, откога ќе го минете Јордан, за да ја наследите таму.
19. Ви сведочам денес со небото и со земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое:
20. да Го сакаш Господа, твојот Бог, да го слушаш гласот Негов и да се приврзеш кон Него, зашто тоа е твојот живот и долгоденствие; така ти ќе живееш на земјата, за која Господ Бог им се беше заколнал на татковците твои – Авраама, Исака и Јакова, дека ќе им ја даде.”

31. Мојсеј ја напушта службата и на свое место го поставува Исуса.

1. Откако заврши Мојсеј да им ги кажува тие зборови на сите синови Израилеви,
2. им рече: »Сега сум на сто и деведесет години; не можам веќе да излегувам и да влегувам, и Господ ми рече: – ти нема да ја минеш реката Јордан -;«
3. Господ, твојот Бог, Сам ќе тргне пред тебе; Он ќе ги истреби тие народи пред тебе, и ти ќе ги наследиш; Исус ќе тргне пред тебе, како што рече Господ;
4. и ќе постапи Господ со нив така како што постапи со Сиона и со Ога, цареви Аморејски, кои беа од оваа страна на Јордан, и со земјите нивни, кои Он ги уништи;
5. и ќе ви ги предаде Господ, и вие ќе постапите со нив според сите заповеди, што ви ги дадов.
6. Бидете цврсти и храбри, не бојте се, не ужасувајте се, ниту се плашете од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави.
7. Тогаш Мојсеј го повика Исуса и пред сите Израилци му кажа: »Биди цврст и храбар, зашто ти ќе влезеш со овој народ во земјата, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ќе им ја даде, и ти ќе им ја разделиш со жреб.
8. И Господ ќе тргне со тебе, ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.«
9. И ги напиша Мојсеј овие заповеди од законот и им го предаде на свештениците, синови Левиеви, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, и на сите старешини на Израилевите синови.
10. И им вети Мојсеј и им рече „По седум години, во прошталната година, на празникот Сеници,
11. кога целиот Израил ќе дојде да се јави пред Господа, твојот Бог, на место што ќе го одбере Господ, прочитајте го гласно овој закон пред целиот Израил;
12. собери го народот, мажите, жените, децата и придојдените свои, што се наоѓаат во градовите ваши, за да чујат и да се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, и да пазат да ги исполнуваат сите заповеди од овој закон;
13. и синовите нивни, кои не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, преку сите денови, додека живеете во земјата, за која ќе го минете Јордан, за да ја наследите.”
14. И му рече Господ на Мојсеја: „Ете, твоите денови се приближија до смртта твоја; повикај го Исуса, и застанете пред влезот во скинијата на сведоштвото, и Јас ќе му дадам заповед”! И дојде Мојсеј со Исуса, и застана пред влезот од скинијата на сведоштвото.
15. И се јави во скинијата Господ во облаков столб, и застана облаковиот столб при влезот од скинијата на сведоштвото.
16. И му рече Господ на Мојсеја: „Ете, ти ќе се прибереш кај татковците свои, а овој народ ќе почне да се заблудува по туѓите богови на онаа земја, во која оди, ќе Ме остави и ќе го наруши заветот Мој, што им го ветив;
17. и ќе се разгори јароста Моја против него во овој ден, а Јас ќе ги оставам и ќе го свртам лицето Свое од нив, и тој ќе биде истребен, и ќе го снајдат многу несреќи и жалости, и ќе речат во тој ден: „бидејќи не е Господ Бог во нас, нè снајдоа овие зла.”
18. „А Јас со одвратност ќе го свртам лицето Мое од нив во оној ден поради сите нивни беззаконија, што ќе ги направат, бидејќи ќе се обрнат кон туѓи богови.”
19. И така, напишете ги зборовите на таа песна, научете ги синовите Израилеви на неа и стаевте има ја во устата нивна, за да Ми биде таа песна сведоштво во синовите Израилеви;
20. зашто Јас ќе ги воведам во добра земја, каде што тече мед и млеко, како што им се заколнав на татковците нивни дека ќе им ја дадам; тие ќе јадат, и откако ќе се наситат, ќе се обрнат кон туѓи богови и ќе им служат, а Мене ќе ме разгневат и ќе го нарушат заветот Мој, што им го ветив;
21. и кога ќе ги снајдат многу несреќи и жалости, таа песна ќе биде против нив како сведоштво, бидејќи таа нема да излезе од устата нивна и од устата на потомството нивно. Јас им ја знам злобата нивна сега, уште пред да ги воведам во добрата земја, за која им се заколнав на татковците нивни.”
22. И во оној ден ја напиша Мојсеј таа песна и ги научи синовите Израилеви на неа.
23. И му заповеда Мојсеј на Исуса, синот Навинов, и му рече: „Биди цврст и храбар, зашто ти ќе ги воведеш синовите Изриалеви во земјата, за која им се заколна Господ, и Он ќе биде со тебе.”
24. А кога Мојсеј ги напиша во книга сите зборови од овој закон дури до крајот,
25. им заповеда на левитите, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, велејќи:
26. „Земете ја оваа книга на законот и ставете ја покрај ковчегот на заветот Господов, вашиот Бог, и таа ќе биде таму како сведоштво;
27. зашто јас ја знам твојата упорност и жестоката тврдоглавост; ете и сега, кога живеам со вас, вие сте упорни пред Господа, а колку повеќе по смртта моја?
28. Соберете ги при мене сите ваши началници на племињата, старешините, судиите и надзорници свои, и јас ќе им ги кажам гласно овие зборови, а сведоци ќе ми бидат небото и земјата
29. зашто знам, дека по смртта моја вие ќе вршите беззаконија и ќе отстапите од патот, што ви го заповедав, и подоцна ќе ве снајдат незгоди, затоа што ќе правите зло пред Господа Бога, разгневувајќи Го со делата на рацете ваши.”
30. И Мојсеј ги кажа гласно пред целото израилско собраните зборовите на таа песна до крај

32. Песната Мојсеева. Бог го приготвува за смрт.

1. Внимавај, небо, јас ќе говорам; и нека ги слуша и земјата зборовите од устата моја.
2. Да се разлее како дожд заветот мој, како роса да паднат зборовите мои, како пороен дожд на троскот и како слана на сено.
3. Името Господово ќе го призовувам; воздајте Му слава на нашиот Бог!
4. Он е тврдина; делата Божји се вистина, а сите патишта Негови се праведни; Бог е верен и направда нема (во Него); Он е праведен и вистинит;
5. но тие станаа и згрешија пред Него, тоа не се Негови деца поради пороците свои; род дрзок и развратен.
6. Тоа ли Му го воздавате на Господа, народе глупав и безумен? Нели е Он твој Отец, Кој те создаде, те усвои и те издигна?
7. Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија; прашај го татка си – и тој ќе ти каже, старците свои – и тие ќе ти речат.
8. Кога Севишниот го разделуваше наследството на народите и ги расејуваше синовите Адамови, тогаш стави граници меѓу народите според бројот на ангелите Божји,
9. зашто делот на Господа е Неговиот народ; Јаков е наследството Негово.
10. Он го најде во пустиња, во земја везводна, го заштитуваше, се грижеше за него, го чуваше како зеница на окото свое;
11. како што орелот го покрива гнездото свое, и сакајќи ги орлињата, ги раширува крилјата свои, ги зема и ги носи на педувите свои,
12. така Господ Сам ги водеше нив, и немаше со Него туѓ бог.
13. Он ги искачи на земната височина, ги заситуваше со полски жита и ги хранеше со мед од камен и елеј од тврда карпа;
14. со кравјо масло и овчо млеко, и со лој од јагнињата, од овците, од јунците, и од козлите, со најдобро жито, и тие пиеја вино, крв од грозје.
15. И јадеше Јаков и се насити, но се одврати од таа љубов, и откако се прошири, Го остави Бога, Кој го создаде, и отстапи од Бога, Спасителот свој.
16. Со туѓи богови Ме раздразнија и со одвратности свои Ме загорчија:
17. им принесуваа жртва на бесовите, а не на Бога; на боговите, што не ги познаваа, на боговите нови и непознати, кои татковците нивни не ги виделе.
18. А хранителот, кој те родил, ти Го остави, и Бога, Кој те создал, Го заборави.
19. И Господ виде, па се налути и се раздразни поради гревот на синовите Свои и ќерките Свои,
20. и рече: „Ќе го свртам лицето Свое од нив и ќе им го покажам крајот нивни: бидејќи тие се развратен род, синови, во кои нема вера;
21. тие Ме раздразнија со она што не е Бог туку со своите Идоли Ме наскрбија: и Јас ќе ги раздразнам со она што не е народ, туку со народ неразбран ќе ги наскрбам;
22. зашто оган се разгори од јароста Моја; тој нагорува сè до пеколот вечен, ја јаде земјата и житата нејзини, ги изгорува основите на планините;
23. ќе нафрлам врз нив зла и ќе ги вперам против нив стрелите Мои:
24. тие ќе се истоштуваат од глад, ќе ги јадат птици и неизлечиви болести, и ќе испратам против нив ѕверски заби и отров од земни влекачи;
25. од оваа страна ќе ги погубува меч, а во домовите нивни – ужас, поразувајќи младич и девојка и дете доенче и побелен старец.
26. Јас бев рекол: ќе ги расеам и ќе го избришам споменот нивни меѓу луѓето;
27. но го одложив тоа поради озлобеноста на непријателите, за да не живеат долго, се возгордеат, па да речат: „нашата рака е висока, и не го направи сево ова Господ.”
28. Зашто тие се народ, што го изгубил расудувањето и нема разум.
29. О, да беа расудувале, помислиле на годините што идат, и да беа разбрале што ќе стане со нив!
30. Како би можел еден да гони илјади и двајца десет илјади, ако нивниот Бог не би ги предал, и Господ не би ги дал!
31. Зашто нивните богови не се како нашиот Бог, нашите непријатели се неразумни.
32. Зашто лозјето им е од содомска лоза, а прачките од Гомор; грозјето им е отровно грозје, гроздовите им се горчливи;
33. виното им е змијски отров и смртоносен аспиден отров.
34. Не е ли сето тоа сокриено во Мене? Не е ли запечатено во Моите сокровишта?
35. Ќе објавам ден за одмазда, и тоа во она време кога ќе им се соблазни ногата нивна, зашто денот на загинувањето нивно е блиску, брзо ќе настапи подготвеното за нив.
36. Но Господ ќе му суди на Својот народ, и ќе се смили над робовите Свои, кога ќе ги види ослабени, истоштени и изнемоштени.
37. И ќе рече тогаш Господ: „Каде се боговите нивни, на кои се надеваа?
38. Лој од жртвите нивни јадевте и вино од преливите за нив пиевте, камо да воскреснат, па да ви помогнат и да ви бидат покровители?
39. И ете, видете сега дека тоа сум Јас; Јас сум и нема Бог, освен Мене: Јас уништувам и оживувам, Јас ранувам и Јас лекувам, и нема кој може да земе од раката Моја.
40. Ќе ја кренам кон небото раката Моја и се колнам во десницата Моја и велам: – жив сум довека -!
41. Кога ќе го наострам Мојот блескав меч, и раката Моја го прими судот, ќе им се одмаздам на непријателите Мои и ќе им платам на оние што Ме мразат;
42. ќе ги напојам стрелите Свои со крв, и мечот Мој ќе се насити со месо, со крвта од убиените и заробените, од главите на непријателските кнезови.
43. Веселете се, небеса, заедно со Него, и поклонете Му се, сите ангели Божји. Веселете се, незнабошци, со Неговиот народ и нека се закрепнат сите синови Божји! Зашто Он ќе се одмазди за крвта на синовите Свои, ќе им се одмазди на непријателите Свои, и ќе им плати на оние, што Го мразат, и ќе ја очисти Господ замјата Своја и народот Свој!”
44. И во тој ден ја напиша Мојсеј таа песна и ги научи синовите Израилеви на неа. И се приближи Мојсеј до народот и ги кажа гласно сите зборови од овој закон пред народот, тој и Исус Навин.
45. Откако Мојсеј ги кажа сите тие зборови пред целиот Израил,
46. им рече: “Внесете ги во срцето сите зборови, што ви ги кажав денес, и заповедајте им на децата ваши, да ги пазат и да ги исполнуваат сите зборови од овој закон;
47. зашто тие не се за вас празни зборови, туку ваш живот, и преку нив ќе живеете долго време на земјата, за која одите преку Јордан да ја наследите.’
48. И во истиот тој ден му зборуваше Господ на Мојсеја и му рече:
49. „Искачи се на планината Аварим, тоа е планината Нево, во Моавската земја, спроти Јерихон, и погледни ја Хананската земја, што им ја давам на синовите Израилеви во владение;
50. и умри на планината, на која ќе се искачиш и прибери се при народот свој, како што умре братот твој Арон, на планината Ор, и се прибра при народот свој,
51. затоа што не ги послушавте заповедите Мои пред синовите Израилеви кај водите во Кадис, во пустињата Син, зашто не ја почитавте светоста Моја меѓу синовите Израилеви;
52. ти само ќе ја видиш земјата, но нема да влезеш таму, – во земјата, што им ја давам на синовите Израилеви.”

33. Мојсеевиот последен благослов.

1. Ова се благословите, со кои Мојсеј, човек Божји, ги благослови синовите Израилеви пред смртта своја.
2. И тој рече: „Господ дојде од Синај, ни се јави нам во Сир, се покажа од планината Фаран и пристигна со десетици илјади светии; а од десната страна со Него беа ангели.
3. И ги заштити луѓето свои и сите светии се во Твои раце, и тие паднаа пред Твоите нозе.
4. И тие ги примија зборовите од овој закон, што ни го објави нам Мојсеј, наследството на народот од Јакова.
5. И тој беше омилен цар израилски кога се собираа народните кнезови заедно со Израилевите племиња.
6. Да живее Рувим и да не умира, и Симеон да биде многуброен!
7. А за Јуда го кажа ова: »Чуј го, Господи, гласот на Јуда и биди при народот негов; да се заштити со рацете свои, а ти биди помошник против непријателите негови.«
8. И за Левиј рече: »Твојот „тумим” и <урим” е на светиот маж Твој, кого Ти го укори кај водата на расправии, 9. кој им рече на татка си и на мајка си: „јас не те видов”, и браќата свои не ги позна, а синовите свои не ги виде, бидејќи тие, левитите, ги почитуваат зборовите Твои и го пазат заветот Твој, 10. го учат Јакова на законите твои, и Израилот на Твоите заповеди, ставаат темјан пред лицето Твое и сепаленици на жртвеникот Твој; 11. благослови ја, Господи, силата негова и прими ги делата на рацете негови, порази ги бедрата на непријателите негови, што стануваат против него и кои го мразат, за да не можат да се подигнат.« 12. За Венијамина рече: »Кого Господ го сака, тој живее во Него со радост, Бог го заштитува секогаш, и тој почива врз рамената Негови.« 13. А на Јосифа му рече: »Нека ја благослови Господ земјата негова со многусакани дарови небески, со роса и со подароци на бездната, што лежи долу, 14. со многусакани плодови од сонцето и многусаканите плодови од месечината, 15. со дарови од старите планини и со дарови од вечните ридови, 16. и благовремено нека ти се исполнува со пријатни и богати плодови, па тогаш Оној, Кој ми се јави во капината да слезе врз главата на Јосифа и врз темето на најдобриот брат негов; 17. цврстината му е како на првородно теле, и роговите му се како роговите на бивол; со нив ќе ги избоде сите народи до крајот на земјата: тоа се десетиците илјади Ефремови, тоа се илјадниците Манасиеви.« 18. На Завулона му рече: »Весели се, Завулоне, во своите патишта, и ти Исахаре, по полињата твои; 19. тие ќе ги истребат народите, и вие го свикувате народот на планината, таму ќе принесете жртви за правда, бидејќи богатството на морето ќе те храни, како и трговијата со народот што живее покрај морето.« 20. За Гад рече: »Благословен нека е кој ќе го прошири Гада; тој почива како лав и сокрушува мишка и глава; 21. тој ги виде првите делови на својата земја кога таму се разделуваше земјата меѓу собраните кнезови и началниците, и ја исполни правдата Господова и судот со Израилот.« 22. За Дан рече: »Дан е млад лав, кој што избега од Васан.« 23. За Нефталима рече: »Нефталим е задоволен со пријатности, па нека се засити и со благослов од Господа; морето и југот ќе ги наследи.« 24. За Асира рече: »Благословен е со синовите Асир, тој ќе биде омилен меѓу браќата свои и во елеј ќе ја натопи силата твоја. 25. железото и бакарот ти се обувките; како деновите твои ќе се зголемува силата твоја. 26. Нема друг како возљубениот Бог, Кој се пронесува по небото, тебе на помош, и како великолепие на земјата. 27. Единиот Бог е твое прибежиште, и ти си под силата на Неговите вечни мишки. Он ќе го прогонува непријателот пред тебе и ќе рече: истребувај! 28. И кога ќе се насели Израил, ќе живее сам во земјата на Јакова, земја изобилна со жито и вино, а небото ќе му праќа роса.« 29. Блажен си ти, Израиле! Кој е како тебе, народ пазен од Господа, Кој ти е штит закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели те молат, а ти ќе ги газиш вратовите нивни.«

34. Смртта Мојсеева.

1. Тогаш Мојсеј се искачи од рамнините Моавски на планината Нево, на врвот Фазга, спроти Јерихон, и Господ му ја покажа целата земја од Галад дури до самиот Дан,
2. и целата земја Нефталимова, и целата земја Ефремова и Манасиева, и целата земја Јудина, дури до самото последно море,
3. и пустињата и полињата околу Јерихон, град на палми, дури до Сигор.
4. И му рече Господ на Мојсеја: „Ете ја земјата, за која им се заколнав на Авраама, Исака, и Јакова, велејќи: »на вашето семе ќе им ја дадам«; ти ја покажав на очите твои, но ти таму нема да појдеш.”
5. И умре таму Мојсеј, слугата Господов, во земјата Моав, според зборот Господов;
6. и го погребаа во земјата Моавска близу до домот Фогаров, и дури до денеска никој не знае каде е погребан.
7. Мојсеј беше на сто и деведесет години кога умре; но видот не му беше ослабнат, и силата негова не му беше опаднала.
8. И синовите Израилеви го оплакуваа Мојсеја во Аравот Моавски кај Јордан, близу до Јерихон, триесет дена. А по деновите за плачење настана тага по Мојсеја.
9. И Исус, синот Навинов, се исполни со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги беше возложил рацете свои врз него, и му се покоруваа синовите Израилеви и правеа така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
10. И не се појави веќе таков пророк во Изралот, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице со лице;
11. со такви знаци и чудеса, кои ги беше испратил Господ да ги изврши во Египетската земја над Фараонот, над сите слуги негови и над целата земја негова.
12. Чудесни се и големи тие дела што Мојсеј ги изврши пред очите на целиот Израил, со силна рака и цврста мишка.