Свето Писмо на македонски јазик

 
 
 
„Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.“ (Откровение 1,3)
 
 
 
 

Книга Неемија

1. Неемина молитва.

1. Зборовите на Неемија, синот Ахалиев. Во месецот Хаселев, во дванаесеттата година, јас бев во престолниот град Суза.
2. Тогаш дојде Ананија, еден од моите браќа, – тој и неколку души од Јудеја. И јас ги прашав за многу нажалените Јудејци, што не беа заробени, и за Ерусалим.
3. А тие ми рекоа: „Оние што останаа незаробени, се наоѓаат таму, во земјата своја, и се во голема неволја и понижение; а ѕидовите на Ерусалим – се урнати, и портите негови – со оган изгорени.”
4. Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молем пред Бога небесен,
5. и реков: „Господи, Боже небесен, Боже велики и страшен, Кој го пазиш заветот и милоста кон оние, што Те сакаат и постапуваат – според Твоите заповеди!
6. Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени, за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноќе пред Тебе за синовите Израилеви, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израилеви, со кои згрешивме пред Тебе, згрешивме – јас и домот на таткото мој.
7. Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите, што ги беше дал на Мојсеја, Твојот слуга.
8. Но присети се на зборот, што му го беше дал на Мојсеја, Твојот слуга, велејќи: »Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите,
9. а кога ќе се обрнете кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот на небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал, за да го воведам таму името Свое.«
10. А тие се Твои слуги и Твој народ, што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака.
11. Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да се плашат од името Твое. Помогни му сега на Твојот слуга и воведи го во милоста на тој човек.” – Јас бев пехарник кај царот.

2. Царот дозволува да се гради Ерусалим.

1. Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркса, во месецот Нисан, имаше пред него вино. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него.
2. Но царот ме праша: „Зошто ти е нажалено лицето? Ти не си болен, такво нешто нема, но секако имаш тага на срцето.” Јас многу се уплашив
3. и му реков на царот: „Нека е жив царот засекогаш! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на татковците мои, е запустен, и портите негови со оган се изгорени!”
4. И царот ми рече: „Па што бараш?” Јас се помолив на Бога небесен
5. и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на татковците мои, за да го изѕидам.”
6. И ми рече царот и царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?” И царот се согласи да ме пушти, откако го определив времето.
7. Тогаш му реков на царот: „Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до задречните
обласни кнезови, за да ми дозволат пропуст, додека стигнам до Јудеја,
8. и писмо до Асафа, чуврот на царските шуми, да ми даде дрва за вратите на тврдината, што е при Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за куќата, во која ќе живеам.” И царот ми даде, бидејќи благодатната рака на мојот Бог беше над мене.
9. Кога стигнав при задречните обласни кнезови, им ги предадов царските писма. А царот беше испратил со мене воени началници со коњаници.
10. Кога го слушнаа тоа Саваналат, Аронит и Товија, слуга амонитски, им стана многу непријатно, што дошол човек да се грижи за доброто на синовите Израилеви.
11. Пристигнав во Ерусалим и останав таму три дни.
12. Потоа станав ноќе со неколку души, што беа при мене, и никому не му кажав, што ми ставил мојот Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на коешто јавав.
13. Така минав ноќе преку Долинските Порти пред изворот во смокварникот и низ Гноиштните Порти, ги разгледав разрушените ѕидишта на Ерусалим и изгорените негови порти со оган.
14. И дојдов до Изворните Порти и до царското езеро, но таму немаше место да мине добичето, што беше под мене;
15. и се вратив назад по долот ноќе и ги разгледав ѕидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив.
16. Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите работници.
17. Затоа им реков: „Гледате во каква неволја се наоѓаме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме ѕидовите на Ерусалим, та да не бидеме веќе за срам пред луѓето.”
18. И им раскажав, дека благодатната рака на мојот Бог беше над мене, – и за зборовите на царот, што ми ги кажа. Па им реков: „Да станеме и да градиме!” Тогаш им се зацврстија рацете во добро дело.
19. Кога го слушнаа тоа Саваналат Аронит и Товија, слуга амонитски, и Гисам Арабјанин, ни се потсмевнуваа и рекоа со презир: „Каква е таа работа што ја вршите? Не мислите ли повеќе да се буните против царот?”
20. Јас им одговорив и реков: „Бог небесен, Он ќе ми помогне, и ние, слугите Негови, ќе почнеме да ѕидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим.”

3. Опис на ѕидовите Ерусалимски што се градат.

1. И стана Елијашив, големиот свештеник, и браќата негови, свештеници, и изградија Овчи Порти: ги осветлија и ги ставија вратите нивни и ги осветлија од кулата Меа до кулата Хананела.
2. До него градеа Јерихонците, а до нив градеше Закхур, син Аманиев.
3. Рибна Порта изградија синовите Асанаеви: тие ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучалниците нивни и резињата нивни.
4. До нив Меремот, син на Урија, син Акосов, го поправаше ѕидот; до нив Мосолам, син Варахиев, син Мозевилов; до нив поправаше Садок, син Ванин.
5. До нив поправаа Текојци; но некои од нив, повидните, не го свиткаа грбот за да поработат за својот Господ.
6. Старите порти ги поправаа Јоизда, син Пасеахов, и Мешулам, син Весодиев; ти ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.
7. До нив поправаше Малтија, Гаваонец, и Јадон од Меронот, со жителите на Гаваон и Масфа, потчинетите на задречниот кнез.
8. До него поправаше Озиил, син Архиев, златар, а до него поправаше Ананија, син Ракеимов. Тие го обновија Ерусалим до широкиот ѕид.
9. До нив поправаше Рефаија, син Суров, началник на Ерусалимскиот полукруг.
10. До нив и спроти куќата своја поправаше Једаија, син Ероматов, а до него поправаше Атут, син Асаваниев.
11. На вториот дел поправаше Мелхија, син Мрамов, и Асув, Фет-Моавов син; тие исто така ја поправаа и Кулата кај печката.
12. До нив поправаше Салум, Алаисов син, началник на Ерусалимскиот полуокруг, – тој и ќерките негови.
13. Долинските Порти ги поправаше Анун, и жителите од Занон: тие ги изградија и ги ставија вратитие нивни, клучалките нивни и резињата нивни: Тие уште поправаа и илјада лакти од ѕидот до Гноишните Порти.
14. А Гноишните Порти ги поправаше Мелхија, Риханов син, начланик на Виткрамскиот округ: тој ги изгради и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.
15. Изворните Порти ги поправаше Соломон, Халезеов син, началник на округот Мисфа: тој ги изгради, ги покри и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни; тој го поправаше и ѕидот при бањата Силоам, спроти царската градина и од скалите, што слегуваа од Давидовиот град.
16. По него поправаше Неемија, Завухов син, начланик на Битсрускиот полукруг, до Давидовите гробници и до ископаното езеро и до куќата на храбрите.
17. По нив поправаа левитите: Рехум, Ваниев син; до него поправаше, за својот округ, Асавија, началник на Кеилскиот полукруг.
18. По нив поправаа браќата нивни: Венеи, Инададов син, началник на Келилскиот полуокруг.
19. А до него поправаше Азур, Исусов син, начланик на Мисфа, на вториот дел, спроти излезот кон оружницата на аголот.
20. По него ревносно поправаше Варух, Завуев син, на вториот дел, од аголот до куќната врата на Елијасува, големиот свештеник.
21. По него поправаше Мерамот, син на Урија, син Акосов, на вториот дел, од куќната врата на Елијасивови до крајот на Елијасивовата куќа.
22. По него поправаа свештениците од околината.
23. По него поправаа Венијамин и Асув, спроти својата куќа; по нив поправаше Азарија, син на Масија, Ананиев син, до куќата своја.
24. По него поправаше Ванеј, син Ададов, на вториот дел, од Азариевата куќа до аголот и свиокот.
25. По него – Фалах, Узаинов син, спроти аголот и кулата, што се издига од горниот царски дом при затворскиот двор. По него Фадаија, Фаросов син.
26. А Нетинејците, што живееја во Офал, поправаа спроти Водните Порти кон исток и до
издадената кула.
27. По нив поправаа Текојците, на другиот дел, на местото спроти големата издадена кула до Офалскиот ѕид.
28. Од Конските Порти понатаму поправаа свештениците, секој спроти куќата своја.
29. По нив поправаше Садок, Сехениев син, чувар на источните порти.
30. По него поправаше Ананија, Шелемиев син, и Ханун, шестиот син Цалафов, на вториот дел. По него поправаше Мешулам, Верехиев син, спроти собата своја.
31. По него поправаше Малхија, Хацорфиев син, до куќата на Нетинејците и трговците, спроти Хамифкадските Порти дури до аголната горнина.
32. А меѓу аголната горнина и Овчите Порти поправаа златари и трговци.

4. Ѕидањето продолжува.

1. Кога чу Санавалат, дека ги ѕидаме ѕидовите, се налути и додеваше многу и се подигруваше со Јудејците;
2. и зборуваше пред браќата свои и пред самариските воени луѓе, велејќи: „Што прават тие проклети Јудејци? Зар ќе им го дозволат тоа? Зар тие ќе принесат жртви? Зар ќе завршат некогаш? Зар ќе ги оживеат камењата од купиштата прав, и притоа изгорени?”
3. А до него Товија, Амонитецот, рече: „Нека го ѕидаат; ќе мине лисицата и ќе ги срине камените ѕидови нивни.”
4. Чуј, Боже наш, на каков презир сме, и сврти ја таа нивна подигравка врз главите нивни, предај ги на презир во земја во пленство.
5. Не ги прикривај беззаконијата нивни, и гревот нивни да не биде избришан пред лицето Твое, бидејќи Те огорчија оние што ѕидаат.
6. Ние сепак го градевме ѕидот, и целиот ѕид високо беше поврзан до половината негова. И на народот му беше при срце да работи.
7. Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Аралците, и Амонитите, и Азотите, дека ерусалиските ѕидови се возобновуваат, дека расипаното почна да се исполнува, многу се разгневија.
8. И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат.
9. А ние му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноќе, за да се спасиме од нив.
10. Но Јудејците рекоа: „Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме ѕидот.”
11. А непријателите наши, пак, велеа: „Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ќе влеземе меѓу нив, ќе ги убиеме, и ќе ја запреме работата.”
12. Доаѓаа Јудејците, што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ќе нè нападнат,
13. тогаш по ниските места на градот, зад ѕидот, по сувите места, го поставија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни.
14. Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: „Не плашете се од нив; помнете Го Господа велик и страшен и бијте се за браќата свои, за синовите свои, за ќерките свои, за жените свои и за куќите свои.”
15. Кога слушнаа нашите непријатели, дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа.
16. Од тој ден половината од младите при мене се наоѓаа на работа, а другата половина нивна стоеја со копја, штитови, лакови и оклопи; а војводите нивни беа зад целиот дом Јудин.
17. Оние, што го градеа ѕидот и носеа товари, што им се наложуваа, со едната рака ја вршеа работата, а во другата рака држеа копје.
18. Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше
трубачот.
19. И им реков на првенците и началниците и на другиот народ: „Работата е голема и просторна, а ние сме распрснати по ѕидот и оддалечени едни од други;
20. затоа, од каде ќе чуете трубен звук, во тоа место собирајте се при нас: Бог наш ќе се бори за нас.”
21. Така ја теравме работата; и половината ги држеа копјата откако зората се појави, додека ѕвездите да излезат.
22. Освен тоа, истовремено му бев порачал на народот да ноќеваат во Ерусалим сите со слугите свои, – и да бидат тие кај нас ноќе на стража, а дење на работа.
23. И ниту јас, ниту браќата мои, ниту стражарите, што ме придружуваа, не ги соблекувавме облеките свои, и секој од нас имаше при рака меч и вода.

5. Неемија ги ослободуваше сиромашните од државни давачки.

1. Се крена голем врисок од луѓето и нивните жени, против Јудејците, браќата нивни.
2. Имаше едни, кои велеа: „Ние, синовите наши и ќерките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме.”
3. Имаше и такви, што велеа: „Ги заложуваме нивните свои, лозјата свои и куќите свои, за да си набавиме жито при оваа глад.”
4. Имаше и такви, кои велеа: „Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои;
5. ние имаме исто тела, какви што се телата на браќата наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и ќерките свои за слуги, а, пак некои наши ќерки веќе се наоѓаат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците.”
6. Кога го чув нивниот врисок и тие зборови, многу се јадосав.
7. Срцето мое се возбуди, и јас строго ги искарав првенците и војводите, велејќи им: „Вие земате лихва од браќата свои.” И свикав против нив големо собрание,
8. па им реков: „Ние според силите свои ги откупуваме браќата свои Јудејци, продадени на народите, а вие ги продавата браќата свои, и тие ни се продаваат нам?” Тие молчеа и не знаеја, што да одговорат.
9. Тогаш реков: „Не е добро што правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог, за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели?
10. И јас и браќата мои и оние што служат при мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг.
11. Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куќите нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и елејот, што сте го зеле од нив.”
12. А тие одговорија: „Ќе го вратиме и нема ништо да бараме од нив; ќе направиме така, како што велиш.” Тогаш ги повикав свештениците и им заповедав да дадат клетва, дека ќе направат така.
13. Па ја истресов облеката своја и реков: „Така да го истресе Бог секој човек, што нема да го одржи тој збор, од домот негов, од имотот негов, и така да биде во него истресено и празно сè!” И целото собрание рече: „Амин!” и го прославија Бога; и народот го одржа тој збор.
14. Од тој ден, кога бев определен за нивни управител во Јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браќата мои не јадевме управителски леб.
15. А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте сикли сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји.
16. Притоа јас ги поттикнував работите кај овој ѕид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа.
17. При мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, освен оние што доаѓаа при нас од околните народи.
18. И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И при сето тоа јас не сакав управителски леб, зашто тешка работа лежеше врз тој народ.
19. Боже мој, спомни ме мене за сето добро, што го направив за овој народ!

6. Неемија избегнува замка.

1. Кога слушна Санавалат, Товија и Гисам, Арабјанинот и другите наши непријатели, дека јас го изѕидав ѕидот, и повреда на него не остана – до тоа време, меѓутоа, не бев поставил уште врати на портите, –
2. тогаш Санавалат и Гисам испратија да ми кажат: „Дојди, и ќе се сретнеме во едно од селата во рамината Оно!” Тие кроеја да ми направат лошо.
3. Но јас испратив пратеници да им кажат: „Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам при вас.
4. Четирипати испраќаа при мене сè со таква покана и јас им одговарав исто.
5. Тогаш Санавалат го испрати по мене, за петти пат, слугата свој со отворено писмо во раката своја.
6. Во него беше напишано: „Глас се разнесува меѓу народите, и Гисам вели, дека божем ти и Јудејците сте намислиле да се отцепите, и поради што и го ѕидаш ѕидот и сакаш да им бидеш цар, така се зборува;
7. си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: »цар јудејски!« А таквите зборови ќе дојдат до царот. Затоа дојди, и ќе се посоветуваме заедно.”
8. Но јас испратив да му кажат: „Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум.”
9. А тие сите нè плашеа, велејќи: „Ќе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши.” Но јас уште повеќе си ги зацврстив рацете свои.
10. Отидов во куќата на Семеја, син на Делаја, син Метавеилев, и тој се затвори и рече: „Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклучиме потоа вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат ноќе.”
11. Но јас одговорив: „Бива ли да бега човек како мене? Бива ли така како мене да влезе во храмот, за да остане жив! Не одам.”
12. Јас знаев, дека не го беше испратил Бог, – иако ми говореше пророчки, – туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле.
13. Тој беше поткупен, за да ме упраши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори.
14. Помни ги, Боже мој, Товија и Санавалата според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци, што сакаа да ме уплашат?
15. Ѕидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот Елум, за педесет и два дена.
16. Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и ги видоа тоа сите околни народи, многу се обескуражија и дознаа дека таа работа и извршена од нашиот Бог.
17. Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци, пишуваа писма и ги испраќаа до Товија, а Товиевите писма одеа при нив,
18. зашто мнозина во Јудеја беа во клетвен сојуз со него, оти тој му беше зет на Сехенија, син Ираев, а синот негов Јонатан беше женет за ќерката на Месулама, син Варахиев.
19. Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија ми испраќаше писма, за да ме уплаши.

7. Пребројувањето на народот. Доброволни прилози.

1. Кога ѕидот беше изграден, и ги ставија вратите, а и вратарите беа пставени на службата своја, и певците и левитите,
2. тогаш му заповедав на братот мој Ананија и на началникот на домот во Ерусалим, бидејќи тој беше од многу други поверен и побогобојазлив,
3. и им реков: нека не ги отвораат ерусалимските порти, додека не изгрее сонцето; и вечер, додека вратарите се наоѓаат тука, нека ги затвораат и заклучуваат портите. И определив стражари од жителите ерусалимски, секој на своја стража и секој спроти куќата негова.
4. Но градот беше широк и голем, а народ во него имаше малку, и куќите не беа изградени.
5. И Бог мој ми вложи во срцето да ги соберам првенците и началниците и народот, за да извршам пребројување. Па го најдов родословниот список на оние што беа дошле први; во него беше напишано:
6. ова се жителите на земјата, што се вратија од пленство, каде што беа преселени од вавилонскиот цар Навуходоносор, и се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град, –
7. оние, што тргнаа со Зоровавела, Исуса, Неемија, Азарија и Велма, Наемана, Мардохеја, Васана, Масфара, Ездра, Вогуја, Инаума, Вана и Масфара, бројот на народот Израилев:
8. синовите Фаросови – две илјади и сто и седумдесет и двајца.
9. Синовите Сафатиеви – триста и седумдесет и двајца.
10. Синовите Ираеви – шестотини и педесет и двајца.
11. Синовите Фет-Моавови – Исусови и Јоавови – две илјади и осумстотини и осумнаесет.
12. Синовите Еламови – илјади и двесте и педесет и четири.
13. Синови Затуеви – осумсторини и четириесет и пет.
14. Синовите Заханеви – седумстотини и шеесет.
15. Синовите Вануеви – шестотини и четириесет и осум.
16. Синовите Вереиеви – шестотини и дваесет и осум.
17. Синовите Гетадови – две илјади и триста и дваесет и двајца.
18. Синовите Адоникамови – шестотини и шеесет и седум.
19. Синовите Вагуеви – две илјади и шестотини и седум.
20. Синовите Адинови – шестотини и педесет и пет.
21. Синовите Атирови, од Езекиевиот дом – деведесет и осум.
22. Синовите Исамиеви – тирста и дваесет и осум.
23. Синовите Васееви, триста и дваесет и четири.
24. Синовите Арифови – сто и дванаесет.
25. Родените во Гаваон – деведесет и пет.
26. Жителите од Витлеем и Нетофа – сто и осумдесет и осум.
27. Жителите од Анатот – сто и дваесет и осум.
28. Жителите од Вет-Асмавет – четириесет и двајца.
29. Жителите од Киријат-Јарим, Кафер и Вирот – седумстотини и четириесет и тројца.
30. Жителите од Рама и Гава – шестотини и дваесет и еден.
31. Жителите од Махмас – сто и дваесет и двајца.
32. Жителите од Ветил и Гај – сто и дваесет и тројца.
33. Жителите од другиот Невон – педесет и двајца.
34. Синовите од другиот Елам – илјади и двесте и педесет и четворица.
35. Синовите Арамови – триста и дваесет.
36. Родени во Јерихон – триста и четириесет и пет.
37. Родени во Лод, Адид и Оно – седумстотини и дваесет и еден.
38. Родени во Сенеја – три илјади и деветстотини и триесет.
39. Свештениците: синови Јодаеви, од Исусовиот дом – деветстотини седумдесет и тројца.
40. Синови Емирови – илјада и педесет и двајца.
41. Синови Фасеурови – илјада и двесте и четириесет и седум.
42. Синови Ирамови – илјада и седумнаесет.
43. Левитите: синови Исусови, од Кадмииловиот дом, од домот на Удуловите синови – седумдесет и четири.
44. Певците: синови Асафови – сто и четириесет и осум.
45. Вратарите: синови Салумови, синови Атирови, синови Талмонови, синови Акувови, синови Атитови, синови Соваеви – сто и триесет и осум.
46. Нетинејци: синовите на Илај, синовите на Асефа, синови Јаваотови,
47. синовите Кирасови, синовите на Сисанија, синовите Фадонови,
48. синовите на Лавана, синовите на Агава, синовите Салмаеви,
49. синовите Ананови, синовите Гиделови, синовите Гарови,
50. синовите Реајеви, синовите Ресинови, синови на Некода,
51. синовите Гизамови, синовите Озаови, синовите Фесови,
52. синовите Висаеви, синовите Меунимови, синовите Нафусесимови,
53. синовите Ваквукови, синовите на Акуфови, синовите Арурови,
54. синовите Васалтови, синовите на Мида, синовите Адасанови,
55. синовите Варкуеви, синовите на Сисара, синовите Тимаеви,
56. синовите Нисиниеви, синовите на Атифа.
57. Синовите на слугите Соломонови: синовите Сутеинови, синовите Сафаратови, синовите на Ферида,
58. синовите на Лели, синовите на Доркон, синовите Годаилови,
59. синовите Сефатиеви, синовите Атилови, синовите од Харет, синовите Амониеви.
60. Сите Нетинејци и синовите од слугите Соломонови – триста и деведесет и двајца.
61. Еве ги и оние што излегуваа од Телмелех, Тел-Арис, Херув, Адон и Имир, но не можеа да го кажат поколението свое и родот свој, дали се и тие од Израилот:
62. синовите Делаиеви, синовите Товиеви, синовите на Некода – шестотини четириесет и двајца.
63. А од свештениците: синовите Ховаиеви, синовите Акосови, синовите на Верзелија, кој беше женет со ќекрата на Галадецот Верзелија и почна да се презива според нивното име.
64. Тие го бараа родословниот список, но не се најде, та затоа беа исклучени од свештенството.
65. И Атерсат им рече да не ја јадат големата светиња, сè додека не се издигне свештеник со урим и тумим.
66. Целото општество заедно беше четириесет и две илјади и триста и шеесет души,
67. освен слугите нивни, кои беа седум илјади и триста и триесет и седум; и при нив уште певци и певици – двесте и четириесет и пет.
68. Коњи имаа седумстотини и триесет и шест, маски имаа двесте и четириесет и пет,
69. камили – четиристотини и триесет и пет, осли – шест илјади и седумстотини и дваесет.
70. Некои од родовските началници дадода приноси, за да врват работите. Агерсат даде во сокровишницата илјада драхми злато, петстотини чаши, петстотини и триесет свештенички одежди.
71. А некои од старешините дадоа во сокровишницата, за да напредуваат работите, дваесет илјади драхми злато и две илјади и двесте мнаси сребро.
72. Други од народот дадоа дваесет илјади драхми злато и две илјади мнаси сребро и шеесет и седум свештенички одежди.
73. И така се населија во градовите свои свештеници и левити, и вратари и певци, и народ и Нетинејци и сиот Израил.

8. Народот го слуша читењето на Законот. Празникот Сеници.

1. Кога настана седмиот месец, и синовите Израилеви живееја по градовите, се собра сиот народ како еден човек на плоштадот, што е пред Водните порти, и му рекоа на книжникот Ездра, да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израилот.
2. И свештеникот Ездра го донесе Законот пред собранието од мажи, жени и сите, што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;
3. и читаа од него на плоштадот, што е пред Водните порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и ушите на сите луѓе беа насочени кон книгата на Законот.
4. Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Мататија, Сема, Ананија, Урија, Хелкија и Масија, а лево од него – Федаија, Мисаил, Малхија, Асум, Асвадан, Зарахија и Месулам.
5. Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.
6. Тогаш Ездра го благослови Господа, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете угоре, клањајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господа.
7. А Исус, Ванаја, Саравија, Акан, Саватеј, Камтас, Азарија, Јозавадан, Анифанес и левитите му го објаснуваа законот на народот, а народот стоеше на местата свои.
8. И читаа разбирливо од книгите, од Законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.
9. Тогаш Неемија, и книжникот Ездра, свештеник, и левитите, кои го чуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господа, вашиот Бог; не тажете и не плачете,” – зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на Законот.
10. И им рече: „Одете, јадете… мрсно и пијте слатко, и испратете им делови на оние, што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господа е поткрепа за вас.”
11. И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.”
12. И појде сиот народ да јаде и да пие и да испарќа делови и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите, што им ги кажаа.
13. На другиот ден се собраа старешините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите при книжникот Ездра, за да им ги објасни зборовите на Законот.
14. И го најдоа напишаното во Законот што Господ го беше дал преку Мојсеја, дека на празникот во седмиот месец синовите Израилеви треба да живеат во сеници.
15. Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, велејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива малина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја, за да направите сеници според запишаното.”
16. Отиде народот и донесоа, та си направија сеници, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот при Водните Порти, и на плоштадот при Ефремовите Порти.
17. Целото општество од оние, што се беа вратиле од пленство, направи сеници и живееја во сеници. Од дните на Исуса, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израилеви. Радоста беше многу голема.
18. И читаа во книгата на Законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празникот седум дена, а на осмиот ден – се одржа собор според уредбата.

9. Јавно народно покајание.

1. На дваесет и четвртиот ден од тој месец се собраа сите синови Израилеви, постејќи, во вреќишта и со пепел на главите свои.
2. И се оддели Израилевото семе од сите другоротци, станаа, па ги исповедаа гревовите свои и престапите на татковците свои.
3. И стоеја на местата свои, и четврт ден читаа од книгата на законот Господов, својот Бог, а во другата четвртина се исповедаа и му се клањаа на Господа, својот Бог.
4. И застанаа на повисоко левитско место: Исус, Ванија, Кадмил, Саланија, Вуниј, Саравија, Ванија, Анани и силно повикаа кон Господа, својот Бог.
5. И рекоа левитите – Исус, Кадмил, Ванија, Севаија, Саравија, Одија, Севанија, Петахија: „Станете, славете Го Господа, вашиот Бог, од века до века, и нека се славослови преславното Твое име, кое е повисоко од секое славословие и похвала!”
6. И рече Ездра: „Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и сè, што е по неа, морињата и сè, што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинста Ти се клањаат.
7. Ти сам, Господи Боже, го избра Аврама, ги изведе од Ур Халдејски и му даде име Авраам,
8. и го најде срцето негово верно пред Тебе, и склучи со него завет, за да му ја дадеш нему и на семето негово земјата на Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Јевусејците и Гергесејците. И Ти го исплни зборот Свој, зашто си справедлив.
9. Бидејќи Ти ја виде маката на Татковците наши во Египет и ја чу нивната поплака при Црвеното Море,
10. и покажа знаци и чудеса над Фараонот и над сите негови служители и над сиот народ од земјата негова, бидејќи Ти знаеше, оти тие постапија горделиво со нив, и Ти Си создаде име до денес.
11. Ти го пресече пред нив морето, и тие минаа среде море како по суво, а оние што те гонеа, Ти ги фрли во длабочините како камен во силни води.
12. Во облачен столб Ти ги водеше дење и во огнен столб – ноќе, за да им го осветлуваш патот, по кој требаше да одат.
13. И слезе Ти на гората Синај и говореше со нив од небото, им даде праведен суд, вистински закони, наредби и добри заповеди.
14. И им ја покажа Твојата света сабота и преку Твојот слуга Мојсеј им даде заповеди, наредби и закон.
15. И кога гладуваа, Ти им даваше леб од небото, а кога беа жедни, им извади вода од камен, и им рече да одат и да ја завладеат земјата, која Ти, откога ја крена раката, се заколна дека ќе им ја дадеш.
16. Но тие, нашите татковци, беа упорни, се покажаа тврдоглави и не ги послушаа Твоите заповеди;
17. не сакаа да се покоруваа и не се сетија на Твоите чудесни дела, што беше ги направил со нив, станаа тврдоглави и со својата упорност поставија над себеси водач, за да се вратат во ропството свое. Но Ти си Бог, Кој сака да проштева, добар и милостив, долготрпелив и многумилостив, и Ти не ги остави.
18. И макар што беа излеале теле и беа рекле: »ете го твојот бог, што те изведе од Египет« – и макар што правеа големи оскрбувања,
19. Ти, поради големото Свое милосрдие, не ги остави во пустињата; облачниот столб не се одлепуваше од нив дење, за да ги води по патот, и огенениот столб – ноќе за да им свети по патот, по кој требаше да одат.
20. Ти им го даде Твојот благ Дух, за да ги поучува, и не ја одземаше маната Своја од устата нивна, па и вода им даваше за гаснење на жедта нивна.
21. Четириесет години ги хранеше во пустињата; но ништо не трпеа скудност, облеката не им оветвуваше, нозете не им потекуваа.
22. И Ти им даде царства и народи и им ги раздели, и тие ја завладеаја земјата на Сион и земјата на есевонскиот цар, и земјата на Ога, царот васански.
23. И им ги умножи синовите нивни како небесните ѕвезди и ги воведе во земјата, за која им беше говорел на татковците нивни, дека ќе дојдат да ја владеат.
24. И синовите нивни влегоа и ја завладеаја земјата. И ти им го потчини жителите на таа земја – Хананејците, и ги предаде во рацете нивни со царевите и народите на земјата, за да постапуваат со нив според волјата своја.
25. И тие ги зазедоа утврдените градови и плодната земја, и завладеаја куќи, полни со секаков имот, направени извори во камен, лозја и маслинови градини и многу плодни дрвја за храна. Тие јадеа, се наситуваа, се дебелеа и се насладуваа од Твојата голема добрина;
26. и тие станаа упорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и правеа големи оскрбувања.
27. И Ти ги предаде затоа во рацете на непријателите нивни, кои ги угнетуваа. Но секогаш кога, во тешко време за нив, ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, по големото Свое милосрдие, им даваше спасители, што ги спасуваа од рацете на непријателите нивни.
28. А кога се успокојуваа, пак почнаа да прават зло пред Твоето лице, и Ти ги предаваше во рацете на непријателите нивни, и тие владееја со нив. Но кога пак ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, според големото Свое милосрдие, многупати ги спасуваше.
29. Ти им напомнуваше да се обрнат кон Твојот закон, но тие беа тврдоглави и не ги слушаа Твоите заповеди, се отстрануваа од Твоите закони, преку кои би живеел човек, ако ги исполнуваше, го свиткаа грбот, се покажаа тврдокорни и не слушаа.
30. Чекајќи да се обрнат, Ти одлагаше многу години и им напомнуваше со Твојот Дух преку пророците Свои, но тие не слушаа. Тогаш ги предаде во рацете на туѓи народи.
31. Но, по големото Свое милосрдие, Ти не ги истреби докрај и не ги оставаше, бидејќи Ти си Бог добар и милостив.
32. И сега, Боже наш, Боже велики, силни, страшен, Кој го пази заветот и милоста, нека не биде мало пред лицето Твое сето страдање, што нè снајде нас, царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши, татковците наши и сиот Твој народ од дните на асирските цареви до денес.
33. Во сè, што нè снајде, Ти си праведен, зашто Ти вршиш според правдата, а ние сме виновни.
34. Царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши и татковците наши не го извршуваа Твојот закон и не им посветуваа внимание на Твоите заповеди и Твоите опомени, со кои ги потсетуваше.
35. И во своето царство, при Твојата голема добрина што им ја укажуваше, и во широката и плодородна земја, што им ја оддели, тие не Ти служеа и не се одваратуваа од своите лоши работи.
36. И, еве, сега сме робови; во таа земја, што Ти им ја даде на татковците наши, за да се хранат од плодовите нејзини и од благата нејзини, еве, сега ние ѝ робуваме.
37. И своите плодови таа изобилно ги принесува за царевите, на кои што нè потчини заради гревовите наши. И тие по своја волја владеат над телата наши, и над добитокот наш, и ние сме во голема мака.
38. Поради сета тоа даваме цврст завет и потпишуваме, и на потписот е печатот на кнезовите наши, левитите наши и свештениците наши.

10. Народот се заколнува дека ќе го пази законот Божји.

1. Оние што удрија печат, беа: Неемија, Артастас, син Ахилиев, и Седекија, син Араиев
2. Серанија, Азарија, Јеремија,
3. Фасур, Амарија, Мелхија,
4. Атуст, Севанија, Малух,
5. Ирим, Мерамот, Адија,
6. Даниил, Ганатон, Варух,
7. Месулам, Авија, Мијамин,
8. Мазија, Велгај, Самаија: тоа се свештеници.
9. Левити: Исус, син Азариев, Внеј, од синовите Инададови, и Кадмиил;
10. и браќата нивни: Саванија, Одуија, Камтан, Фелија, Анан,
11. Миха, Рехов, Асевија,
12. Закхор, Саравија, Севанија,
13. Одуја, Вануиј, синови Ваниуеви.
14. Народните кнезови: Фарос, Фат-Моав, Илам, Затуј, синови Ваниини,
15. Азгад, Вивај,
16. Ананија, Вагој, Идин,
17. Атир, Езекија, Азур,
18. Одувија, Исм, Висиј,
19. Ариф, Анатот, Новај,
20. Мегафис, Месуалм, Изир,
21. Месезевил, Садук, Једуја,
22. Фалтија, Анан, Анаја,
23. Осија, Ананија, Асув,
24. Адој, Фала, Совик,
25. Фаум, Есаванија, Масија,
26. Ахија, Енан, Инам,
27. Малух, Ирам, Вана.
28. И другиот народ, свештеници, левити, вратари певци, Нетинејци и сите, што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нивни, сите, што можеа да разберат,
29. се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со клетва и проклетство – дека ќе постапуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мојсеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господа, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови.
30. И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои;
31. и кога туѓите народи ќе дотераат добиток и сè за продавање во сабота, да не земаат од нив во сабота и во свештениот ден, и на седмата година да проштеваа секакви долгови.
32. И си поставивме за закон да даваме од себеси по една третина од сикла годишно за потребите на домот на нашиот Бог:
33. за лебовите на предложението, за постојаниот лебен принос и за постојаната сепаленица, за саботите, за новомесечијата, за празниците, за свештените предмети и за жртвите за грев, за очистување на Израилот, и за сè што се врши во домот на нашиот Бог.
34. И фрливме жреб ние, свештениците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во одредено време секоја година да ги дотерува во домот на нашиот Бог, за да горат врз жртвеникот на Господа, како што е запишано во Законот.
35. Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво;
36. исто така – да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и ситниот добиток свој.
37. И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и елеј ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите при домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десетотк во сите градови, каде што имаме земјоделство.
38. При левитите, кога собираат левитски десеток, ќе има свештеник, син Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите одредени за клетови.
39. Зашто во тие простории како Израилевите синови, така и левитите се должни да носат сè, што се принесува како дар: жито, вино и елеј. Таму се и свештените садови, и свштениците што служат, и вратарите и певците. И ние нема да го оставиме домот на нашиот Бог.

11. Список на новите жители во градот и по полињата.

1. И се населија кнезовите народни во Ерусалим, а другите од народот фрлија жреб, за еден од десетте делови нивни да живее во градот Ерусалим, а деветте – во другите градови.
2. И народот ги благослови сите, кои доброволно се согласија да живеат во Ерусалим.
3. Еве ги старешините на земјата, што живееја во Ерусалим, – а во градовите на Јудеја сите живееја на својот имот, по градовите свои: Израилците, свештениците, левитите и Нетинејците, и синовите на Соломоновите слуги.
4. Во Ерусалим се настанија и некои од синовите Јудини и од синовите Венијаминови; од Јудините синови: Атаија, син на Озија, син Захариев, син Амариев, син Сафатиев, син Малелеилов, од синовите Фаресови,
5. и Масија, син на Варуха, син Колхозеев, син Хазаиев, син Адаиев, син Јоариев, син Захариев, син Еилониев.
6. Сите Фаресови синови, што живееја во Ерусалим, беа четиристотини и шеесет и осум, храбри луѓе.
7. А, еве, ги синовите Венијаминови: Силон, син Месуламов, син Јоадов, син Фадаиев, син Јолиев, син Масиев, син Етилев, син Јесеев,
8. и по него Гевеил Силиев – деветстотини и дваесет и осум.
9. Јоил, синот Захариев, беше началник над нив, а Јуда, синот Сенуиев, беше втор над градот.
10. Од свештениците: Јадија, син Јоариев, Јахин.
11. Сареја, син Елхиев, син Месуламов, син Садуков, син Мериотов, син Етодов, началник на Божјиот дом,
12. и нивните браќа, кои вршеа служба во Божјиот дом, – осумстотини и дваесет и двајца; и Адаија, син Јероамов, син Фалалиин, син Намасов, син Захариев, син Фасетуров, син Мелхиев,
13. и браќата негови, старешини на родовите – двесте четириесет и двајца; и Амесај, син Ездриилов, син Азаев, син Месилимотов, син Емиров,
14. и браќате негови, мажи воинствени – сто и дваесет и осум. Началник им беше Завадиил, син на големите.
15. А од левитите: Самаија, син Асувов, син Езрикамов, син Асавиин, син Воинин,
16. и Саватеј, и Јозавад од левитските началници за надворешни работи на Божјиот дом,
17. и Матанија, син на Миха, син Зехриев, син Асафов, водител при славословието, а Јуда на молитвата, и Вокхија, втор по него од браќата негови, и Авдија, син Самеев, син Галелов, син Идитунов.
18. Сите левити од светиот град беа двесте и осумдесет и четири.
19. А вратари: Акув, Теламин и браќата нивни, стражари при портите – сто и седумдесет и двајца.
20. Другите Израилци, свештениците и левитите, живееја по сите градови на Јудеја, секој во својот дел.
21. А Нетинејците живееја во Офел: над Нетинејците беа Сијај и Гесф.
22. Началник на левитите во Ерусалим беше Озиј, син Ваниин, син Савиев, син Матаниев, син Михаев од синовите Асафови, кои беа певци при службата на Божјиот дом;
23. зашто од царот имаше за нив посебна заповед, и беше одредена плата за певците за секој ден одредена.
24. И Фетеја, син Масиозавилов, од синовите на Зара, Јудин син, беше заменик на царот за сите работи, што се однесуваа на народот.
25. Од оние, пак, што беа по селата, на нивите свои, некои од Јудините синови живееја во Киријат-Арба и во нејзи потчинетите градови, во Диван и во потчинетите му градови, во Јекавсеил и во селата негови,
26. во Јесуја, во Молада и во Ветфалад,
27. во Асерсал, во Вирсавија и во градовите, нејзе потчинети,
28. во Секелаг, во Макне, и во нему потчинетите градови,
29. во Ремаон, во Сара и во Јеримут,
30. во Заиној, Одолам и селата нивни, во Лахис и полињата негови, во Азик и во потчинетите му градови; тие се беа сместиле од Вирсавија дури до Емоновата долина.
31. Синовите Венијаминови – почнувајќи од Гева, во Махмас до Ветил и во сите села негови,
32. во Анатот, Нов, Аниија,
33. Асор, Рама, Гетаим,
34. Адод, Севоим, Навалат,
35. Лида, Оно и во долината Сногијарасим.
36. Во деловите на Јуда и Венијамина свои населби имаа и левитите.

12. Имињата на свештениците и левитите. Осветување на градските ѕидови.

1. Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавела, синот Салатиилев, и со Исуса: Сараија, Јеремија, Ездра.
2. Амарија, Малух, Атуј,
3. Сеханија, Реум, Маримот,
4. Адија, Ренатон, Авија,
5. Мијамин, Мадија, Велга,
6. Семија, Јомарса, Идија,
7. Салуј, Амук, Хелкија, Одуија. Тоа се начланиците на свештениците и браќата нивни во дните на Исуса.
8. А левитите: Исус, Матанија, главен при славословијата, тој и браќата негови,
9. и Раквакија и Анај, нивни браќа, кои заедно со нив чуваа стража.
10. Исус го роди Јоакима, Јоаким го роди Елијасива, Елијасив го роди Јодаја,
11. Јодај го роди Јонатана, Јонатан го роди Адуја.
12. Во дните на Јоакима беа свештеници и старешини: од Сераиевиот дом – Мераија, од Јеремиевиот дом Ананија,
13. од Ездровиот дом – Месулам, од Амариевиот дом – Јонатан,
14. од Мелихуевиот дом – Јонатан, од Саваниевиот дом – Јосиф,
15. од Херимовиот дом – Адна, од Мерајотовиот дом – Елкај,
16. од Идовиот дом – Захарија, до Гинетовиот дом – Месулам,
17. од Авиевиот дом – Зехрија, од Мијаминовиот дом и Моадаевиот дом – Фелетиј,
18. ов Валгасовиот дом – самуеј, од Семиевиот дом – Јонатан,
19. од Јоаривовиот дом – Матанај, од Едиевиот дом – Озиј,
20. до Салаивиот дом – Калај, до Амаковиот дом – Авед,
21. од Еликиевиот дом – Асавија, од Једиевиот дом – Натанаил.
22. Левитите, старешините, беа запишани во списокот во дните на Елијасива, Јојада, Јоа, и Јоанана, и исто така и свештениците за царувањето на Дарија персиски.
23. Синовите Левиеви, племенските старешини се запишани во летописот до дните на Јоханана, Елијасивовиот син.
24. Началници на левитете беа: Асавија, Саравија, и Исус, Кадмиловиот син, и браќата нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, според наредбата на Давида, Божји човек, смена по смена.
25. Матанија, Ваквакија, Авдија, Месулам, Телмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните прагови.
26. Тие беа во дните на Јоакима, синот на Исуса, Јоседеков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, книжник.
27. Кога требаше да се осветуваат ерусалимските ѕидови, ги повикаа левитете од сите места, и им заповедаа да дојдат во Ерусалим, за да се изврши осветувањето и радосното празнување во славословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли.
28. Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Нетофатски,
29. и од – Галгал, и од полињата Гевски и Азмаветски, зашто певците си беа изградиле села во околината на Ерусалим.
30. И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и ѕидовите.
31. Тогаш ги изведов на ѕидот јудејските началници и поставив два големи збора певци, и едниот од нив одеше десно по ѕидот кон Гноишните порти.
32. По нив одеше Осија и половината јудејски началници:
33. Азарија, Ездра, Месулам,
34. Јуда, Венијамин, Семаија и Јеремија;
35. а од синовите свештенички со труби: Захарија, син на Јонатана, син на Семаија, син на Матанија, син на Михеја, син на Закхура, Асафов син,
36. и браќата негови: Самаија, Озиил, Гелол, Маја, Натанаил, Јуда и Ананиј со свирките на Давида, Божјиот човек, и книжникот Ездра пред нив.
37. До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Давидовиот град, по скалите, што водеа кон ѕидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток.
38. Другиот збор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од народот, по ѕидот од Кулата кај печката до широкиот ѕид,
39. и од Ефремовите Порти, покрај старите порти и Рибните Порти и кулата Анамеилова, и кулата Емат, кон Овчите Порти, и застанавме при Затворските Порти.
40. Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половина начланици со мене,
41. и свештениците: Елијаким, Масеја, Минијамин, Михеј, Елиоенај, Захарија и Ананија со трубите,
42. Масија, Семаија, Елеазар, Озиј, Јоханан, Мелхија, Елеамиј и Језур. А певците пееја високо; водач им беше Језрија.
43. Во тој ден се принесоа големи жртви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слушаше надалеку.
44. Во истиот ден беа поставени луѓе над одделите за приноси од првините и десетоците, за да собираат од нивите при градовите делови, поределени со Законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои стоеја,
45. и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа певци и вратари, според наредбата на Давида и синот негов Соломона.
46. Оти уште одамна, во дните на Давида и Асафа, беа установени главни певци, како и песна за Бога, пофални и благодарствени.
47. Сите Израилци во дните на Зоровавела и во дните на Неемија им даваа делови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им даваа посветена на левитите, а левитите им даваа посветена на Ароновите синови.

13. Неемија сосила ги отстранува разните злоупотреби.

1. Тој дена читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонитец и Моавец на смеат да влегуваат во Божјото општество дури до века.
2. Зашто тие не ги пресретнаа синовите на Израилот со леб и вода, а го најмија против него Валаама, за да го проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во благослов.
3. Кога го слушнаа тој закон, тие ги одделија од Израилот сè она што беше од друго племе.
4. А пред тоа свештеникот Елијасив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија,
5. одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, ливан и садови, и десеток од житото, виното и елејот, определени со закон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците.
6. Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по неколку дена пак се измолив од царот
7. Кога дојдов во Ерусалим и дознав за злото, што го беше направил Елијасив, определувајќи за Товија соба во дворот на Божјиот дом,
8. ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покуќнина на Товија надвор од собата,
9. и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садовите на Божјиот дом, лебниот принос и ливанот.
10. Дознав уште, дека на левитите не им биде давани деловите, и дека левитите и певците, што ја вршеа службата своја, се разбегале секој на нивата своја.
11. Јас ги искарав за тоа началниците и реков: „Зошто го напуштивме Божјиот дом?” И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни.
12. И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и зејтинот во одделите.
13. И ги поставив како настојници Селемија, и книжникот Садока, и Федаија од левитите, а при нив и Анана, синот Закхуров, син Матаниев, зашто се сметаа за верни. И таму беше наложено да раздаваат делови на браќата свои.
14. Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не ги бриши сесрдните работи мои, што ги напрвив за домот на мојот Бог и за службата при него!
15. Во тие дни видов во Јудеја, дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и товараат осли со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна.
16. И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим.
17. Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: „Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден?
18. Така правеа татковците ваши, та затоа Бог наш ги испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зголемувате гневот Негов против Израилот, осквернувајќи ја саботата.”
19. Потоа, штом ќе зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затворат вратите и порачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите ги поставија своите слуги, и никаков товар да не премине во саботен ден.
20. Така трговците и продавачите на секаква стока ноќеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим.
21. Но јас ги скарав строго и им реков: „Зошто ноќевате до ѕидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ќе ставам рака на вас.” Оттогаш тие не доаѓаа во сабота.
22. И им реков на левитите, да се очистат и да дојдат да чуваат стража при портите, за да го светат саботниот ден. Спомни ме и за тоа, Боже мој, и поштеди ме по големата Своја милост!
23. Во тие денови видов уште Јудејци, што си беа зеле жени азотки, амонитки и моавки;
24. и затоа синовите нивни зборуваа полу азотски, или според јазикот на другите народи, а по јудејски не знаеја да говорат.
25. Јас ги искарав за тоа и ги проколнував, а некои мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат ќерките свои за синовите нивни и да не ги земаат ќерките нивни за синовите свои и за себеси.
26. Нели поради тоа, си зборував, грешел и Соломон, царот Израилев? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Израилци; но, пак, другоземни жени го натераа во грев и него.
27. И можно ли ни е да слушаме за вас, дека го вршите сето тоа големо зло, бидејќи грешите пред нашиот Бог, земајќи другоземни жени?
28. Еден од синовите на Јоада, син на големиот свештеник Елијасив, беше зет на Санвалата Уротинат, Јас го изгонив од себеси.
29. Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски!
30. Така го очистив од сè другоземно и ги установив службите на свештениците и левитите, на секого во неговата работа,
31. и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро!